realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
Бидејќи спорот со името во наредниот период до почетокот на изборите ќе биде главната тема каде што ќе се кршат копјата на претседателските кандидати, ја отварам ова тема за да на едно место ги ставиме сите нивни ставови и изјави кои се однесуваат на ова горлива проблематика.
Ѓорѓе Иванов и ставот околу името:
Прашањето за името бил проблем на Америка, оценува Иванов
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, минатиот викенд го даде своето прво големо интервју во кое тој ги изнесува своите ставови за најгорливите прашања за Македонија. Интервјуто (www.radioilinden.com.au) го даде за Радио Илинден на македонските иселеници од Мелбурн, Австралија. Какви се ставовите, оцените и политичката реторика на Иванов, кој според сите анкети е фаворит на овие претседателски избори.
Иванов за проблемот со името дава противречни изјави. Тој најпрвин вели дека „бидејќи ’бивша југословенска’ е состојба, а не е назив, останува единствено за нас дека сме Република Македонија и дека на тоа треба да истраеме“. Меѓутоа, малку понатаму вели: „Водиме преговори, сакаме да најдеме решение, меѓутоа има работи преку кои не се може“.
Конфузност во ставовите на Иванов е присутна и во неговата оцена околу положбата во која се наоѓа нашата земја по недобивањето покана од НАТО.
„Прашањето за името Македонија веќе не е проблем на Македонија, тоа е проблем на самата Америка. Бидејќи Америка во својата досегашна историја немала таков случај на толку длабока навреда и толку некој да ја засрами кога утрото претседателот на Америка кажа дека Македонија, Албанија и Хрватска ќе влезат во НАТО, а веќе вечерта таа одлука некој да ја промени, кажува дека веќе тоа е проблем и на самата Америка и проблем на самиот НАТО, тоа е нивни проблем“, е неговата оцена во која тој балкански ја глорифицира улогата на Америка и покажува непознавање на односите меѓу Грција и светската суперсила кои отсекогаш биле добри.
Балкански национализам, отсуство на модернизам во политичките погледи и отсуство на свест за новите политички предизвици кај Иванов може да се забележат и во некои негови натамошни констатации за спорот околу името.
„Името ни е на некој начин нешто што нашите предци - умрените го оставиле на нас живите да го зачуваме за најродените, не е тоа само име, фирма или назив, па да го промениме, тоа за нас е многу повеличествено, нешто што не' одржало во живот и сега ако нашиот идентитет е прашање на живот, каков е тој компромис кога треба вие да бидете полужив, нелогичен е, апсурден е спрема нас“, вели тој.
Во интервјуто Иванов покажува и дека тој како кандидат со најголеми шанси за претседател нема прецизна претстава за хронологијата на грчко-македонскиот спор и дека за прашања за кои треба да има увид во владините документи тој се потпира само на медиумски извештаи. Исто така, покажува и дека не е информиран оти Грција ја напушти првичната позиција да го нема во новото име зборот „Македонија“ и дека сега се согласува на географска определница.
Тој вели: „Меѓутоа, сега нивниот (грчкиот) став е дека тие во ништо не попуштаат, а ние сме тие што треба да попуштат, и тука е веќе рововска битка и до Букурешт постоеше добра волја да се направат отстапки, да се направи нешто, другата страна кажа дека не може и така пренесоа медиумите дека може единствено Република Скопје (Македонија)“.
Интересно е што Иванов, сакајќи да ја нападне политиката на левите сили околу името и особено на претседателот и поранешен премиер Бранко Црвенковски, констатира дека „нашиот став дека времето работи за нас и останување во една комотна позиција дека не' признале 120 земји под уставното име создаде една клима кога бевме матирани за време на Букурешт пред приемот во НАТО...“
Меѓутоа, фактот дека македонското уставно име е во употреба со 120 земји го користи и Владата, која стои зад кандидатурата на Иванов, и тоа како аргумент дека оваа бројка значи дека треба да ни остане името Република Македонија.
Во врска со проблемот со името, Иванов вели и „дека никој нема право да бара промена на името на една земја, бидејќи во историја на дипломатија, во историја на меѓународни односи во меѓународното право не постои акт, документ, институција, процедура која може да ви наметне да си го промените името, значи сите аргументи се на наша страна“.
Иванов во интервјуто дели комплименти за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и јавно му се додворува на премиерот Никола Груевски со оцена дека „откога во Македонија на власт е ВМРО-ДПМНЕ и Владата ја предводи лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски дојде до одредена промена која сите што и' мислиме добро на Македонија ја почувствувавме“.
Но, веднаш потоа дава сосема спротивна оцена, велејќи: „Сега сме ние во еден заглавен лифт, блокирани сме и имаме некој статус на блокирана земја, тука е сега големата опасност, бидејќи сами знаете кога ќе заглавите во лифт, во даден момент почнува ксенофобија, почнува страв и почнува меѓусебно пресметување“.
Иванов наместо со јасни политички оцени за досегашниот период, се служи со конфузни и нејасни констатации, многу патетика и реторика несвојствена за иден претседател. „Она што на другите им одело лесно, кај нас одело со мака, сите работи со мака сме морале да ги изведуваме докрај. Дедо ми, Бог да го прости, велеше и затоа сме Македонци оти маката и во името ни ја ставиле, се' со мака да ги гледаме нашите соседи со каква леснотија влегоа во НАТО, ЕУ како доаѓаат кај нив странски инвеститори, кај нас се' тоа е со мака“, вели тој.
Кај Иванов не изостануваат ниту оцени за светски заговор против нашата земја, кој постојано во изминатиот период ги соопштуваат маргинализирани политички структури. „А, со влезот во ЕУ, Македонија можеби ќе добие од сите најмногу и затоа ни се попречува тој влез, затоа што со ЕУ се остварува сонот на сите наши предци сите Македонци на Балканот да живеат без граници“, вели тој.
Од друга страна, со зборови и оцени како што се „матирани во Букурешт“ и „изроди кои не и' мислат добро на Македонија“, што ги користи во интервјуто, Иванов покажува лимитиран политички речник.
Античките сознанија за потеклото на нашата земја Иванов ги нарекува „фасцинантни“, иако е нејасно што е толку фасцинантно во антиката, бидејќи е тоа историја што ја учеа многу генерации претходно во нашата земја, а Владата со денешните активности не дојде до никакво ново грандиозно откритие.
Извор