Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    740
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.928
Поени од реакции
42.642
Според пријатели украинци и нивните кажувања, можеби не е потребен, ама неизбежен. Предолго биле под руска чизма и никако не можеле да направат одлука без Путин да рече амин.
Генерално мислам дека превратите, не беше еден, се внатрешна украинска работа. Ама џабе е внатрешна кога и САД и ЕУ и РФ беа вмешани

Како може државен удар да биде демократски бе? Дај биди озбилен!

Ниту една окупација не е оправдана. Класична самобендисана безмилосна окупација. Ќе плати дебело за тоа.

Оти очигледно некој се смета за русин и има различно мислење. Според Ахмети Велес е град во Дарданија и чисто албански. Имаа албански знамиња на два пати низ цел град. Не значи дека е вистина. Едно кокиче не прави пролет

Не ни мораш, не правев муабет со тебе

Ниту е смешен ниту е точен вицот
Дали има руси во Украина ДА
Дали украинците се руси НЕ
Дали голем дел украинци имаат мајчин јазик руски ДА, ама тоа не ги прави руси.

Дури и да мислиш различно, Русија ја призна Украина како суверена држава комплет со Крим, плус гарант на Украина и беше а сепак ја нападна. Зло, дно и историска грешка на РФ
дали ти веруваш во украинска победа без руските желби да бидат исполнети?
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.874
Поени од реакции
4.578
дали ти веруваш во украинска победа без руските желби да бидат исполнети?
Рони не поставувај прашања на кои не им го разбираш одговорот.
Што е украинска победа?
Украина се брани од инвазија, победува со тоа што постои. Кога ќе капитулира или ќе ја изгуби војната, тогаш нема да победува туку веќе изгубила Украина.
Тој што се брани губи кога ќе престане да пружа отпор. Украина пружа активен отпор.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.928
Поени од реакции
42.642
Рони не поставувај прашања на кои не им го разбираш одговорот.
Што е украинска победа?
Украина се брани од инвазија, победува со тоа што постои. Кога ќе капитулира или ќе ја изгуби војната, тогаш нема да победува туку веќе изгубила Украина.
Тој што се брани губи кога ќе престане да пружа отпор. Украина пружа активен отпор.
Според официјалните власти тоа е враќање на границите од 1991 и бркање на русите од украинска територија. Дали е тоа возможно? Или е научна фантастика?

Војнава да траеше 3 дена како што беше планирано тие граници ќе беа од 1991ва без Крим. Сега ај што изгубија неколку стотици илјади луѓе, па и уште територија ќе губат, пошто не се знае со колку ќе изгубат.

Дали сево ова вредеше? Ја реално мислам дека не.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
790
Поени од реакции
1.658

Прашањето повеќе е за Русите.
Дали за Русија ќе вреди сето овоа?
Русија во случајов напаѓа,не може ти да го обвинуваш Украинецот што така фанатично ја брани земјата.
Да ти дојдам јас дома со пиштол,да ти земам една соба,па и уште да ти ја направам:Рон,немој да се браниш,можам да те убијам ако се браниш.
Што ќе правиш ти во таков случај? Ќе ми ја отстапиш собата или ќе земеш било што при рака и ќе се бориш до смрт.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
500
Поени од реакции
696
Враќањето на границите е тешко да се оствари и е невозможно, затоа што си имаш работа со земја со бесконечно ресурси и нуклеарен арсенал, како и добра воена состојба. Украинците би биле според мене задоволни доколку добијат милијарди долари помош за обнова на земјата на налик како Јужна Кореја па да се прифатат загубите на војници и територија. Подобар животен стандард да може барем малце да се направи споредба и да се заборави ова што се дешава сега..
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.874
Поени од реакции
4.578
Според официјалните власти тоа е враќање на границите од 1991 и бркање на русите од украинска територија. Дали е тоа возможно? Или е научна фантастика?

Војнава да траеше 3 дена како што беше планирано тие граници ќе беа од 1991ва без Крим. Сега ај што изгубија неколку стотици илјади луѓе, па и уште територија ќе губат, пошто не се знае со колку ќе изгубат.

Дали сево ова вредеше? Ја реално мислам дека не.
Ок, подобро поставено прашање.
Дали може да победи Украина? - ДА
Дали може да победи со моменталната стратегија? - НЕ
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.928
Поени од реакции
42.642
Прашањето повеќе е за Русите.
Дали за Русија ќе вреди сето овоа?
Русија во случајов напаѓа,не може ти да го обвинуваш Украинецот што така фанатично ја брани земјата.
Да ти дојдам јас дома со пиштол,да ти земам една соба,па и уште да ти ја направам:Рон,немој да се браниш,можам да те убијам ако се браниш.
Што ќе правиш ти во таков случај? Ќе ми ја отстапиш собата или ќе земеш било што при рака и ќе се бориш до смрт.
никој нема никого да убие, тоа се братски народи, еве у Израел за месец дена имаш три пати повеќе цивилни жртви од Украина за 2 години. Муабетот ми е дека многу повеќе луѓе изгинаа у тоа "бранење", а не се постигна никаков ефект. И после војнава многу бргу ќе следи и помирување и прифаќање на реалноста, само народот што погина за бадијала.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.325
Поени од реакции
7.076
русија напаѓа воени цели во украина додека од спротивната страна се гранатираат цивили намерно скоро секој ден...... дали е ова некоја специјална операција на украина?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
Според официјалните власти тоа е враќање на границите од 1991 и бркање на русите од украинска територија. Дали е тоа возможно? Или е научна фантастика?

Војнава да траеше 3 дена како што беше планирано тие граници ќе беа од 1991ва без Крим. Сега ај што изгубија неколку стотици илјади луѓе, па и уште територија ќе губат, пошто не се знае со колку ќе изгубат.

Дали сево ова вредеше? Ја реално мислам дека не.
Ne e ni tvoe da odlucuvas. Imas tuka lokalni problemi, i moes da odlucis dali kje se boris ili kje cesas jajca.

Oni tesko da se vratat u granicite od 1991, ama toa so kje ostane kje bide celosno nezavisno od Rusija.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.928
Поени од реакции
42.642
Oni tesko da se vratat u granicite od 1991, ama toa so kje ostane kje bide celosno nezavisno od Rusija.
што ако Русија не сака, може некој да ја спречи? Ќе им рече чекајте луѓе ова е скроз независно од вас:icon_lol:
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.485
Поени од реакции
5.222
@Klinton
ОК, сега ми е појасно.

За демократскиот државен удар те молам не ми се лути, демократите така го нарекоа не јас, јас само пренесов нивно видување.
Јас напишав воена интервенција ти ја нарекуваш окупација, во ред, секој има право да се прави ..п колку сака само да не злоупотребува.
Ова е форум поставив прашања кои ги наметна самиот со коментарот, пристојно се обиде да појасниш и не мора сега да го расипуваш тоа.
Колку што знам и денес Рф ја признава Украина и Украинците, проблемите не се околу тие прашања...

..ќе се обидам преку паралела да појаснам...
Пред повеќе децении Македонија беше сметана за јужна бановина, потоа Србија ја смени политиката и ги призна и Македонците и македонската држава...
Во 1999 Македонија дозволи на ОТАН да врши напади врз Србија (пред некое време дури имаше шпекулации дека Доста и Боро отварале шампањац кога почнале нападите) и не само тоа туку Македонија го призна и Косово, а од друга страна вели дека е пријател и има пријателски односи со Србија, ситуација јебе луд збуњеног.
...е сега гледај вака Руската Федерација се плашеше токму од тоа таа демократизирана Украина да им послужи на ОТАН за да работат и напаѓаат од територијата на Украина, се разбира претходно преку демонизирање на власта и Путин и дехуманизација на самите Руси.
Русите бидејќи не се тупи и глупи многу добро тоа го знаат и за да се заштитат се одлучија на интервенција.
Тоа што таа интервенција донесе стотици илјади жртви пред се е заслуга на демокративе и ОТАН како нивна ударна тупаница.
РФ ја призна и и гарантираше безбедност на Украина први таа безбедност ја нарушија САД и ОТАН, тоа го направи со државниот удар, после тоа РФ според многумина не беше обврзана да гарантира никаква безбедност на Украина затоа што таа Украина како играчка на ОТАН (ЕУСА) ја загрозуваше безбедноста на Русија. И Меркел и Оланд и не знам кој се потврди дека минските спогодби биле смислени со цел Украина да се претвори во оружје на ЕУСА ама ти и понатаму веруваш дека не е така.
 
filjandecko

Komandant benzini-HAVUZ
Член од
5 мај 2012
Мислења
343
Поени од реакции
403
Украина е колатерална штета на западната политика,да го забави глобалнот процес на промени ,нешто како предгрупа на концерт,,да ја забавува,загрева публиката додека неспремниот организатор поставува звучници,кабли и цело време му пагат осигурачи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom