Се работи за постара куќа. Куќата не се користи и од тие причини решив да ја исклучам скроз струјата. Одам во ЕВН и пријавувам дека сакам броилото скроз да се исклучи, да не ми стигнуваат никакви сметки. Ајде пополнив едно барање, кое фино лепо си го платив 800 денари. Таман поминува месецот, ете ми сметка повторно. Ајде повторно правец ЕВН, одам со сметката во раце и прашувам „што значи оваа сметка, ако веќе сум платила 800 денари барање, за да не ми стигнуваат сметки веќе, т.е. предмет на исклучување. Теткицата таму ми одговара „чекај де, мислиш то така е“.
Притисокот 500, а како треба да е? Фино лепо платив за да ме исклучат, што треба да направам да не ми пристигнуваат сметки? Да ги тужам?? Или давајте предлог.