Сега доаѓам од протестот што се одржа денес. Не знам дали некој пишал пред мене зошто немам време да ги листам страните назад. Ќе кажам само што беше кажано таму.
Прво да информирам дека треба на стотројка да оди во програма <EDITED> утре од 10 до 12 00 <\EDITED> часот емисија за сите овие случувања....може кој сака да се јави, да праша што го интересира, да даде мислење или предлог.....
--- надополнето: Jun 9, 2011 8:25 PM ---
Инаку друго што беше заклучено е:
- Утре да се излезе со соопштение до сите медиуми, во кое јасно ќе се стави на знаење дека протестите не се поврзани со НИЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА.
- Ќе се излезе со листа на барања, мислам дека беа 11 точки. Тоа всушност ќе биде и целта на протестите во иднина.
- Ќе се направи петиција за оставка(неизбирање) на актуелната министерка за внатрешни работи. Така да еве шанса на сите кои од разни причини не можат да учествуваат на протести, да дадат придонес кон истите.
Инаку утре во Скопје кај споменикот на Мајка Тереза, настаните ќе започнат од 12 на пладне (барем така кажаа), а главниот настан т.е протестите ќе започнат од 18 00.
Од 18.30 ќе има и навивачки протести како што кажаа, така да најверојатно ќе има окрупнување на масата...
Најбитно што се кажа е дека нашите протести се НЕНАСИЛНИ, и ако евентуално се случи некаков инцидент утре од страна на навивачите, сите оние кои протестираат од наша страна да не земаат учество во такви дејствија.
И да, главното...да се излезе во што поголем број...и сите што сакаат, да ја потпишат петицијата кога истата ќе биде достапна...се надевм во најбрз можен рок.
Ќе заборавев....има информации дека на фб се појавиле некакви групи дека протестите се откажуваат и не знам што...тоа е само за да се одвратат луѓето да присуствуваат на протестите, така да тие информации воопшто не се точни. (Немам фб да проверам, само кажувам како сум информиран).
Поздрав, и утре...и во наредните денови...во што поголем број на протести