Надвор од оваа тема е ова. Но имам приметено дека новиве генерации поима немаат од компјутер. Знаат само јутуб и толку, филм преку торент не знаат да симнат.
Ние уште како мали си имавме проблеми со компјутерот и гледавме како сами да си го решиме. Првин почна со драјверите, па како да кракираме игра, па ти јавило ерор мора нешто во систем да смениш, па режиш цедиња, па црткаш во пејнт и напредуваш во фотошоп, па мора да го форматираш и да му инсталираш виндовс, па приметуваш некои hello world и се заинтересируваш. Скоро сите ги поминавме овие работи и ги знаевме овие работи.
Сега скоро никој не знае за горенаведените работи. Одат само јутуб, фб и толку. Некако не го истражуваат компјутерот како ние што сме го истражувале. Изџвакано им е се скоро се и воошто денешниот компјутер не им предизвикува предизвик, возбуда како нас.
Нормално има исклучоци од деца, ама во глобала сите се такви.
+1 за ова, прв допир со компјутер ми е на 5 години на 9 прв пат го форматирав мојот компјутер, само што светов драстично се менува. Веќе има дечки што во 5то одделение знаат графови и ДП и тоа солидно, не знам дали тоа е притисок од дома или генетика.
Инаку, не постои курс во МК, а да вреди да се запише, YouTube е најефтиниот и најквалитетниот извор што постои.
А за тоа дали треба на деца да се учи програмирање, многу пати ми се покажало дека само најупорните и умешни успеваат. Сепак, голем придонес во вештините на еден човек земаат и останатите науки, оти и таму има ако ништо друго барем убави концепти и терминологија која може да му се најде на секој кога повторно се среќава со некаков сличен проблем.
Бидејќи познавам многу дечки што од мали се навлезени, знам сите од прва интензивно, пред тоа претежно математика, можам да ги поделам на 2 типа во однос на тоа како јас го перцепирам нивниот развиток. Првата е онаа за која можеби тука повеќе се дискутира, за која секој сонува(и јас) ама не може, а тоа се оние најотсечните, најнапредните и талентирани. Овие деца се теорија и пракса на програмирањето, слободното време претежно го користат за решавање и учење, секогаш имат гориво за да работат на оваа проблематика бидејќи силно ги интересира, и можеби најважно, повеќе внимание посветуваат во пократок период со што добиле повеќе знаење, ги краси статус на упорни и се држат до концизен план. Другите с(м)е „баланс+“. Со пример кажано, во моментов повеќе посветувам внимание на физичко вежбање, отколку на цел факултет и програмирање воопшто, амбициите се просечни, присутноста на Кајгана/YouTube/Quora е поинтересна од присутноста на stackoverflow, а односот во програмирање е сигурно 1:10. Веројатноста дека првите ќе бидат поуспешни програмери е исто толку голема како и самиот однос, што е и очекувано, но сепак за некого жртвите што би требало да ги направат се преголеми за да стигнат на тоа ниво, јас си ги оправдувам моите постапки, знаејќи дека има и далеку помалку работливи и од мене, ризикот и конвертирањето на слободното време во "junk" е друга тема.
На крајот од денот секој сам одлучува за своите постапки, а за децата претежно родителите. Јас би сакал моето дете(ако имам лол) да ги следи моите чекори, а и да биде подобар никогаш не е на одмет. Генетика, среќа, предодреденост, англиски и тон математика за работа.