Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
@ZOTE Доколку сакаат да ја изманипулираат јавноста тоа ќе го направат на многу покомплексен начин. По неговото јавно ''затворање'' и осудување на 16 години затвор, тој човек 2 дена по пристигнувањето ќе добие нов идентитет, ново место за живеење и ќе биде пријавен како да ја одлежува казната. Холивуд на страна, наше е да го изразиме својот револт, да покажеме дека нема место за насилство во нашава држава и дека нема место за ескивирање од проблеми. Сите сме одговорни еднакво пред закон. Тоа е пораката што треба да ја испратиме преку протестот.

И не е воопшто вкусно да се политизира проблемов, поради тоа што истиов нема никаква врска со политиката.
Јас не знам што ќе се случи но ги памтам примерите од 1991 па до сега кој се многу на број слични на овој. Како ќе се изведе тоа не знам туку као што кажав никој не верува дека полицаецот ќе биде осуден. Дали тој полицац знае некој тајни, или има врски или нешто друго е во прашање може да се нагаѓа но како се одвива настаните до сега никој не верува во правда па затоа џабе протестирате.
 

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Ај смирете ги страстите и оф топиците ... делам банови на по 7 дена и за најмало занесување (ко нешто во кривина) ќе почнам со поголеми банови ќе треба специјалци да викате на помош ...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Тука се поставува прашање и дали ако кучето им за'ржи на полицајците, тоа може да го сметаат како давање отпор.
Патем, што сорта е кучето за да имаме појасна претстава, нели, да не зборуваме без факти?
Изјава на сведок не е факт, така да ќе мора да достави слика во два примерока(не-фотошопирана), потврда за редовни прегледи на ветеринар, е-маил и извод дека е кучето родено(кај го знаеш, може не е)
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Ма не, само сум реален. Целосна фундаментална промена околу едно убиство на 23 годишен цивил?? Нема шанси, види ги Египет, им требаше 30 години угнетувања и убивања и апсења на секој против за да им текне да променат нешто.
Не е едно брат. А тоа дали се' ќе се заборави, зависи само од нас.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Тоа и ќе се случи верувај, ова многу брзо ќе се заборави и тоа е лошо.
Добро, не можеш да очекуваш дека ќе бидеме во константна состојба на протести и дека чуда ќе се случат, но мене ме радува што млади луѓе успеаја да се самоорганизираат спонтано и брзо и да покажат дека не сме безкичмењаци. Дури сум и пријатно изненаден, не очекував.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Сега ја гледате последицата од амбасадата на Кале - ние сме како Бахреин. Ако утре има протести можат и со снајпери да убиваат луѓе, нема ниту некој да дознае нешто ниту пак некој ќе биде одговорен.
Ма не, само сум реален. Целосна фундаментална промена околу едно убиство на 23 годишен цивил?? Нема шанси, види ги Египет, им требаше 30 години угнетувања и убивања и апсења на секој против за да им текне да променат нешто.
Ајдеее, Бахреин, Египет....

А Британија?

