Не се обидувам да извртам ништо, само ја согледувам ситуацијата онаква каква што е. На самиот почеток, односно во првата изјава со која се појави Котевски/МВР, беа наведените искази. Но сето тоа се смени откако ги добија резултатите на вештакот. Значи првата изјава можеби беше грешка или беше според дадените извештаи на полициските службеници кои вечерта биле таму, а кои сега е веќе сосема јасно се обиделе да се покријат меѓу себе. Но после МВР веднаш се поправи кога имаше официјални информации од вештакот. ЗАТОА ТРЕБА ДА СЕ ЧЕКААТ И СЛЕДАТ СИТЕ ИНФОРМАЦИИ, А НЕ ДА СЕ ПОДГРЕВА АТМОСФЕРАТА СО ШПЕКУЛАЦИИ.
Јавноста овде сака се' да и биде точно кажано во истиот момент. Како да не разбираат што е тоа истрага. 3а да им се каже нешто истовремено, нашиве портпароли излегуваат и кажуваат неофицијални информации што мислам дека е грешка.
Ако некој треба да даде оставка -- а јас сум цврсто против оставка бидејќи нема основа за такво нешто -- тогаш тоа е Јанкуловска (која се уште не е назначена за министерка) и тоа од морални причини. А никако заради шпекулации дека МВР прикривало докази и лажело. И никако пред да се реши случајот.
И како тоа "што" за земените искази? Па тоа ти кажува дека МВР си ја врши својата работа бидејќи сите сведоци се земени во обзир речиси веднаш. Да не беше сторено тоа, ќе држеше вода твојата критика, но не е така.
Никаков спин нема тука, само разум. Кажаното од Котевски беше првично такво бидејќи и него така му било кажано од полицајци кои се обидувале да се покријат. Сите тие сега се под истрага. И тука важи истото што го напишав погоре. Единствена грешка е што Јанкуловска, Груевски па и Котевски не излегоа први со сочуство пред сите, а дури отпосле да го третираат Мартин како случај. За да се расветли случајов треба да се има трпение и да се слушнат сите страни на приказната, а не да се вршат политички притисоци и да се прават искривени слики.
Не знам што се чудиш околу идентификацијата, немал лична карта или било каков друг документ. Единиствениот начин да го идентификуваат биле преку отисоци од прсти кои ги имале со оглед на тоа што имал проблеми со законот претходно.
И ало, семејството на Мартин е во жалост, не може да се соземе а такви како тебе не им давате мир. Ако сме стасале до ова да згасне млад живот заради политика, тогаш и ние не треба да постоиме. Како да не сваќате дека со вакви коментари и испади им стварате само поголема болка наместо да им пружиме поддршка.
P. S. Патем, собери си го јазикот кога ми се обраќаш бидејќи имаш опомена пред бан.