Претседателските кандидати и ставот околу името

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Бидејќи спорот со името во наредниот период до почетокот на изборите ќе биде главната тема каде што ќе се кршат копјата на претседателските кандидати, ја отварам ова тема за да на едно место ги ставиме сите нивни ставови и изјави кои се однесуваат на ова горлива проблематика.

Ѓорѓе Иванов и ставот околу името:

Прашањето за името бил проблем на Америка, оценува Иванов

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, минатиот викенд го даде своето прво големо интервју во кое тој ги изнесува своите ставови за најгорливите прашања за Македонија. Интервјуто (www.radioilinden.com.au) го даде за Радио Илинден на македонските иселеници од Мелбурн, Австралија. Какви се ставовите, оцените и политичката реторика на Иванов, кој според сите анкети е фаворит на овие претседателски избори.

Иванов за проблемот со името дава противречни изјави. Тој најпрвин вели дека „бидејќи ’бивша југословенска’ е состојба, а не е назив, останува единствено за нас дека сме Република Македонија и дека на тоа треба да истраеме“. Меѓутоа, малку понатаму вели: „Водиме преговори, сакаме да најдеме решение, меѓутоа има работи преку кои не се може“.

Конфузност во ставовите на Иванов е присутна и во неговата оцена околу положбата во која се наоѓа нашата земја по недобивањето покана од НАТО.

„Прашањето за името Македонија веќе не е проблем на Македонија, тоа е проблем на самата Америка. Бидејќи Америка во својата досегашна историја немала таков случај на толку длабока навреда и толку некој да ја засрами кога утрото претседателот на Америка кажа дека Македонија, Албанија и Хрватска ќе влезат во НАТО, а веќе вечерта таа одлука некој да ја промени, кажува дека веќе тоа е проблем и на самата Америка и проблем на самиот НАТО, тоа е нивни проблем“, е неговата оцена во која тој балкански ја глорифицира улогата на Америка и покажува непознавање на односите меѓу Грција и светската суперсила кои отсекогаш биле добри.

Балкански национализам, отсуство на модернизам во политичките погледи и отсуство на свест за новите политички предизвици кај Иванов може да се забележат и во некои негови натамошни констатации за спорот околу името.

„Името ни е на некој начин нешто што нашите предци - умрените го оставиле на нас живите да го зачуваме за најродените, не е тоа само име, фирма или назив, па да го промениме, тоа за нас е многу повеличествено, нешто што не' одржало во живот и сега ако нашиот идентитет е прашање на живот, каков е тој компромис кога треба вие да бидете полужив, нелогичен е, апсурден е спрема нас“, вели тој.

Во интервјуто Иванов покажува и дека тој како кандидат со најголеми шанси за претседател нема прецизна претстава за хронологијата на грчко-македонскиот спор и дека за прашања за кои треба да има увид во владините документи тој се потпира само на медиумски извештаи. Исто така, покажува и дека не е информиран оти Грција ја напушти првичната позиција да го нема во новото име зборот „Македонија“ и дека сега се согласува на географска определница.

Тој вели: „Меѓутоа, сега нивниот (грчкиот) став е дека тие во ништо не попуштаат, а ние сме тие што треба да попуштат, и тука е веќе рововска битка и до Букурешт постоеше добра волја да се направат отстапки, да се направи нешто, другата страна кажа дека не може и така пренесоа медиумите дека може единствено Република Скопје (Македонија)“.

Интересно е што Иванов, сакајќи да ја нападне политиката на левите сили околу името и особено на претседателот и поранешен премиер Бранко Црвенковски, констатира дека „нашиот став дека времето работи за нас и останување во една комотна позиција дека не' признале 120 земји под уставното име создаде една клима кога бевме матирани за време на Букурешт пред приемот во НАТО...“

Меѓутоа, фактот дека македонското уставно име е во употреба со 120 земји го користи и Владата, која стои зад кандидатурата на Иванов, и тоа како аргумент дека оваа бројка значи дека треба да ни остане името Република Македонија.

Во врска со проблемот со името, Иванов вели и „дека никој нема право да бара промена на името на една земја, бидејќи во историја на дипломатија, во историја на меѓународни односи во меѓународното право не постои акт, документ, институција, процедура која може да ви наметне да си го промените името, значи сите аргументи се на наша страна“.

Иванов во интервјуто дели комплименти за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и јавно му се додворува на премиерот Никола Груевски со оцена дека „откога во Македонија на власт е ВМРО-ДПМНЕ и Владата ја предводи лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски дојде до одредена промена која сите што и' мислиме добро на Македонија ја почувствувавме“.

Но, веднаш потоа дава сосема спротивна оцена, велејќи: „Сега сме ние во еден заглавен лифт, блокирани сме и имаме некој статус на блокирана земја, тука е сега големата опасност, бидејќи сами знаете кога ќе заглавите во лифт, во даден момент почнува ксенофобија, почнува страв и почнува меѓусебно пресметување“.

Иванов наместо со јасни политички оцени за досегашниот период, се служи со конфузни и нејасни констатации, многу патетика и реторика несвојствена за иден претседател. „Она што на другите им одело лесно, кај нас одело со мака, сите работи со мака сме морале да ги изведуваме докрај. Дедо ми, Бог да го прости, велеше и затоа сме Македонци оти маката и во името ни ја ставиле, се' со мака да ги гледаме нашите соседи со каква леснотија влегоа во НАТО, ЕУ како доаѓаат кај нив странски инвеститори, кај нас се' тоа е со мака“, вели тој.

