Преспа

  • Креатор на темата Креатор на темата victoria
  • Време на започнување Време на започнување
Цените се поврзани со побарувачката, поголема побарувачка повисоки цени но и подобри услови....Како и да е добро е да има алтернативи за Охрид особено за домашните туристи.

не знам дали си бил лани или годинава,Преспа и тоа како е живната
 
Беше некој ова лето во вилите во Крани?
Ги реновирале, па да прашам што има ново, бидејќи таму ќе одам.:D
 
Не сум бил за жал никогаш во Преспа. Немам никаква престава ни како било ниту како е сега, се што знам е од слики. Затоа можеби нема да е лошо оние што се таму а имат слики да прострат неколку да видиме што се случува. Инаку верувам дека има потенцијал езерото. Иако голема мана му е што се повлекува од година на година...
 
Не сум бил за жал никогаш во Преспа. Немам никаква престава ни како било ниту како е сега, се што знам е од слики. Затоа можеби нема да е лошо оние што се таму а имат слики да прострат неколку да видиме што се случува. Инаку верувам дека има потенцијал езерото. Иако голема мана му е што се повлекува од година на година...

еве ти профил на Дупени Бич :icon_mrgr: ЛИНК
 
Имаме тема за Охрид и Дојран,па нека имаме и за Преспа.

Ај прво со веста од Канал 5

Преспа се враќа во форма - плажите уредени, езерото полно

Враќањето на водата во Преспанското Езеро и убаво уредениот крајбрежен појас се главните адути со кои Преспа годинава ги дочекува своите први туристи во Стење, Претор, Сливница, Отешево и другите места покрај езерото. Плажите кои со години наназад беа обраснати во густи треви, по акцијата на Министерството за одбрана, сега се чисти и уредени.

Посетителите се надеваат дека со ваквите иницијативи Преспа ќе го врати приматот на националната туристичка сцена кој го имаше порано.
getImageThumbnail.axd

Како во старите добри времиња Претор годинава е атрактивен и за екскурзијантите кои престојуваат во детското одморалиште Мите Богоевски.
,,Кога доаѓав во Преспа пред 10-15 години беше многу живо. Посебно во феријалното одморалиште. Но, со оглед на гостопримливоста на мештаните овде би требало да доаѓаат повеќе луѓе,,- вели Ѓоко Бајловски, посетител на Претор.

,,Супер си поминавме овде,,- вели 10 годишната Милана Ташовска.

,,Многу е убаво. Овде се шетаме,,- вели Јована Марковска.

,,Дојдовме прво овде во Претор, па ќе одиме во Битола,,- вели Марио Ангеловски.
Мештаните посочуваат дека постојат многу причини да се посети Преспа и од жешките градови да се избега тука покрај езерото каде деновите се пријатни, а утрата и вечерите свежи. Затоа очекуваат зголемена посетеност во следните два месеци.

,,Преспа е многу убава. Сега во лето доаѓаат и доста посетители од странство, инаку млади доаѓаат. Се надеваме дека оваа сезона ќе биде уште подобра,,- вели Велко Марковски, локален продавач во Претор.

Локалните власти се надеваат дека како и минатата година Преспа повторно ќе дочекува по 10.000 туристи дневно во викендите. Најголем број од туристите се од Прилеп , Битола и Скопје.

,,Гостите од Битола и Прилеп кои досега одеа во Охрид, сега се враќаат во Претор и Отешево од причина што цените тука се многу ниски, а условите се многу поволни,,- вели Михаил Волкановски, градоначалник на Ресен.

Од туристичките агенции велат дека Преспа во последните години е интересна и за Холаѓаните, Израелците, Полјаците и Французите. Тие го посетуваат овој регион како еден од ретките био резервати во Европа каде живеат ендемични видови. Со оглед на природното опкружување без индустриско загадување, храната што тука се произведува и им се нуди на туристите е еколошка.

Регионот има одличен потенцијал и за манастирски, но и за рурален туризам. Одличен пример е селото Брајчино, каде со помош на странски грантови е ововозможено реновирање на куќите, кои сепак ја задржале автентичната архитектура. Соби се издаваат во текот на целата година, а гостите се најчесто странци.

Анета Шијакова
Основни податоци за езерото:

Преспанско Езеро
Местоположба
Тип тектонско
Земји во сливот Македонија, Албанија, Грција

Површина 273 km²
Макс. длабочина 54 m
Надм. височина на површината 853 m

Некоја слика:
01.07.2011, 09:42

80351162.UDDiSvNs.Macedonia2007_P1280092.JPG

IMG_3771.jpg

800px-Prespa-ostrov.jpg

filesfileDojransko-ezero.jpg

Топографска карта со поголеми населби и туристички места :
Источен Брег (со многу посредени плажи) :Претор,Брајчино,Крани,Долно Дупени,Љубојно
Западен Брег : Отешево,Стење,Коњско
701px-Ohrid_and_Prespa_lakes_topographic_map_mk.svg.png

Дупени Beach(Источен брег)
163763_179032675462604_100000676185555_461598_4523603_n.jpg

162859_178894682143070_100000676185555_460077_1599200_n.jpg

35865_131401476892391_100000676185555_202979_5982636_n.jpg

168987_179675795398292_100000676185555_466691_4680525_n.jpg

167415_179073522125186_100000676185555_461992_7092657_n.jpg
164729_179033242129214_100000676185555_461606_6373557_n.jpg

Отешево (Западен Брег)
5131909.jpg
7006706.jpg

5132153.jpg

2898627.jpg

37088372.jpg

32719193.jpg

супер идеме!
 
Хотелче у Претор некое да препорачате? Или друг „сместувачки капацитет“? :)
 
Пофалба за Преспа, браво. Се гледа голем напредок и искрено се надевам дека ќе заживее ова туристичко место. Средени плажи, ситен песок, одлични цени, гостопримливи и љубезни мештани. Би ги замолила сите оние кои биле годинава во Преспа, да посочат некое солидно сместување за сите оние кои сакаат да ја посетат оваа македонска убавина. Посебно ми се допаднаа плажите во Претор и Сливница, каде има:
-голем паркинг простор кој не се наплаќа
-нормални цени за лежалка (50 ден), чадор (50 ден.) , педалинка (100 ден/час)
-на секои 3 м канти за отпадоци и соблекувални, како и туш на плажа
-солидни цени за кафе/сок (50 ден.)
-љубезен, културен и гостопримлив персонал.
 
Има ли некој информација дали туристите слободно може да ловат риба од брегот на езерото?
 
Само шо си дојдов од 10 дневен престој во Асамати. Значи плажата Асамати е катастрофа таму е добро само за престој и пијанки навечер а сите од таму одат на плажа во Претор кое е само 10 минути пешачење. Претор е премногу добро за да не биде живнато местото. Лежалките се две за 200 денари шо е скапо. Атрактивен ресторан на плажата е Proper and more во кој служат само телешко месо а прават тостови, хамбургери, стекови, пици, пијалоци, кафиња... Цените за разлика од Охрид се подобри, зборувам за во кафичот, а да и за Acid му го препорачувам хотелот Шеќерана кој е наспроти патот и е некако насредина значи неможе да се промаши. Toni_macedonia братче јас колку шо забележав единствено време кога ловеја рибариве беше кога ќе се си замини народов од плажа, тогаш, и колку шо видов никој не му праеше проблем. Журки има, да, и тоа само за време на викенди. Ако има некој нешто да праша, повелете. :)
Edit: Многу битно, ако замините во Претор немојте да пропуштите да замините на 1 ден до Сливница. Обавезно. Таму е пуфка. :D
 
Само шо си дојдов од 10 дневен престој во Асамати. Значи плажата Асамати е катастрофа таму е добро само за престој и пијанки навечер а сите од таму одат на плажа во Претор кое е само 10 минути пешачење. Претор е премногу добро за да не биде живнато местото. Лежалките се две за 200 денари шо е скапо. Атрактивен ресторан на плажата е Proper and more во кој служат само телешко месо а прават тостови, хамбургери, стекови, пици, пијалоци, кафиња... Цените за разлика од Охрид се подобри, зборувам за во кафичот, а да и за Acid му го препорачувам хотелот Шеќерана кој е наспроти патот и е некако насредина значи неможе да се промаши. Toni_macedonia братче јас колку шо забележав единствено време кога ловеја рибариве беше кога ќе се си замини народов од плажа, тогаш, и колку шо видов никој не му праеше проблем. Журки има, да, и тоа само за време на викенди. Ако има некој нешто да праша, повелете. :)
Edit: Многу битно, ако замините во Претор немојте да пропуштите да замините на 1 ден до Сливница. Обавезно. Таму е пуфка. :D
Те видоја странец и ти наплатија по 100че од лежалка :D јас ко бев за викенд 5банки ми зедоја за една..
 
Те видоја странец и ти наплатија по 100че од лежалка :D јас ко бев за викенд 5банки ми зедоја за една..

Абе од секој ден од тие 10 дена ми го викаја истото, по 200 денари... -.- можно е и да ги имаат поскапено, пошто претежно странскиве туристи лежат на нив па си креваат цена.
 
Единствениот остров во Република Македонија, на Преспанското езеро. Одамна е посочено на него како можна нова туристичка „точка“, која сигурно би привлекла домашни и странски посетители, особено оние што трагаат по недопрена природа. Отворен е за организирани туристички посети, а нив ги реализираат туристички водичи од Националниот парк „Галичица“.

PGGOstrovot.jpg
Подрачјето е под строга заштита со закон- дозволен е пристап исклучиво за научни истражувања.
Островот се наоѓа на југозападниот дел од Преспанското езеро, на 1 км од брегот, недалеку од државното тромеѓе Македонија- Албанија- Грција. На 5 км северозападно е селото Коњско, а најблиското место што е постојано населено е Стење.
Островот има тркалеста форма, со големина 680 х 440 м (околу 20 ха). Претставува карпеста плоча со вертикални страни, озгора зарамнета, што се издига 15-50 м над езерската површина. Само на две места, на северозападниот и на југоисточниот крај, постојат мали плажи и пукнатини во карпите кај кои може да се пристане со лотка и да се искачи горе на островот.
Со оглед дека не се наоѓа во некој фреквентен воден простор, туку е „скриен“ во езерото, природно непристапен, ниту, пак, некогаш бил укрепуван, на Голем Град имало идеални можности за збег на луѓето од брегот.

Golem_Grad_03.jpg

Камени ѕидови без малтер, широки 1,5—2 м, се гледаат околу двете спомнати пристаништа, бранејќи го пристапот кон внатрешноста. Во јужниот дел се следи обѕидие околу еден внатрешен ринг, со обем од 2 ха. До него е укрепено главното пристаниште на југоисточниот брег, а недалеку, северно од него, се наоѓа кула.
Со повеќегодишните ископувања на низа пунктови, може да се следи историјатот на овој остров. Во елинистичко време веројатно било подигнато првото обѕидие, кое е обновено во доцната антика. Тогаш биле изградени и две ранохристијански цркви. Околу нив биле закопувани умрените.
Голем Град бил привлечно место во римската епоха и во средновековието, за што се потврда двата откриени слоја на гробови кај црквата Св. Петар (14-ти век) и кај темелите на црквата Св. Димитрија.
Под раководство на Д-р Вера Битракова - Грозданова, која од 1967-ма година ги врши археолошките истражувања на островот, се откриени остатоци уште на две ранохристијански цркви (4-ти- 5-ти век), а се раскажува дека на него некогаш имало 7 цркви, што укажува на фактот дека бил густо населен. Во црквата Св. Петар постои фасадна фреска (на јужната страна) со мошне успешни композиции- ,,Опсадата на Цариград" и ,,Бегството во Египет", за кои академик Цветан Грозданов вели дека се реткост на Балканскиот Полуостров. До црквата се наоѓа единствениот конак (изграден во 19-тиот век) што се користел за живеење на црковните служители, но и за чувари на илегални македонски револуционери од предилинденскиот период и за време на востанието во 1903-та година, кога на островот биле засолнувани голем број на преспански востаници.

Golem%20Grad%20Prespansko%20Ezero.jpg


Освен фрагментите од фреските, на јужниот дел на островот е пронајден и еден објект којшто во доцната антика со сигурност служел како цистерна. Потврда за тоа се и откриените канали за проток на водата. Во средниот век таа веќе немала никаква употреба бидејќи населбата веќе не постоела, но кога доаѓаат монасите ја забележале, ја преградиле, преуредиле, и дале олтарен простор и ја живописале.

Golem_Grad_12.jpg

Ранохристијанската епоха, односно христијанизацијата на таа античка населба започнува некаде кон 4-от век, кога се градат ранохристијански базилики. Една од нив дури има и мозаик. Пронајдени се и многу монети од 3-от век пред новата ера, од населби кои тргувале со овој остров, потоа монети од градовите на грчки колонии од Јадранскиот брег, од римската епоха, од рановизантиската, односно од времето на Јустинијан. Исто така е пронајдена и сребрена монета во еден од гробовите од времето на Волкашин, а во цистерната- црква монета од унгарски владетел. Интересно е што монетата на Волкашин е пресечена напола, што значи дека служела како предмет кој симболизирал пренесување на душата на оној свет. Во некрополите е пронајден златен, сребрен и бронзен накит, а она што е чудно и забележливо, во нив не е пронајдено оружје.

Golem_Grad_08.jpg
Пеликанот (носитот) е дел од богатата фауна во овој крај. Како една од најкрупните птици кои егзистираат на вода, главно во потоплите краишта, него кај нас го има единствено на двете преспански езера (Големото и Малото), а престојува 6 месеци (15-ти април - 15-ти октомври) во јата од над 100 птици. Пролетното долетување на овие бели птици не е многу забележливо, но за време на есенската преселба тие се собираат во јата и по еднодневно кружење над Преспанската котлина се упатуваат кон своите зимувалишта.

Golem_Grad_09.jpg

Голем Град, природна реткост со високи карпести рабови (до 30 м.) и специфична клима, изобилува со разновидни ендемични растенија. Најмногу е застапено шумското растение фоја (Juniperus ekcelsa), кое вирее и на самите карпи. Поради бавното растење, се претпоставува дека најголемите полусуви стебла се постари од 1.000 години. Познато е дека фојата е распространета во Кавказ, Иран, Либан, Крим, Мала Азија и на Балканскиот Полуостров (во Македонија- Вардарска Македонија, на Голем Град, на планината Галичица и на Пречна Планина, потоа во Бугарија и Грција). Расте 10 - 12 метри височина со пречник на стеблото од 30 - 50 см. На островот има стебла постари од три века.

Golem_Grad_10.jpg

Откриени се 160 видови на папрати и семени растенија, на180 родови и 41 семејство. 80 од нив се јужно- европски флорен елемент.
Според биолошките форми најзастапени се терофитите, односно едногодишните растенија. Ретко се сретнува црн габер, македонски даб и благун.
Голем Град претставува редок резерват каде што се размножуваат во светот ретки видови на габи. Освен неколкуте видови на плодородни растенија, на островот се застапени сливата, црницата, дренот, шипот, лозницата, смоквата и други.

P1000617.jpg

На островот Голем Град има 2 вида на змии. Во карпите до водата живее змијата белоушка, која не е отровна, а во горниот дел од островот може да се сретне отровната змија поскок. Правени се обиди за нивно уништување со ежови (1949-та) и мунгоси (1967-ма), но поголем успех не е постигнат.
На островот е ставена во употреба посебна патека што води до сите локалитети, со поставени информативни табли на македонски и англиски јазик, како и пристапен мост, со оглед дека се работи за тешко пристапен терен. Патеката е уредена токму со цел за да се ограничи движењето на посетителите, односно за да нема неконтролирано движење по островот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom