Во претор одам веќе 5 години така за тоа место се осеќам повикан да прокоментирам збор два. Инфраструктурно во последниве 2 години е значително подобрено, пред се водоводот и патот кој беше руина. Е сега што се однесува до плажите мислам дека источниот брег е далеку подобар од западниот. Сливница, Претор, Дупени се солидни плажи и на со ситна песок со места каде може да се нарача јадење пиење -се на се пристојно. Се мислам за годинава да си купам гумењак со пента па би замолил некој од околните жители или било кој што има информација да ми даде одговор дали за тоа е потребна дозвола и каква е ституацијата со езерската полиција. Дали ограничувањето за скутери важи и за останатите пловни објекти? Бил ли некој на островот? Дали е пристапно и безбедно? Фала.
Колку што знам забраната се однесува за пловила над 45kw- значи над 60 кс,така да значи за скутери,а и секако над 60кс мотор е веќе за поголеми чамци,глисери.
За гумениот чамец со пента мислам нема да имаш никаков проблем,никој не те гиба!Јас имам таков на Охридско со 5-ка пента па не ми правел досега проблем никој и покрај разноразните муабети,а во Претор се возиме редовно со таков на другар ми а тој никогаш не се пожалил дека некој му правел проблем!Баш сака да зема поголемо `чамче` со доста појак мотор.
На островото бевме последен пат пред 2 години,се оди без проблем,пристапно е со 4-ка пента мислам беше за 1 сат стигнавме.Ќе видиш таму каде да застаниш,па оди до црквичето а и камчиња се,супер е водата за капење.