Кај Иванов не изостануваат ниту оцени за светски заговор против нашата земја, кој постојано во изминатиот период ги соопштуваат маргинализирани политички структури. „А, со влезот во ЕУ, Македонија можеби ќе добие од сите најмногу и затоа ни се попречува тој влез, затоа што со ЕУ се остварува сонот на сите наши предци сите Македонци на Балканот да живеат без граници“, вели тој.

Од друга страна, со зборови и оцени како што се „матирани во Букурешт“ и „изроди кои не и' мислат добро на Македонија“, што ги користи во интервјуто, Иванов покажува лимитиран политички речник.

Античките сознанија за потеклото на нашата земја Иванов ги нарекува „фасцинантни“, иако е нејасно што е толку фасцинантно во антиката, бидејќи е тоа историја што ја учеа многу генерации претходно во нашата земја, а Владата со денешните активности не дојде до никакво ново грандиозно откритие.

Извор
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Прозор неможам да отворам, да излувтирам, тоа фабриките на Бранко димат ли димат.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.007
Поени од реакции
5.623
Прозор неможам да отворам, да излувтирам, тоа фабриките на Бранко димат ли димат.
Па кога ќе видиш `оџак` како Утрински:)

Или, оџак ала Нано Ружин... Je parle français bien.

Бирај си...

Некој сменал потпис?? Зошто??

Папата повеќе плаќа???

И така, пчелите летаат, од цвет на цвет....
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.007
Поени од реакции
5.623
Некој има задача да минира теми ?? Зошто??

Затоа што Иванов рекол дека спорот со името е проблем на Америка ?
Па проблем и на Америка е..Не реков не, француз...Кога стратегиските замисли на УСА, беа минирани од страна на оној крмакон Караманлис...

Д потпис ис бек!!!

Експресно, аферим...
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.920
Поени од реакции
2.156
Некој има задача да минира теми ?? Зошто??
Задачи? Можеби ова ќе ти дојде како изненадување ама не секој има задачи зададени од партијата за да пишат на форум. Сигурно си имал силен напад на сарказам кога си го смислил никот што го имаш на форумот.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Се прашувам ЛуБчо зошто се откажа оД Трката за Метрополата Скопје...Да не е истата судбина како и Слаѓана Тасева: поради нелојална Конкуренција...:pos2:
А таман мислев да гласам за него..али ај у следна прилика:tapp:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Па проблем и на Америка е..Не реков не, француз...Кога стратегиските замисли на УСА, беа минирани од страна на оној крмакон Караманлис...

Д потпис ис бек!!!
Епа има една нова вест која ти и Иванов сеуште ја немате слушнато:

Буш не е веќе претседател на Америка, а Македонија и спорот со името се длабоко во тетратката со приоритети на новиот претседател Обама.


Се надевам дека информацијава ќе ви биде од корист :)


P.S
Јеаа...ис бек.
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Реален ај кога си толку реален те молам одговори ми на многу едноставно прашање.КАКО СДСМ КЕ ЈА ВНЕСЕ МАК.ВО ЕУ АКО Е НА ВЛАСТ ХИПОТЕТИЧКИ КОГА ГРЦИЈА ГО ПРОБЛЕМАТИЗИРА МАК.ИДЕНТИТЕТ СО ТИЕ ПОД ТОЧКИ КПОГА ЗАЕВ ОБЈАВИ ДЕКА СТАВОТ НА СДСМ Е ИМЕ СО ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА НО СО ЗАЧУВАН ИДЕНТИТЕТ.ЈАЗИК И КУЛТУРАТе молам просветли ме
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Реален ај кога си толку реален те молам одговори ми на многу едноставно прашање.КАКО СДСМ КЕ ЈА ВНЕСЕ МАК.ВО ЕУ АКО Е НА ВЛАСТ ХИПОТЕТИЧКИ КОГА ГРЦИЈА ГО ПРОБЛЕМАТИЗИРА МАК.ИДЕНТИТЕТ СО ТИЕ ПОД ТОЧКИ КПОГА ЗАЕВ ОБЈАВИ ДЕКА СТАВОТ НА СДСМ Е ИМЕ СО ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА НО СО ЗАЧУВАН ИДЕНТИТЕТ.ЈАЗИК И КУЛТУРАТе молам просветли ме
Прашај го Емилијан :)
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Вадење делови од интервју, и целосно пренасочување надвор од контекст...Кутрински пробале, ама не им успеало.

Реален, а што не ги постираш и ставовите на другите кандидати?

Ставот на Иванов е јасен...што е со твојот фаворит, Нано? Каде е ставот на Љубе? Каде е на Фрчко? Каде е на Селмани?

Многу „реална“ тема од човек кој е „реален“

Меѓу останатото да потсетам:

Киро Глигоров:

“Еден ден министерот за внатрешни работи Фрчкоски ми предложи да примам некои соработници од Службата, за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни колеги од Грција и дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, подготвени се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари.

( извадок од книгата Македонија е се` што имаме).
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.007
Поени од реакции
5.623
Епа има една нова вест која ти и Иванов сеуште ја немате слушнато:

Буш не е веќе претседател на Америка, а Македонија и спорот со името се длабоко во тетратката со приоритети на новиот претседател Обама.


Се надевам дека информацијава ќе ви биде од корист :)


P.S
Јеаа...ис бек.
И што треба да направи Иванов??? Да му провали во Белата куќа и да му го пиши тоа на првата страна од тетратката?

И тоа, тајно..Без да го сетат нашиве јужни хомосапиенси, зошто одма ќе се збунат дека тоа е мешање во Политиката на Америка, а Фрле со дружината безкичмењачни послушници Героскус и Утрински смешник да почнат да тролаат??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom