mishevski
Неимар
- Член од
- 20 јуни 2010
- Мислења
- 107
- Поени од реакции
- 170
Па ако не му е интересно нормлано дека нема да продолжи. Сигурно нема којзнае што да учат, основи.
Секое дете од помала возраст мора да научи како се работи во тим, да развие логичко размислување, да е способно да решава проблеми, да се навикне на промени. Затоа се повеќе гледаме и возрасни кои ги немаат развиено овие работи.
Како што има деца кои одат на математика или јазик исто е и тоа.
Од 8 години е ок детето ако сака да се занимава со ова и да почне да ги развива овие работи. И онака повеќе време од денот дремат на телефон и лесно прифаќаат нови технологии.
Подобро преку забава и игра да учи нешто, отколку да расправа муабети од баба му и дедо му.
Scratch е добар за помали деца. Овие другите над 12-14 години.
Целосно се служувам. Целта не е програмирање, per se, туку логичко размислување, креативност, алгоритми, решавање на проблеми. Како што кажа има возрасни што им фалат овие вештини.
Вториот дел е што сега новите генерации се претворени во конзументи на технологијата (ТикТок, Инстаграм) а треба да бидат креатори во вистинска смисла на зборот.
Нема ништо лошо од тоа преку игри децата да научат да користат компјутер, да прават презентации, да цртаат на компјутер, анимации, дури и мали игри. Мое мислење е дека според специјализирани програми (МИТ, Харвард) децата можат да почнат од 8 години со Scratch кој е доста визуелен јазик. Инаку има програми кои почнуваат од 6 години https://www.scratchjr.org/