кцхсхт
македоноид
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 341
- Поени од реакции
- 9
Бакојани покажа дека Грција само симулирала преговори
Охрид, 20 февруари (МИА) – Изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани на форумот на Фондацијата „Костас Караманлис“, практично покажа дека Грција цело време имала стратегија да ја блокира Македонија во нејзините евроатлантски интеграции и оти само симулирала преговори, односно дека вистински преговори немало, изјави денеска премиерот Никола Груевски на маргините на конференцијата „Македонија на патот кон ЕУ и НАТО“ што се оджува во Охрид.
Тој истакна дека изјавата на шефот на грчката дипломатија е потврда на она што го тврделе тој лично и неговите соработнице, дека преговори немало, односно оти Грција само барала начин да се избегне договор во врска со прашањето за имато.
- Ние тоа го кажувавме пред јавноста, но постојано и дома и од Грција бевме напаѓани дека не сакаме преговори. Нејзината изјава практично го покажа тоа, а и таа јавно го кажа, дека една година пред Самитот во Букурешт Грција веќе имала одлука да не дозволи влез на Македонија во НАТО и во ЕУ, односно да ја блокира Македонија. Една година однапред тие одлучиле и потоа глумеле преговори, што ние го почувствувавме, постојано укажувавме, повикувавме на единство, на посмирена заедничка реакција. Сега кога се стана јасно, лично барам од СДСМ, не мора да признава грешки, туку во идните чекори да не се обвинуваме едни со други кој е прав кој крив, да имаме единство и да бараме начини како да и помогнеме на Македонија, затоа што не можеме да се откажеме од нашите цели за понатамошни реформи, членството во НАТО и ЕУ, а заеднички да се продолжи кон остварување на зацртаните цели, рече Груевски.