 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Можеби, не ја следам дискусијата од почеток, само коментирав на повиците за групно санкционирање на сите кој ја носат таа униформа.
Според мене секој треба да одговара за своите сопствени постапки, не се должни колегите на тој полицаец да сносат одговорност за нешто кое тој го сторил.
Да, треба.
За прикривање, соучесништво, дезинформации и еден куп други работи за кои не сум правник да ги дефинирам, но се јасни.
Секако, до следниот случај и следниот испад на “колегијалност.„
А во тој случај може на другиот крај на стапот да си и ти. И јас и било кој тука.
Бидејќи кофите се џелати кај нас, а и лешеви исчезнуваат во Вардар...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Добро, не можеш да очекуваш дека ќе бидеме во константна состојба на протести и дека чуда ќе се случат, но мене ме радува што млади луѓе успеаја да се самоорганизираат спонтано и брзо и да покажат дека не сме безкичмењаци. Дури сум и пријатно изненаден, не очекував.
И мене ме радува искрено,се додека не видам политичари
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Многу ме интересира дали Бубу би ги бранела вака жестоко полициските специјалци,доколку по некоја случајност,во 5 часот наутро додека го шета кучето, ја сопрат и проценат дека таа, со нејзините подочњаци, бушава коса и распар тренерки, претставува закана за нивната безбедност, па ја измлатат а мртво(бидејки нели според Бубу специјалците имаат право да тепаат кога така ќе проценат)
Да ги читаше сите мои постови, ќе прочиташе дека ми се случило тоа, и дека не им дадов никаков повод физички да ме допрат, не да ме малтретираат, ама затоа психички ме малтретираа. Јас не знам зошто ги извртувате моите постови, никаде не ја оправдав постапката на специјалецот, напротив, секаде го осудив, а побарав да не се обвинува целата полиција како систем, туку овој копук индивидуално да си одговара за тоа што го направил.
И да не се повторувам читај назад.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Добро, не можеш да очекуваш дека ќе бидеме во константна состојба на протести и дека чуда ќе се случат, но мене ме радува што млади луѓе успеаја да се самоорганизираат спонтано и брзо и да покажат дека не сме безкичмењаци. Дури сум и пријатно изненаден, не очекував.
Ама размисли какво влијание ќе имаат овие протести и дали ќе бидат краткотрајни или долготрајни, стравувам дека единственото нешто што ќе се смени е претпазливоста на алфите додека тепаат и ништо друго...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Барселона, интервенција врз група која е решена да протестира ненасилно (гледав повеќе видеа, ги сотреа од ќотек).
Чисто како потврда дека не сме саде ние, не сме саде тука.​
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Полицијата е тука да тепа (иронизирам). Обичниот народ (треба) да е тука да го спречи тоа
 
Член од
28 октомври 2008
Мислења
15
Поени од реакции
9
И сега, што правиме, откако јас волку небитна за оваа земја признавам дека не сум била информирана околу пресовите на надлежните? Што правиме што сум се обидела неемотивно да го сфатам убиството (жал ми е, не сум емотивна ниту за лични проблеми)? Што правиме што се обидувам да бидам објективна, и само поради тоа не се ни обидувам да гледам ТВ за да ги слушам срањата на А1 и Сител?

И откако ете, јас си го признав тоа, што правиме? Ќе ја расформираме полицијата? Ќе забраниме да постои полиција? Ќе ги линчуваме сите полицајци? Што ќе правиме? Јас би сакала да го дочека исходот од обвинението кон момчето, и ако овој полицаец случајно добие казна за ,,убиство од небрежност,, тек тогаш ќе излезам и ќе протестирам и ќе палам и ќе кршам. Ама сега? Не гледам причина да протестирам, ниту мирно.

Никаде не е розево. Во ниту една земја.

Јас само имам разбирање дека оваа земја е долго долго време држена во заложништво, и тој што е на власт прави обиди тоа да се промени, а кој работи тој и греши. Грешка можеби е формирањето на ваква единица, и уште поголема грешка што било кој добил работа таму.

Но, познавам и добри полицајци, посветени на работата, познавам полицајци кои умреа за ти мирно да спиеш, познавам полицајци кои секојдневно си го ризикуваат животот за да се расправаат со секакви криминалци.

Затоа не можам да ја обвинам целата полиција, и не можам да ја осудам целата полиција.

За сите вакви говеда, како овој тигар, најстрога казна. За да им се исчисти образот на оние кои чесно и посветено си ја работат работата.
Ditto!
Се разбира дека неможеме без полиција, полицијата е сервис на градот и да ИМА многу професионални ПОЛИЦАЈЦИ но досега, заклучувајќи од мојте искуства нема професионални АЛФИ.
Пак го кажувам истото за да прочиташ бидејќи има премногу постови и е тешко да се следат сите.
Погледни колку ПОЛИЦИЈА, не АЛФИ има низ градот, мислам дека тие се повеќе од доволно да го чуваат јавниот ред и мир.
Мое мислење и став е дека воопшто нема потреба од таа "специјална" единица, треба способните и професионални Алфи што си ја сакаат работата и работат морално и етички (иако мислам дека не постојат, можеби грешам) да станат инспектори или нешто слично во рамките на веќе постоечките органи за чување на јавен ред и мир.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom