Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    740

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.177
Поени од реакции
3.426
Прашањето повеќе е за Русите.
Дали за Русија ќе вреди сето овоа?
Русија во случајов напаѓа,не може ти да го обвинуваш Украинецот што така фанатично ја брани земјата.
Да ти дојдам јас дома со пиштол,да ти земам една соба,па и уште да ти ја направам:Рон,немој да се браниш,можам да те убијам ако се браниш.
Што ќе правиш ти во таков случај? Ќе ми ја отстапиш собата или ќе земеш било што при рака и ќе се бориш до смрт.
За Русија и те како вреди, ќе се ослободи од притисокот што ќе го имаше со американците да се во Украина, ќе добие некој 15-20 милиони лојални граѓани, многу обработлива почва (зависи до каде им се плановите што да земат), си фатија нови пријатели (повеќето од интерес ама сеедно ќе траат барем 30 години), му удрија воспитна на светскиот полицаец и некој од вазалите му откажаа љубов, Европа ја ебаа заедно со светскиот полицаец.

Другата работа е што ќе имаат барем 6 цифрени загуби, ама мора да се напомене дека ги користат етничките заедници како топовско месо, Ахмат сила секогаш ги ставаат каде е најжустро, другите посиромашни плус празноглави се пријавуваат и самите да служат и најнормално е да бидат искористени до максимум.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.874
Поени од реакции
4.578
@Klinton
ОК, сега ми е појасно.

За демократскиот државен удар те молам не ми се лути, демократите така го нарекоа не јас, јас само пренесов нивно видување.
Јас напишав воена интервенција ти ја нарекуваш окупација, во ред, секој има право да се прави ..п колку сака само да не злоупотребува.
Ова е форум поставив прашања кои ги наметна самиот со коментарот, пристојно се обиде да појасниш и не мора сега да го расипуваш тоа.
Колку што знам и денес Рф ја признава Украина и Украинците, проблемите не се околу тие прашања...

..ќе се обидам преку паралела да појаснам...
Пред повеќе децении Македонија беше сметана за јужна бановина, потоа Србија ја смени политиката и ги призна и Македонците и македонската држава...
Во 1999 Македонија дозволи на ОТАН да врши напади врз Србија (пред некое време дури имаше шпекулации дека Доста и Боро отварале шампањац кога почнале нападите) и не само тоа туку Македонија го призна и Косово, а од друга страна вели дека е пријател и има пријателски односи со Србија, ситуација јебе луд збуњеног.
...е сега гледај вака Руската Федерација се плашеше токму од тоа таа демократизирана Украина да им послужи на ОТАН за да работат и напаѓаат од територијата на Украина, се разбира претходно преку демонизирање на власта и Путин и дехуманизација на самите Руси.
Русите бидејќи не се тупи и глупи многу добро тоа го знаат и за да се заштитат се одлучија на интервенција.
Тоа што таа интервенција донесе стотици илјади жртви пред се е заслуга на демокративе и ОТАН како нивна ударна тупаница.
РФ ја призна и и гарантираше безбедност на Украина први таа безбедност ја нарушија САД и ОТАН, тоа го направи со државниот удар, после тоа РФ според многумина не беше обврзана да гарантира никаква безбедност на Украина затоа што таа Украина како играчка на ОТАН (ЕУСА) ја загрозуваше безбедноста на Русија. И Меркел и Оланд и не знам кој се потврди дека минските спогодби биле смислени со цел Украина да се претвори во оружје на ЕУСА ама ти и понатаму веруваш дека не е така.
Почитувам став, благодарам за постот, ама извини, блага врска нема со реалноста.

Украина почна да има фрикција со РФ некаде 2008-2009. Тогаш истекуваа сите договори за транзит на гас, за набавка на гас, за поморските бази, логистичките центри на поморските бази и тн. РФ сакаше да ги обнови старите договори со исти услови, а Украина сакаше повеќе пари и поволности. Тука почна црвот. Да не одам долго и широко, крајна линија се беше за пари и моќ.
Работите ескалираа 2012-2013 кога завршија истражувањата во Црно Море и официјално се потврди дека наголемите резерви на гас се од Крим до Змиски остров, под морето.
Ова ти е геополитичка пресвртница. Украина сега има масивна предност пред РФ. Не само што го контролираше протокот на гас од РФ преку Украина, туку комплетно може и да го замени. Со тоа буквално лебот и моќта на РФ и ја одзема.
Путин побара концесија да добие, не доби.
Побара договор да направи за стратешко партнерство ( што само него му одговара а не на Украина) не доби. Јанукович најави таков договор со ЕУ, и по три месеца магично потпиша со Лавров. Тука почна Мајдан.
Се десија едно чудо глупости за Мајдан, што нема да се расчистат во наредните 100 години.
Се случи преврат, Путин маестрален потег направи (геополитички) со Донбас и Крим. Крим помина многу линии, ама меѓународната реакција беше млака и Путин се чувствуваше како победник.
И беше победник. Ама зе полакоми многу, сакаше се да добие, а немаше черга долга колку нозете.

1. Немојте да си правите филмови дека војнава ја почна Путин оти го доболе за руско население во Украина
Путин не се замараше за цивили во Чеченија, Грузија, во московскиот театар, или во нападите во метрото во Москва... Ама наеднаш високо чувствителен стана за Донбас браќата
2. Путин никогаш не се замарал за нацисти, самите луѓе во потесниот круг му се нацисти. Денацификација е лесна финта за на ТВ
3. Путин е најдобриот прагматичар на новото време. Во се е пресметан, не е секогаш прецизен, ама врвен шахиста во 4Д шах.
Нема зошто он да се замара за било која од јавно кажаните причини за СВО. Ресурси, моќ, енергетска зависност, профит и геополитика е во прашање. Нема милост во геополитиката, и за тоа се покажа многу добро, многу пати.
На крај настрада од истата работа што страдаат сите диктатори - ласкавци.
Потесниот круг му дава розови извештаи што му ја изопачуваат перцепцијата. Подолго време така е рецепт за катастрофа.

Еве вака да си направиме муабет.
Украина лани во февруари ги имаше најдобрите единици во Донбас. Планот на Путин на хартија требаше да биде 100% успешен, имаше добро организирана и добро опремена војска за молскавичен удар - на хартија.
Резултатот беше фијаско. Зошто? Зошто само Мариупол и Керсон беа освоени а имаше минимум 7 вектори на напад?
Зошто не падна Харков, Суми, Черкеси, Киев, Часив Јар? Каде потфрли руската војска?
Според мене, координацијата потфрли најмногу.

Едит.
Заборсвив за гасот да додадам.
Што мислиш се што и е дадено на Украина е гратис? Нема ЕУ да си го извади во гас после војната?
Украина е поддржана од чиста љубов и внимание?
Се е пари и моќ
Ако РФ има конкуренција за гас, цената ќе паѓа, ЕУ ќе бере плодови од тоа семе.
Ако Укракна е до небо задолжена како што е, кога нема да може да си ги исплати долговите ЕУ ќе и ги земе полињата за гас.
Како што лозјата во Унгарија се француски, фабримите во Чешка се германски, пристаништата во Романија се британски, житниците во Полска се туѓи (сите по малце) така и житницитд и нафтените полиња во Унгарија ќе си добијат нов газда.

Нема љубов, само интерес.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Ок, подобро поставено прашање.
Дали може да победи Украина? - ДА
Дали може да победи со моменталната стратегија? - НЕ
Де објасни ја стратегијава за победа?
Автоматски споено мислење:

Ne e ni tvoe da odlucuvas. Imas tuka lokalni problemi, i moes da odlucis dali kje se boris ili kje cesas jajca.

Oni tesko da se vratat u granicite od 1991, ama toa so kje ostane kje bide celosno nezavisno od Rusija.
Како беше онаа, "независни оти ништо нема да зависи од нив" ;)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.188
Поени од реакции
23.692
Моите ставови се сменија лани на 22 февруари.
До пред инвазијата јас бев про-Путин како балансер на хегемонот - САД.
До тој датум, Путин беше добриот во приказната. Без разлика што ги има сите одлики на диктатор што е тема за себе, до пред инвазијата Путин беше надежта за правда во неправедниот свет владеен од дежурниот полицаец САД. Сирија беше добар потег на Путин. 2014 Донбас беше добар потег на Путин, паравојска беа сецесионисти, не РФ војска. Крим 2014 беше преминување линија, ама имајќи предвид дека сите црноморски бази се таму - разбирлив до некој степен.
За сметка на тој потег во 2014 национализмот па и нацизмот е во подем во Украина. Не знам на кого не му е логична таквата последица, ама Донбас требаше да биде пион во таа шаховска партија а не кралица. Донбас ја спречува Украина да биде дел од НАТО, и статус кво на Путин му одговараше до недоглед.
Ама има една квака тука.
Путин е диктатор кој се грижи за својот углед, скоро како секој диктатор, тој сакаше пред да се пензионира да си оди со славје. За да си оди со славје, ќе ја покори Украина, ќе ја подели, па ќе ја присвои до Дњепар, тн Новороссија. Тука и ја усра работата.

Еве ти цитат ден пред инвазијата од мене



Јасно е тука дека ја поддржувам матната игра против западот. До овој момент Путин го држеше западот за уши и ги поматуваше сметките на америте. Северен тек 2 само што беше пуштен во употреба и спремен да штанца паричиња. Идеална ситуација според мене. Ама, мораше да се прави Наполеон.

Со навлегувањето на официјална руска армија во суверена земја призната од РФ, автоматски русите стануваат бетер од америте. Русија е гарант на украинската безбедност а всушност најголема закана.

Сега сме во парадоксална ситуација каде нацистите и националистите се лицето на правдата. Изборот е змија да те апне или магаре да ти го бапне.

Путин мора да падне ако сакаме да гледаме повторно руска правда. Мора тој џелат да умре од својот нож за Русија да си го обели образот. Проблемот е што со падот на Путин може да дојде на власт Медведев шизофреникот или некој ко Пригожин.

Украинците со своите потези покажаа дека не се жалат за татковината и заслужуваат држава. Никој, абсолутно никој се нема борено за својата земја како украинците. Можеби евреите и финците спаѓаат во таа категорија, ама разликите се огромни.

Се надевам ти одговорив
Ubavo obrazlozeno, i da vo pravo si, imame dijametralno sprotivni gledista na nestata.
Ke probam samo vo kratki crti. Rusija da, vleze totalno nespremna vo Ukraina, toa duri i ne e za debatiranje, toa e fakt. No izborot bese ili toa ili da dozvolat da gi zaobikolat potpolno, da gi matiraat. Ti vikas Putin ja preli casata so Ukraina, jas vikam bese doveden do svrsen cin so ogled na site desavki, vojni, revolucii, pucevi sto se slucuvaa vo posirokiot region i so koj Rusija kopneno se izolirase od ostatokot na svetot. Ne e tuka samo Ukraina, cel domino efekt imase na nastani, Ukraina bese posledniot od nizata. Ako ne vlezese rabotite bi bile mnogu polosi otkolku sega sto se. Daleku polosi za Rusija. Srekja vo nesrekja za Rusija e sto i zapadot( pod zapadot sekako mislam na SAD a ne na pajtasite nivni vo NATO )se brkase so vremeto i ne stigna da ja osigura Ukraina na vreme, a ne deka aktivno ne raboteja na toa. Dodusa i Rusija im pomati nekoj planovi vo megjuvreme pa i taa dobi nekoja minutka plus. Vo sekoj slucaj ispraven poteg na Rusija kade iako nedospremeni vlegoja vo Ukraina.
P.s nastrana geopolitika i dali Rusija bila vo pravo ili ne, povekjeto tuka sto se proruski nastroeni imam vpecatok deka voopsto i ne se zamaraat zosto, kako itn itn tuku od edna strana e SAD, zapadot koj bukvalno od osamostojuvanjeto ni pravat sopki, ne degradiraat na sekoj mozen naci i od druga strana e Rusija koja otvoreno im rece dosta e, pa si se vodat po toa neprijatelot na mojot neprijatel e moj prijatel. Jas sigurno si se vodam po toa, taka da duri im gi mati planovite, a im gi mati i toa salam, super se Rusite, Ukraincite koj gi ebi.
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.485
Поени од реакции
5.222
Украина почна да има фрикција со РФ некаде 2008-2009.
Еве каде е твојата грешката, не започна во 2008/9 туку многу многу порано, ако сакаш “службено“ можеби треба да се смета 2004-та како почеток (портокалва револуција), тогаш беше првиот (познат и евидентиран) обид на западната... (ЕУСА) да изврши продор.
Останатото кое си го навел за жал се полувистини и би требало простор за да се сите анализираат.

Еве да се обидам со гасот.
Украина до '90/91 беше во составот на СССР и воедно една од најразвиените економски субјекти во таа федерација.
Како последица на тоа имаше многу бенефити меѓу другото и со бенефицирани цени за енергенси, значи и за гасот.
РФ колку што е познато коректно си го плаќаше транзитот на гас преку Украина за што овие инкасираа добри износи.
Ако ние во тие '90 години плаќавме гас за 480-560 $ за м3 таа иста Украина плаќаше нешто над 120$, Германија која својот економски бим го должи на евтините енергенси кои повторно ги набавуваше од РФ, до пред санкциите таа Германија набавуваше 170 милиони(или милијарди беа, небитно за дискусијава) м3 гас по цена од 250-280$ а имаше потреби за околу околу 70 остатокот по пазарни цени го продаваше низ ЕУропска со што дополнително заработуваше, Македонија во времето кога требаше да минува турскиот тек успеа да добие намалување на цените за прв пат м3 падна под 400$ потоа дојдоа демокративе атлантисти и се отиде во 3пм.

На Украина можеби не и е даден гасот гратис (настрана тоа што постојано испумпуваше гас од гасоводот а овие во ЕУропска се жалеа-ама тоа е лоповлук и небитно е) но за цело време добиваше БЕНЕФИЦИРАНИ ЦЕНИ за гас. Енергенсите се главниот инпут во секој производ и го детерминираат економскиот развој и раст и конкурентноста, значи Украина имала повеќе бенефити од сите други поранешни членки на СССР а ги добивала од РФ.

Околу потпишувањето на спогодбата на Јанукович (2013) со РФ изнесуваш невистини. ЕУропска понуди 3 милијарди а РФ неповратни 3 плус 15 милијарди и сите останати работи кои помалку се познати... во таква ситуација ти сакаш да речеш дека Јанукович требало да одбие 18 милијарди а да прифати 3 за да не му направат државен удар, е па не се случи тоа, Јанукович ако не прифатеше реланост ќе го јадеше од народот вака го тргнаа овие од ЕУСА...

Инаку 2014 се случи како последица на интервенцијата во Сирија, таму на повик на Садат РФ мораше да интервенира затоа што беше обврзана со договор, ако тоа не го направеше со време ќе се распаднеше(се разбира со помош на федеролибералите од ЕУСА).
За да ја ослаби позицијата на РФ во Сирија овие ЕУСА одлучија да му направат беља во неговито двор па го отворија фронтот во Украина и така се почна да добива нови димензии... едно од прашањата е зошто РФ не реагирала остро во 2014 туку чекаше години за да реагира,... па самиот Путин има изјавено дека не биле подготвени како економски така ни воено (економијата ја подготвија и најдоа нови пазари за да ги амортизираат санкциите а произведоа и хиперсонично па овие од ЕУСА можат да му се фатат за најдолгото од трите и да пеат револуција) ... а всушност се ескалираше поради цивилизациски вредности (како педофилија лгбт и други возвишени западни вредности) на ЕУСА и од друга страна традиционални семејни вредности кои на почеток ги застапуваше и ги промовираше РФ а подоцна и други се приклучија - па на крајот заврши како војна на цивилизациите која е во тек со извесен крај, а тоа е крај на ЕУСА доминацијата во светот.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.876
Поени од реакции
27.061
Очај. Јад и смрад.
Јебига, сега кога се пред пораз пулените мора да се почне да се релативизира за да се дојде до подобра позиција за да побрзо се заборави допрениот блам. На почетокот битно беа самоуверени и оптимисти.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.928
Поени од реакции
42.643
искачаат полека од психозата, кај и да е кога ќе почне све да се распаѓа ќе ја прифатат реалноста.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.870
Поени од реакции
36.916
Според официјалните власти тоа е враќање на границите од 1991 и бркање на русите од украинска територија. Дали е тоа возможно? Или е научна фантастика?

Војнава да траеше 3 дена како што беше планирано тие граници ќе беа од 1991ва без Крим. Сега ај што изгубија неколку стотици илјади луѓе, па и уште територија ќе губат, пошто не се знае со колку ќе изгубат.

Дали сево ова вредеше? Ја реално мислам дека не.
За што дали вредеше бе човече? Вредеше што се бранат?

Збориш ко они да ја нападнале Русија, Бог да чува.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.928
Поени од реакции
42.643
За што дали вредеше бе човече? Вредеше што се бранат?

Збориш ко они да ја нападнале Русија, Бог да чува.
па така е, да немаше егзистенционална закана, Русија немаше да реагира воопшто. Да не се десеше тоа, Русија многу векови у иднината би ги трпела последиците од таа мискалкулација. Пошто би испаднала геополитички губитник. А украинците се само пиуни кои се искористени у целата работа, нивната борба е скроз за некој друг. Затоа е и прокси оваа војна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom