Преспав

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.903
Поени од реакции
7.570
Нешто што ми падна во очи е кога го прикажуваа тој промотивен рекламен спот за Преспав пансионот.
Прикажуваат како изгледа однадвор пансионот и прикажуваат некоја така постаро одморалиште не толку уредено во Преспа за на крај да покажат некоја понова градба со ковано железо надвор уредено се тип топ.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Незнам зошто упорно се снимаат комедии или т.н. ситкоми во земјава. Па комедијата е најтежок жанр бе, треба нешто специјално да поседуваш почнувајќи од актери до сценарио начин на снимање и све.
Имаше некои неуспешни обиди со една серија Цимери се викаше на Алфа, тотално неуспешен проект.

Дај снимете некоја драмска серија да ги замениме турскиве, па кога ќе се научите да правите добри серии тогаш се иде на комедија, а не обратно
Не може да направат добра серија ако снимаат еднаш во 10 години. Друго, не е проблем во глумците, проблем е во лошото сценарио. Сценарио ако имаш петка, ќе имаш и серија. Глумците сите се одлични, еве техничка екипа одлична, костимографија, сценографија, шпици, мици, режија океј, али сценариото чкрипи. А и монтажа очигледно. Како што рече Вокерка, на лошо место иде кикотење у позадина или на непотребно. Ако гледале Friends, и таму кога имаше некоја сосем нормална реплика немаа laugh track.

Лошо сценаристички, али само пилот е ова, натаму треба и да се развива дејствие и да има поинтересни сцени, ја ќе ја гледам серијава бидејќи од технички план е нешто најдобро во последните 25 години. Како прва посериозна серија нормално ќе има грешки. Зафирчев како за почеток и Владо Јовановски се добри, натаму ќе видиме.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Не може да направат добра серија ако снимаат еднаш во 10 години. Друго, не е проблем во глумците, проблем е во лошото сценарио. Сценарио ако имаш петка, ќе имаш и серија. Глумците сите се одлични, еве техничка екипа одлична, костимографија, сценографија, шпици, мици, режија океј, али сценариото чкрипи. А и монтажа очигледно. Како што рече Вокерка, на лошо место иде кикотење у позадина или на непотребно. Ако гледале Friends, и таму кога имаше некоја сосем нормална реплика немаа laugh track.

Лошо сценаристички, али само пилот е ова, натаму треба и да се развива дејствие и да има поинтересни сцени, ја ќе ја гледам серијава бидејќи од технички план е нешто најдобро во последните 25 години. Како прва посериозна серија нормално ќе има грешки. Зафирчев како за почеток и Владо Јовановски се добри, натаму ќе видиме.
Не е можно 20 години да нема добро сценарио за добра драма серија (уште од Погрешно време серијата)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
Ам авикам ја ова е грешка што очекувавте сит-ком, т.е. нивна грешка што така го најавуваа а и ете го форсираа ко ситком.
"Нова серија Преспав" тоа е тоа. Публиката сама ќе си реши каде и кога ќе се смее.

Вака од прва епизода има потенцијал за нешто, дефинитивно не е серија што ја гледаш прва епизода и сфаќаш дека не ја бива, баш напротив.

Значи има потенцијал за смешни сцени....без laugh track. И да сакам да се смеам кога ќе чујам како имаш трака во позадина на рандом несмешна реченица ќе се запрашам дали е навистина смешно тоа на што и ја сум сакал да се насмеам...

Џемо Биљбиљ е иначе полн погодок. Во Џган покажа и дека го бива како сериозен актер али еве овдека се осеќа дека со сама појава, со начин на изговарање, со овор на тело и све одма дава легиитимност на серијата. Им фали сеа некој лидер у серијава што ќе биде смешен, нешто као Џон Клиз у Фолти Тауерс.

Има потенцијал....ама дали ќе се искористи или не....видичемо.

И нешто што ептен ме нервира кај смеењето.....НЕ Е ПРИРОДНО ДА МУ ЕАМ! Значи купено од интернет е ова од некои што пред 40 години се смееле у америка на некој ситком....па ако веќе инсистираш на смеење земи сними луѓе што се смеат у државава на претстава некоја, секако ќе додаде атентичност... Што? Требало да се плати за некој да ти се смее? Е па еве поефтино решение...РИМУВ Д ФАКИНГ ЛАФТРЕК!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Добро е и што ко им пишеш негативна критика ти викаат: Благодариме на коментарот, се гледаме утре. А не ко на Златна петорка им пишеш негативност и ти враќаат у инбокс дека си бил глуп или шта веч, па и блокираат за понатамошни реплики. Не се исфорсирани од екипата, е сега уште да средат леф тракот или целосно да го исфрлат и супер ќе биде. :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.903
Поени од реакции
7.570
Читам на нивната фејсбук страа ги напнаа со прашања кога реприза и дали воопшто ќе има реприза ?

Зар серијава нема да има реприза ? Или во недела ќе прават маратонка од 5 епизоди понеделни - петок што биле ?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Океј беше, можеше и подобро. Но ајде да речеме дека е почеток, дека ќе се поправат. Продукциски одлично, екипата без замерки за никого посебно. Смеењето во позадина дефинитивно единствен голем минус, непотребно.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.612
Поени од реакции
11.155
Абе а торенти ќе има? :icon_lol:
Лош период ја даваат...
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Не знам за вас ама мене делот со ПреспаФ ме изнасмеа :pos:
Задоволен сум од првата епизода, единствена замерка ми е наметнатото смеење.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.647
Поени од реакции
81.687
Од трејлерот се гледа дека Тијана е српска снаа, а не Германка. Сите педери не се како Зафирчев, БТЊ. Ај чао!
Ланѓа, ај не го дрви... Фала, поздрав.

Што се однесува до серијава, не е нешто најнај, али како за наши стандарди добра е :) Актерите се солидни, хуморот е добар, Тијана колку и да ми е одбивна како личност, сепак и прилега ваква улога. Владо мислам дека најмногу се истакнува според глумата, типичен македонски средновековен човек, експерт за се :')
Тоа што го зборите за laugh track... да смета на почеток, али потоа се привикнуваш и не го ни забележуваш дека оди во позадина

Се на се не е перфектна серијава, али одамна сме немале ваков посериозен проект кога станува збор за серииве, такада имаат едно (y) од мене.

Постирајте ги и следните епизоди тука на форумов како што ќе тече времето.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Ај прво за лошото, па постепено кон доброто.

Ја најуваа како прв македонски сит-ком, а половина од ликовите ќе говорат (лош) српско-хрватски. Аман, де излезете од сенката на Југославија веќе еднаш! Освен ако не е снимана во копродукција со некоја српска куќа и планирано е прикажување и таму, идејата им е глупава и имаат голем минус кај мене. Да сакав Хрвати да слушав ќе си пуштев ХРТ како секој нормален Македонец, ебаго.

Некои ликови делуваат претерано стереотипно, имав некои cringe моменти на Тијана, Јелена и Зафирчев, ама сепак е ова пилот и нормално е да има насилено запознавање со ликовите. Исто и сценариото не би го коментирал, нема што многу да се каже кога тема во прва епизода е влез во пансионот. После три-четири епизоди ќе се виде дали сум во право. Актерската екипата е искусна и докажана, очекувам да се покажат и тука. Смеењето изненадувачки не ми пречеше толку многу, иако сигурен сум дека ќе биде подобро без него.

Од техничка гледна точка беше мелем за очи, веројатно најдобро спремен телевизиски проект кај нас. Прва серија што не е снимана во станче од 50 квадрати туку во посебно изградено студио. Добра сценографија, добра костимографија и добра монтажа со убаво пресечени кадри, а не како снимана театарска претстава.

Врв на цела епизода - рекламниот спот на крај. Прекрасно доловена класична нискобуџетна реклама на регионална македонска телевизија, снимена со застарена опрема, монтирана со видео ефекти од ’92, со писмо одоздолу, со промашени кадри и изобилие од нагли потези со камерата затоа што на снимателот му се тресела раката од петте ракии што ги испил претходно. Ааа, уметност. :love:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
За епизодите, најарно е да не се поставуваат линкови ниту во спојлер за да не бидат избришани и на самите сајтови кај се поставувани. Посетувајте го сајтот Сопревод, таму ќе ги има најверојатно сите епизоди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom