Програмирање за деца

Од која возраст децата треба да почнат да учат програмирање?

  • Вкупно гласачи
    46

mishevski

Неимар
Член од
20 јуни 2010
Мислења
105
Поени од реакции
169
Па ако не му е интересно нормлано дека нема да продолжи. Сигурно нема којзнае што да учат, основи.

Секое дете од помала возраст мора да научи како се работи во тим, да развие логичко размислување, да е способно да решава проблеми, да се навикне на промени. Затоа се повеќе гледаме и возрасни кои ги немаат развиено овие работи.
Како што има деца кои одат на математика или јазик исто е и тоа.

Од 8 години е ок детето ако сака да се занимава со ова и да почне да ги развива овие работи. И онака повеќе време од денот дремат на телефон и лесно прифаќаат нови технологии.

Подобро преку забава и игра да учи нешто, отколку да расправа муабети од баба му и дедо му.
Scratch е добар за помали деца. Овие другите над 12-14 години.
Целосно се служувам. Целта не е програмирање, per se, туку логичко размислување, креативност, алгоритми, решавање на проблеми. Како што кажа има возрасни што им фалат овие вештини.

Вториот дел е што сега новите генерации се претворени во конзументи на технологијата (ТикТок, Инстаграм) а треба да бидат креатори во вистинска смисла на зборот.

Нема ништо лошо од тоа преку игри децата да научат да користат компјутер, да прават презентации, да цртаат на компјутер, анимации, дури и мали игри. Мое мислење е дека според специјализирани програми (МИТ, Харвард) децата можат да почнат од 8 години со Scratch кој е доста визуелен јазик. Инаку има програми кои почнуваат од 6 години https://www.scratchjr.org/
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
А зошто го сфаќате како озбилно ова курсот за деца?
Исто е како математика што се вежба, оди на часови и развива логика.
Не значи дека ќе биде програмер.

Зошто да не проба на 8+ возраст?

Децата имаат проблем со математика зошто касно почнале, а кога веќе детето има основа е полесно.

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.830
Поени од реакции
39.141
Ако сите бидат програмери кои ќе бидат шофери, пекари, механичари?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.667
Поени од реакции
18.145
Целосно се служувам. Целта не е програмирање, per se, туку логичко размислување, креативност, алгоритми, решавање на проблеми. Како што кажа има возрасни што им фалат овие вештини.

Вториот дел е што сега новите генерации се претворени во конзументи на технологијата (ТикТок, Инстаграм) а треба да бидат креатори во вистинска смисла на зборот.

Нема ништо лошо од тоа преку игри децата да научат да користат компјутер, да прават презентации, да цртаат на компјутер, анимации, дури и мали игри. Мое мислење е дека според специјализирани програми (МИТ, Харвард) децата можат да почнат од 8 години со Scratch кој е доста визуелен јазик. Инаку има програми кои почнуваат од 6 години https://www.scratchjr.org/
Нашите средношколци моментално допираат дно во споредба со нивните врсници од остатокот од светот кога станува збор за математика. Ако од негде треба да се почне тоа е од тука. Друго, логичко размислување да, али преку игра и забава, ако збориме за мали деца. Оди лупни му синтакса и контролни структури и види колку ќе му биде забавно.
 
mishevski

Неимар
Член од
20 јуни 2010
Мислења
105
Поени од реакции
169
Нашите средношколци моментално допираат дно во споредба со нивните врсници од остатокот од светот кога станува збор за математика. Ако од негде треба да се почне тоа е од тука. Друго, логичко размислување да, али преку игра и забава, ако збориме за мали деца. Оди лупни му синтакса и контролни структури и види колку ќе му биде забавно.
Една од причините што на ПИСА тестовите за математичка писменост сме на дното е токму поради недостатокот на допир со математика (логика, алгоритми) во нашиот образовен систем. Децата се учат на две работи 1. да паметат факти 2. да не грешат. Овие две работи се во тотална спротивност со она што му треба на светот - решавачи на проблеми.

Првата моја порака ги опфаќаше двете обуки, едната ПрограмИграм™ во Scratch , другата за ПрограмИграм™ во HTML/CSS & Java Script , кои се исклучиво преку игра и забава. Лани ова време и јас бев малку скептик како децата ќе ја прифатат обуката. Син ми ја помина првата обука и се изненадив од желбата (негова и на другите деца) да оди на секој час. Значи тие не програмираа туку играа со програмирањето (затоа е нели ПрограмИграм ;)) и секој од учениците успеа до крај на обуката да си направи сопствена презентација, анимација или игра.

Значи не зборам за голо програмирање со наредби, алгоритми, туку за педагошка програма која се фокусира на креативно компјутерско образование по програма од педагошки институции како што е Harvard Graduate School of Education и MIT.
 
Напротив, не мислам дека има недостаток на математика во нашиот образовен систем (треба да го погледнеш шведскиот), проблем е начинот на кој таа математика им е доближена на учениците/студентите. Исто, проблем е и менталитетот на луѓето, тоа е најголемиот проблем мислам. Барем мојата генерација одеа во школо дека мора да се оди и ради дружба, не дека им се учеше нешто. Сите оделе на факултет, па ајде мораш и ти, без диплома ништо не бива. Ова е огромен проблем кај луѓето во државава, иста им е и логиката и на овие што отвараат теми на која академија за програмирање да се запишам, а на нет тони и тони материјали (книги и видеа).
 
Се сложувам.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Надвор од оваа тема е ова. Но имам приметено дека новиве генерации поима немаат од компјутер. Знаат само јутуб и толку, филм преку торент не знаат да симнат.

Ние уште како мали си имавме проблеми со компјутерот и гледавме како сами да си го решиме. Првин почна со драјверите, па како да кракираме игра, па ти јавило ерор мора нешто во систем да смениш, па режиш цедиња, па црткаш во пејнт и напредуваш во фотошоп, па мора да го форматираш и да му инсталираш виндовс, па приметуваш некои hello world и се заинтересируваш. Скоро сите ги поминавме овие работи и ги знаевме овие работи.

Сега скоро никој не знае за горенаведените работи. Одат само јутуб, фб и толку. Некако не го истражуваат компјутерот како ние што сме го истражувале. Изџвакано им е се скоро се и воошто денешниот компјутер не им предизвикува предизвик, возбуда како нас.

Нормално има исклучоци од деца, ама во глобала сите се такви.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.475
Поени од реакции
2.530

Неточно , и тогаш тие што не се интересираа немаа три ебани чисти од компјутери , ни сега тие што не се интересираат имаат.

Мене цела зграда ме сметаше за експерт за компјутери бидејќи знаев да режам це-диња и да спуштам и инсталирам игри и слично.Три ебани чисти немаа иако сите ги користеа компјутерите.Истата приказна е и сега , само можно е статистички повеќе да се разбираат од овие порано.
 
па имаш и програмери што немаат три чисти за компјутери освен тоа што го работат. Исто ко овие што знаат само јутуб и инста да користат така и овие само Visual Studio или слично IDE. Да си програмер не значи дека си компјутерски образован, уште помалце инженер како што сите се нарекуваат. Инженер е тој што ја дизајнира апликацијата, они се само ручни радници.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.190
Поени од реакции
14.468
Тоа да се учи од 5то одделение ваљда мислиш на задолжително во школо? Апсолутно против. Па види колку деца имаат проблем со математика, а не уште програмирање да им ставиш. Башка не може да им налагаш на сите програмирање да учат, стручен предмет ми е и право на избор треба да е.
Од 16 години веќе детето има претстава што сака да работи понатаму па океј е ако сака програмирање да почне и на 16. Башка што спомна Фросе, не мислиш дека кога ќе дојде време вистински да работи на програмирање детето ќе почне да чувствува замор и одбивност кон пишување и дебагирање кодови?
Башка не мислам дека ако дете почне со програмирање од мала возраст ќе биде многу подобар програмер од оние што почнале подоцна.

Музичко е еден вид релаксација, не споредливо ми е со програмирање. Имам допир и со двете.
Не знам како е наставната програма сега, но кога бев основно јас имав предмет информатика во (мислам) 7мо одделение.
Тогаш мс-дос имаше на компјутерите, и не ни памтам што точно учевме, основни команди беа за работа со терминал и што има во компјутерот.

Ако не се лажам и сега има некој таков предмет (задолжително) уште од 5то одделение.

Нема ништо лошо во тоа да ги запознаеш сите деца со компјутери и како функционираат, како да размислуваат логички, како да работат во тим, а во спротивно ќе останат неписмени за нешто што е апсолутно потребно во денешно време.

Немора да значи дека сите ќе станат сите програмери.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
Има голема дебата за тоа кога да се насочат децата во одредена насока, без разлика дали програмирање или медицина. Сега кај нас ова е предоцна направено, дури на факулет на 18 години. (Некој ќе речи дека демек од средно се насочувавме, шо не е точно. )
Според мене основно образование треба да е основно. "Дете" треба да научи шо е желудник, кај е јужна америка, шо се дропки, да слушни класична музика итн.
За фор циклуси да учи во основно е глупо (без разлика на членов шо пробува да се изрекламира скришно овде) и нема да има никаков бенефит во тоа дали детето ќе прерасни да биди успешен програмер на 24 години. Пример еве основачите на програмските јазици сигурно не учеле програмирање од 4 години.

Програмерскиот начин на размислување и решавање на проблеми е доста неприроден начин на размислување. Се ставаме ние и нашата безконечна човечка интелигенција во подредена улога на семоќното ама глупаво уредче наречено компјутер/компалер и пробуваме да најдиме начин како една глупава машина да ја научиме да прави нешто со помош на вештачка азбука составена од мали струјни импулси.
Математика од друга страна е уметност на искористување на нашето размислување до крајни граници, без да се секираме дали една машина може нешто да изврши или дали има доволно меморија. Во математиката можеме да баратаме со бесконечности и да го пишуваме ова апстрактно (чиниш бесконечноста е само еден знак) , од спротива во програмерската логика бесконечност значи грешка во алгоритамот, лимит за меморија итн инт. Ова го имам сфатено оти почнав да програмирам како сите на 20 години и веќе знаев што е функција пред да го научам компјутерот да ми реши функција.
Дете треба да знае да реши равенка x+1=2 пред да му е јасно дека x=x+1 има програмерска логика
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.718
Поени од реакции
35.177
Влегувате во крајности, идејата на ова е да почнат со Block Based Programming, не да куцаат функции и напредни математики.

Сигурно ако почнат да учат таква работа рано нема да станат како овој:

Идејата е да ја развиваат што е можно повеќе логиката (што голем дел од идиотските предмети што се учат им ја затупуваат).

Да не правиме муабет што целото образование е лошо поставено, особено со форсирање само на теорија (во голема мера застарена) и без никаква пракса, форсирање на задолжително средно образование, форсирање на гимназиско образование, 0 пракса на факултет па учат основи кога ќе се вработат и тн.

Јас пре би ги направил голем дел од предметите изборни: историја, ликовна уметност, музичко, би ги тргнал во целост тие некои дебилски предмети од типот на: веронаука и би поставил задолжителни предмети некои кои сега не постојат (особено кога веќе разбираат после 14та година) од типот: основи на анатомија и прва помош со практична примена, практични предмети за работи кои им требаат од секојдневен живот, практична економија, основни права и одговорности за секојдневен живот и тн.

Жално е што учиме преку 20 години, а имаме дупки во знаење со основни работи во секојдневен живот, сум видел луѓе кои имаат и положено за возачка дозвола, а не знаат една рана да преврзат.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.335
Поени од реакции
28.193
Ако сите бидат програмери кои ќе бидат шофери, пекари, механичари?
avtomatikata.

Jas mislam deka e vo red edno dete da pocne da uci programiranje vo petto oddelenie.
Duri i da ne se odredat za taa profesija, ke imaat osnovno znaenje, i ke odlucat sami dali sakaat da prodolzat so toa ili ne.
Vo sekoj slucaj, programiranje e daleku pokorisen predmet od geografija ili veronauka.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom