Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    672
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
реално од ниедна војна народот на Америка не виде профит. И да немаше војни немаше ништо поразличен светот да биде од сега. Луѓе само испоумреа ради нивните екскурзии и ништо не се постигна од геополитички аспект.
Како бе немаше да биде. Па муслиманските земји бар ќе беа далеку поразвиени, народот нивни немаше да бидат затупени и проблеми да прават. Исто и народот во САД кои нели се локомотивата на сегашната цивилизација ќе нижеа успеси на разни полиња и светската цивилизација ќе имаше напредок.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.672
Поени од реакции
3.793
реално од ниедна војна народот на Америка не виде профит. И да немаше војни немаше ништо поразличен светот да биде од сега. Луѓе само испоумреа ради нивните екскурзии и ништо не се постигна од геополитички аспект.
Зависи што подразбираш под поимот „Америка„ и нејзиното водење војни по Светов.

А вака...кога САД водат војни, последиците се:
- уништување на туѓи градови и инфраструктура,
- масовно убивање на нападнатиот народ,
- арчење оружје и муниција и последично,
- активирање на својот воено-индустриски сектор до небесата, со насочување на огромна количина буџетски пари за воените потреби,
- „произведување„ на своите војници во пациенти со разно-разни пост-воени синдроми,
- трајно окупирање на одредени земји и народи (Јапонија, Ј. Кореја, Италија, Германија...),
- наметнување на „демократијата„, „човековите права„ и „американскиот сон„ на сите поробени народи,
- бесконечно наголемување на воениот буџет,
- непрекидно водење војни, во кои САД не победува, туку „само„ ја одржува својата армија во воена кондиција.
- и така натаму...

Обичниот американец останува тоа што бил....
 
Член од
25 ноември 2017
Мислења
234
Поени од реакции
241
И што е користа, профитот за САД, тука мислам за народот и државата општо, а не на одредена група.....
Баш ваквите воени авантури се погубни за народот во САД.
..паа се надевам , дека одамна ви е јасно..... дека народот во целава оваа шарада никој не го бремца..ни еден народ никаде..
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
..паа се надевам , дека одамна ви е јасно..... дека народот во целава оваа шарада никој не го бремца..ни еден народ никаде..
Нормално никој нема да те "бремца" ако не покажеш дека си заслужил.
Како може народот на повик на некој од политичките лидери одма да реагира, ама мижи додека одговорните прават разни злодела и по дома и надвор.
Штом чекаме некој друг да ни реши проблемите или замижуваме пред неправдите или па се надеваме дека Мицко или Зајко ќе ни донесат благосостојба, ќе си го кркам. Големците без народот ништо не прават.
Во римско време, имало ненасилен бунт од страна на населението, едноставно еден ден повеќето заминале од градот, па одговорните одлучиле да ги исполнат нивните барање без никакво насилство или уништување.
 
ОВЦА1.jpg
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.534
Поени од реакции
11.608
Како бе немаше да биде. Па муслиманските земји бар ќе беа далеку поразвиени, народот нивни немаше да бидат затупени и проблеми да прават. Исто и народот во САД кои нели се локомотивата на сегашната цивилизација ќе нижеа успеси на разни полиња и светската цивилизација ќе имаше напредок.
Многу бараш.

После Потсдамската Конференција во 1945 година САД пропуштија шанса да бидат двигатели на светската цивилизација. Ама добро, за тоа најверојатно не е крив трговецот од Мисури, Хари Труман, туку диктаторот Јосиф Висарионович Сталин.

Сталин умира во 1953 година, кога се случуваат уште други два историски настани: за прв пат после 20 (ДВАЕСЕТ) години Републиканец стапува на функцијата претседател на САД - конкретно Двајт Ајзенхауер, а летото истата година стапува на сила прекин на огнот во Корејската војна. Ама па Ајзенхауер ја продолжува истата валкана игранка на Труман на далечниот исток, само појужно во Виетнам. Повторно пропуштена шанса за помирување помеѓу двете светски сили.

Во меѓувреме во Куба каде што на власт е клептократско-плутократска диктатура слична на режимите кои денес се на власт во Украина и во северенфиромистан, се случува револуција предводена од страна на Движењето 26-ти јули на Фидел Кастро, кој иако не е комунист, сепак од Вашингтон му ставаат до знаење дека ќе мора да игра на нивната музика ако сака да остане на власт, а бидејќи на Кастро му е бесмислено да ја продаде својата револуција во замена за власт само бидејќи на САД повеќе им одговара било каков кучкин син да биде на власт во Куба се` додека е нивен кучкин син, бара помош од Советскиот Сојуз и ја формира Комунистичката Партија на Куба во 1962 година, дури 3 (ТРИ) години после Кубанската Револуција во 1959 година. Џон Кенеди, наследникот на Ајзенхауер ја продолжува истата валкана игранка на своите претходници, неуспешно се обидува да изврши инвазија на Куба со кубански платеници и испраќа војници во Виетнам за да се борат против обединувањето на Северен Виетнам со Јужен Виетнам. После атентатот врз Кенеди во 1963 година и доаѓањето на власт на Линдон Џонсон - уште еден јужњак како Труман, овој па од Тексас - шансите за помирување помеѓу двете светски сили се речиси непостоечки.

Кубанската Револуција води кон серија државни удари спонзорирани и организирани од страна на ЦИА низ цела Латинска Америка со цел да се спречи таков развој на настаните во останатите држави од западната хемисфера, но и низ остатокот од светот: Африка, Азија и Океанија поминуваат низ фаза на де-колонизација и осамостојување на нивните народи, но Британците, Французите, Холанѓаните, Белгијците, Португалците и Шпанците не си заминуваат туку така, мора прво да им ги загорчат животите на цели народи за повеќе генерации - секако со помош и учество на ЦИА и САД, сепак слободата не е бесплатна.

Берлинскиот ѕид паѓа во 1989 година;
наредната 1990 година се обединуваат Источна и Западна Германија;
наредната 1991 година се распаѓа Варшавскиот Пакт,
а на крајот од истата 1991 година се распаѓа Советскиот Сојуз.

Време за мир и меѓусебна соработка помеѓу истокот и западот ?
Може, но прво свињите да добијат крила и да полетаат.

Следува воена интервенција на блискиот исток со цел да се спречи Садам Хусеин - уште еден кучкин син на ЦИА и САД - да го прошири своето воено влијание во Кувајт и евентуално во Иран, но откако ќе си ја научи лекцијата и ќе се повлече го оставаат на власт, може да им притреба за во иднина.

Па понатамошно проширување на НАТО, чија што основна цел наводно беше спречување на понатамошно проширување на политичкото и военото влијание на Советскиот Сојуз кој повеќе не постои, па бомбардирање на Југославија во 1999 година, па присилно одземање на територија од Србија - конкретно Косово, од каде продолжуваат со понатамошни крвопролевања и валкани игранки во Македонија и во јужна Србија во 2001 година, па нови крвопролевања во Авганистан, па Ирак, каде што очигледно повеќе не им треба Садам, кого го испраќаат на бесилка - не дека не си ја заработи бесилката, повеќе од заработена му беше, но предоцна му беше прокнижена, па нова серија на државни удари низ северна Африка и блискиот исток, па бомбардирање на Либија во 2011 година, па државен удар во Украина, а мирот веќе е мисловна именка наместо некаква крајна цел.

Ништо, останува да чекаме свињите да добијат крила и да полетаат, па потоа да правиме муабет за помирување и соработка.
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.744
Поени од реакции
4.441
реално од ниедна војна народот на Америка не виде профит. И да немаше војни немаше ништо поразличен светот да биде од сега. Луѓе само испоумреа ради нивните екскурзии и ништо не се постигна од геополитички аспект.
Прво не ми се верува што читам па затоа уште еднаш да прашам: сериозен си за ова што си го напишал?

Народот на Америка ја бира својата власт за да шири демократија по светот а тие само да ги плаќаат трошоците, така мислиш ти?!?
Зошто во поново време по интернет името на Вашингтон го сменија во Фашингтон?
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.402
Поени од реакции
22.713
САД во периодот 2008-2013та водат војна на 2 фронта (Ирак и Авганистан) со преку 300 000 ангажирано во двете војни, вршат напади со дронови во Сомалија и Јемен, прават воздушни напади во Либија истовремено поддржувајќи ги бунтовниците на терен и вооружуваат џихадисти во Сирија.

Армијата на САД е дизајнирана за повеќе конфликти истовремено.
prasanje na vreme e dodeka ne pocnat hutite i drugi muslimani da rokaat celi vo usa. toa ke smeni se.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.353
Поени од реакции
29.828

Автоматски споено мислење:

Може да ја погледнат причата за Гонзало, овие нато-љубители кога ќе почнат да употребуваат зборови како фашизам.
Видоа, коментираа...
Фала курцу, ваков деген не треба да троши кислород одамна, али ок тоа е што е, ваљда никад не е касно.“
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.406
Поени од реакции
20.167
САД во периодот 2008-2013та водат војна на 2 фронта (Ирак и Авганистан) со преку 300 000 ангажирано во двете војни, вршат напади со дронови во Сомалија и Јемен, прават воздушни напади во Либија истовремено поддржувајќи ги бунтовниците на терен и вооружуваат џихадисти во Сирија.

Армијата на САД е дизајнирана за повеќе конфликти истовремено.
А денес не можат да ги поразат ни Хутите, каква промена за една декада.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Многу бараш.
Не бе, верувај не е многу. Само да се смени човечката природа :pos:

Време за мир и меѓусебна соработка помеѓу истокот и западот ?
Може, но прво свињите да добијат крила и да полетаат.
Па ако се оствари планот на светскиот економски форум, да нема светски полицаец, сите природни ресурси се во рацете на избраните, целиот систем во сите поголеми држави под нивна контрола, ќе нема потреба од конфликти.
Јувал Ноа Харари си кажа дека човекот е хакнат, сега се мислат што да прават со нас. Колку да не оставаат, да им се најдеме за физичките работи. Ја сум за, штом веќе дозволивме до тука да не донесат. :toe:

Со фоткава појасно е зашто не ти е јасно... се шалам, супер си...
ај пократко, полесно ти е други да обвинуваш, а не бараш вина кај нас самите, што веруваме во дедо мраз, што ја играме играта, што исто правиме со децении, а се надеваме на друг резултат.

Украинциве кој курац не се станат против Зелениот. И така полека ги десеткуваат, значи не им бега целосно истребување, барем малку отпор да дадат. Јенките исто, ние исто итн итн.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
А денес не можат да ги поразат ни Хутите, каква промена за една декада.
Не им е целта тоа.
Не поразија никого ни во Јемен, ни во Сомалија, ни во Авганистан.

Хутите се проблем на Саудијците и Американците со задоволство сакаат тоа да биде така за да ги користат како алатка во односите со С. Арабија за изнудување на нивна подобра позиција за во иднина.

Сакаат само трговијата да се одвива непречено. И тука ќе успеат, во смисла да ги редуцираат капацитетите на Хутите да вршат напади на бродови.

САД немаат никаков интерес од поразување на некого или некој диктатор или демократска власт таму некаде.
Сакаат само да ги контролираат рутите преку кои течат ресурсите. Толку.
 
hutite ja poremetija cela trgovija, izvor se na ekstra 10% inflacija, raketiraat americki brodovi, zaplenuvaat izraelski brodovi, raketiraat ne samo vo crveno more nego i mnogu podaleku a ovoj uste misli deka bile samo saudiski problem... aj koga ke proslavis 2024ta i ni se pridruzis vo segasnosta javi se pak na temata...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.793
Поени од реакции
17.546
А денес не можат да ги поразат ни Хутите, каква промена за една декада.
Технички не ги добија ни другите фронтови. Прилично тешко е да ги победиш Хутите, и слични на нив. И ќе станува уште потешко со новиве технологии што се појавија задњи години, каде може со релативно ефтина опрема да ти направат милионска штета.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.402
Поени од реакции
22.713
Технички не ги добија ни другите фронтови. Прилично тешко е да ги победиш Хутите, и слични на нив. И ќе станува уште потешко со новиве технологии што се појавија задњи години, каде може со релативно ефтина опрема да ти направат милионска штета.
ne samo toa nego sto e ustvari pobeda pod zapadnjacka definicija? da okupiras kako na irak sto mu napravija? da unistis infrastruktura kako vo srbija?

sto ako imas protivnik sto nitu mozes da go okupiras, nema sto da okupiras nitu kade da izgradis bazi/kampovi bez zrtvi, nema nafta ili drugo nesto za da se opravda taa zrtva finansiski plus nema sto da mu srusis a zgora na toa so sekoj napad stanuva poradikalen... e toa se hutite
 
Kajgana Shop

На врв Bottom