На времето во основно училиште кога имавме часови по информатика јас за прв пат дознав што е уствари компјутер, јас и уште 90% од соучениците. По тројца делевме еден компјутер во кабинетот по информатика. Во тие времиња се рачунаше за престиж имањето на компјутер, по што за тој стандард и цената на компјутерските конфигурации во тоа време, беше навистина скапо. Ми текнува на еден другар, дури од Скопје имаше нарачано компјутер па чекаше да му стигне. Тоа што бевме информатички необразовани во тоа време и нинтендото ни беше врвен технолошки дострел, не беше наша вина, 100 евра беше конфекциска плата на преку 30% невработеност.
Денес трагедија е да не се знае едноставен мејл да се прати. Имам праќано мејлови со проекти за на факултет во туѓо име. Интернетот не се само социјалните мрежи и тик-ток глупостите. Нам навистина ни недостига информатичка писменост за едноставни функции, камоли пак за напредни како што е програмирањето. Генерално јас би рекол дека математиката, информатика, англиски јазик, треба да се изучуваат што порано, со наставни програми во склад на возраста.