Како бе немаше да биде. Па муслиманските земји бар ќе беа далеку поразвиени, народот нивни немаше да бидат затупени и проблеми да прават. Исто и народот во САД кои нели се локомотивата на сегашната цивилизација ќе нижеа успеси на разни полиња и светската цивилизација ќе имаше напредок.
Многу бараш.
После Потсдамската Конференција во 1945 година САД пропуштија шанса да бидат двигатели на светската цивилизација. Ама добро, за тоа најверојатно не е крив трговецот од Мисури, Хари Труман, туку диктаторот Јосиф Висарионович Сталин.
Сталин умира во 1953 година, кога се случуваат уште други два историски настани: за прв пат после 20 (ДВАЕСЕТ) години Републиканец стапува на функцијата претседател на САД - конкретно Двајт Ајзенхауер, а летото истата година стапува на сила прекин на огнот во Корејската војна. Ама па Ајзенхауер ја продолжува истата валкана игранка на Труман на далечниот исток, само појужно во Виетнам. Повторно пропуштена шанса за помирување помеѓу двете светски сили.
Во меѓувреме во Куба каде што на власт е клептократско-плутократска диктатура слична на режимите кои денес се на власт во Украина и во северенфиромистан, се случува револуција предводена од страна на Движењето 26-ти јули на Фидел Кастро, кој иако не е комунист, сепак од Вашингтон му ставаат до знаење дека ќе мора да игра на нивната музика ако сака да остане на власт, а бидејќи на Кастро му е бесмислено да ја продаде својата револуција во замена за власт само бидејќи на САД повеќе им одговара било каков кучкин син да биде на власт во Куба се` додека е нивен кучкин син, бара помош од Советскиот Сојуз и ја формира Комунистичката Партија на Куба во 1962 година, дури 3 (ТРИ) години после Кубанската Револуција во 1959 година. Џон Кенеди, наследникот на Ајзенхауер ја продолжува истата валкана игранка на своите претходници, неуспешно се обидува да изврши инвазија на Куба со кубански платеници и испраќа војници во Виетнам за да се борат против обединувањето на Северен Виетнам со Јужен Виетнам. После атентатот врз Кенеди во 1963 година и доаѓањето на власт на Линдон Џонсон - уште еден јужњак како Труман, овој па од Тексас - шансите за помирување помеѓу двете светски сили се речиси непостоечки.
Кубанската Револуција води кон серија државни удари спонзорирани и организирани од страна на ЦИА низ цела Латинска Америка со цел да се спречи таков развој на настаните во останатите држави од западната хемисфера, но и низ остатокот од светот: Африка, Азија и Океанија поминуваат низ фаза на де-колонизација и осамостојување на нивните народи, но Британците, Французите, Холанѓаните, Белгијците, Португалците и Шпанците не си заминуваат туку така, мора прво да им ги загорчат животите на цели народи за повеќе генерации - секако со помош и учество на ЦИА и САД, сепак слободата не е бесплатна.
Берлинскиот ѕид паѓа во 1989 година;
наредната 1990 година се обединуваат Источна и Западна Германија;
наредната 1991 година се распаѓа Варшавскиот Пакт,
а на крајот од истата 1991 година се распаѓа Советскиот Сојуз.
Време за мир и меѓусебна соработка помеѓу истокот и западот ?
Може, но прво свињите да добијат крила и да полетаат.
Следува воена интервенција на блискиот исток со цел да се спречи Садам Хусеин - уште еден кучкин син на ЦИА и САД - да го прошири своето воено влијание во Кувајт и евентуално во Иран, но откако ќе си ја научи лекцијата и ќе се повлече го оставаат на власт, може да им притреба за во иднина.
Па понатамошно проширување на НАТО, чија што основна цел наводно беше спречување на понатамошно проширување на политичкото и военото влијание на Советскиот Сојуз кој повеќе не постои, па бомбардирање на Југославија во 1999 година, па присилно одземање на територија од Србија - конкретно Косово, од каде продолжуваат со понатамошни крвопролевања и валкани игранки во Македонија и во јужна Србија во 2001 година, па нови крвопролевања во Авганистан, па Ирак, каде што очигледно повеќе не им треба Садам, кого го испраќаат на бесилка - не дека не си ја заработи бесилката, повеќе од заработена му беше, но предоцна му беше прокнижена, па нова серија на државни удари низ северна Африка и блискиот исток, па бомбардирање на Либија во 2011 година, па државен удар во Украина, а мирот веќе е мисловна именка наместо некаква крајна цел.
Ништо, останува да чекаме свињите да добијат крила и да полетаат, па потоа да правиме муабет за помирување и соработка.