- Член од
- 3 март 2008
- Мислења
- 69
- Поени од реакции
- 37
Туризмот во Преспа е вистина во рудиметирана форма , но тоа не значи дека крајот нема што да понуди .
Почнувајќи од источната страна на преспанското крајбрежје прво село на кое ќе наидете е Подмочани . Во него се наоѓа приватен етнолошки музеј (сопственикот ќе ми прости што не му го знам името ) .
Следи селото Грнчари . На 3 км од селото во пазувите на Баба се наоѓа еден мал манастир св.Илија кој се верува дека датира од 13 век . Фрескописот е интересен , а природата фантастична .
Во селото Асамати имате пристап до резерватот за птици Езерани . Резерватот се протега на 10-тина км од северното преспанско крајбрежје и тука живеат 80-тина ендемски видови на птици ( пеликан , малиот корморан, белоопашестиот орел, дебелоклунестата вртимушка и фламингото ) .
На неколку километри од Претор , повторно , на подножјето на Баба , е селото Курбиново , со познатиот манастир св.Ѓорѓи . Поделени се мислењата за времето од кое датира , 11 или 13 век . И повторно фантастична природа и несекојдневен поглед на дел од Преспанската котлина .
Следната станица е селото Сливница . И уште еден манастир , св. Богородица кој не смеете да го пропуштите . Фрескописот е одлично сочуван и е феноменален . Во склоп на манастирот има и конаци во кои можете да преспиете . Овде била сместена втората по големина ресавска школа , после Лесновскиот манастир . Се зборува дека одвреме навреме , жителите ја гледаат св. Богородица како се шета во околината на манастирот . И повторно , природа што задивува .
По патот следуваат Љубојно и Брајчино . Тука , веќе имате поразвиен туризам . Можете да најдете преноќиште во приватната понуда или во конаците на манастирот св. Петка , во Брајчино . Има одлична меана , во која ќе ги пробате карактеристичните јадења за крајов . Лукајнци , ѓомлезе , тури потпечи , макало , кисело млеко ....
Од овде ви се нуди можност да тргнете пеш кон Пелистер . Повторно природа за восхит .
Тука ќе застанам на овој дел од крајбрежјето , бидејќи понатаму не сум била и не знам што да ви предложам . Ќе се префрлам на западната страна .
По патот за Отешево наидувате на селата Царев двор , Дрмени , Перово , Покрвеник , Волкодери , Шурленци Сирхан .... тоа се рамничарски богати села во кои туризмот не е развиен и се сомневам дека можете да најдете преноќиште . Но интересно е да се посетат и да се види како модернизацијата не ги одминала . Градски живот на село
Во Отешево во моментов немате што да видите , освен еден очаен обид за едно рибарско село . Во почетокот на август во Отешево се организираше Ресенската керамичка колонија . Тоа беше празник на керамиката . Сега немам инфо што се случува со овој настан .
Продолжувате до Стење и на крај Конско . За Конско видете тука . .http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=2008&page=2
Пред да се спуштите за Стење , патот ве води кон Галичица . На највисоката точка 1600 нв од левата страна внимателно во вашето движење , сепак е погранична област . Десно пак , со едно часовно искачување по планината ви се овозможува несекојдневна глетка . Место од каде се гледаат двете езера . Доколу сакате да фотографирате ви ги препорачувам раните утрински часови , за да ја избегнете измаглицата од испарувањето .
Е сега се враќаме во Ресен . Има одлична староградска архитектура во центарот на градот . Тука го вбројувам и Сарајот . Сабота е пазарен ден и вистински празник .
Убаво кафе можете да се напиете на самиот плоштад во кафе Китим за 40 денари
.
Организирани плажи на кои можете да поминете солидно се Сливница , Претор , Дупени .
Ќе ми биде мило ако уште летово ја посетите Преспа во поголем број . Точно е дека луѓето не се туристички работници , но се кротки и сакаат да научат како . Можеби треба да им помогнеме .
За ноќниот живот и забава , нека кажат помладите