На голем дел од прашањата одговори со контрапрашање (навика) ама ќе ти одговорам и ќе ти поставам нови.
Нормално е на секој што ќе дојди дома и ќе гибни некој од фамилијата да му ја здробам главата, како што не постои човек на планетава земја што не би го направил истото. Лош ти е примерот, зошто никој не му отиде дома на Русите. Украина не им е дом на Русите. Русите им отидоа дома на Украинците.
Во Југославија, голем дел од народите живееа добро до војната. Имаше мешани бракови, луѓето беа насекаде распространети. Милошевич, мислејќи дека Србија има суверено право на голем дел од територијата влезе во војна, кој страдаше? Населението. Мешаните бракови, мешаните фамилии - без разлика на територијата.
Во Украина имаш ти места со чисто Руско население, население кое живееше океј и кое живееше во независна држава. Потоа дојде шарената револуција во 2014, Мајден, преврат и на крај истите тие дојдоа да бидат 8 години тероризирани од Азов и слични ЧИСТО нацистички групации.
1. Кажи ми, дали е тоа во ред што му се случуваше на Украинското и Руското население кое живееше во Украина во периодот 2014 - 2021?
2. Русија нападна суверена држава, точно, после превратот од Шарена куртонијада.
Еве директно прашање и за тој дел. Се согласувам дека Русија влезе на туѓа територија (факт, нели? наративот ЗОШТО ќе го оставиме пошто 1000 зошто, 1000 затоа таму нема да се согласиме сигурно ако разглабаме зошто), прашањето е:
ДАЛИ после нашата шарена куртонијада во 2016 и превземањето на власта на тој начин од страна на Заев, ДУИ и Калето ПО НЕКОЈА СЛУЧАЈНОСТ им прднеше на Србите да влезат во Скопје, да го исчистат шлајмот од шаренокуртоноиди (пошто сами очигледно не не биваше да си го исчистиме т.е. Груевски се пазари пошто газот му беше валкан од криминали и ПЛУС немаше големи играчи зад себе па да продолжи нешто налик на Ердоган, гарант ќе јадеше метак во чело) ДАЛИ тоа ќе беше океј или подобро е ова што сега ни се случува во СОПСТВЕНА држава да ќутиме и да клепаме под албанска чизма, грците да ни сменат име и устав и на бугарите да им се напучиме па да ни прават реденка?
Косоварите веќе ни направија кога ги примивме 400.000 и им дадовме храна, засолниште, а потоа и лични карти и пасоши со текот на годините.
Фала Богу дека не е океј она што САД го прават во моментов во Македонија, на секој нормален човек не би му било ок (нормално освен нашето признавање за независна држава, и признавањето под уставно име). Ама дали тоа треба да значи дека треба да се согласам со тоа што Русија ја окупираше Украина?
МИЛО ми е што сметаш дека не е во ред САД на кој начин не трти 30 години и се согласувам дека Русија има нешто што прави во Украина што не е во ред (ПОТОЧНО, мене не ми се свиѓа секоја војна, без разлика на причините).
Еве го следното прашање, ДАЛИ за тебе е во ред тоа што го прави другата страна? Украинската?
ОЧИГЛЕДНО е дека имало исчекор од руска страна кон потпишување на некој договор и отстапки од русите, најверојатно и онаа лејката украинска се согласила НО експресно Бајден се нацрта во Киев и пу пу не важи ништо од договорот.
Тоа за тебе е во ред?
ДАЛИ е во ред НАТО или било кој да се бори во име на Украина до последен Украинец? Ваљда не си до толку наивен да мислиш дека сега Зеленски делува самостојно и не е под никакво влијание за војнава директно од САД и од „пријателите“ од ЕУ.
ДАЛИ тие пријатели не треба да го советуваат да седни на зелена маса наместо да го вооружуваат и да го туркаат во депопулација?
А ако ја рокнат Русите наместо Украинците? Двете страни се обвинуваат дека спремаат такво сценарио. И Украинците ги обвинуваат Русите, и Русите ги обвинуваат Украинците. Еве што ако Русите и вистина тие ја рокнат а не Украинците?
1. Се сложувам, точно е. Реално гледано на Украина најмногу им одговараше да бидат неутрални. Но сепак, мора да се сложиш, секоја суверена држава има право самата да си го трасира патот на меѓународната политика. Од една страна велиш Америте се мешаат во Македонија и тука не чини, а од друга страна критикуваш држава која решила сама каде да оди, и не ја послушала Русија. Дали била излажана, изманипулирана? Секој си толкува посебно..Ете тие сметаат дека од Русија му е збоктисано, па мењаваат страна.
Мислам дека и сам не веруваш дека Украина самостојно се одлучи да смени правец. НЕЛИ имаше шарена револуција? Мислиш дека шарената револуција нема западно масло? Кој прави шарени револуции по светот?
Јас толкувам дека биле изманипулирани и биле исто толку кусогледи колку што сме биле ние во 2016,
затоа банана држави како нив и како нас го плаќаат цехот на кусогледоста.
2. И Украина е наивец, да. Нивни народ гини, но и Русија. Не смееше да си дозволи ваква операција на Европско тло, прва од ваков обем по 1945 год. Она што го бара по воен пат, јас мислам дека со малку повеќе работа на разузнавањето и контраразузнавањето ќе го добиеше и по мирен пат Русија од Украина.
Војни во 21 век не оправдувам и јас, не ја оправдувам ни оваа. Се поставува прашањето: Колку војни започнала Русија, а колку НАТО и земји подбуцнати од УСА? Во колку држави САД носеше демократија?
Океј, ти мислиш дека ќе го добиеше по мирен пат, јас искрено се сомневам но секогаш оставам простор за договори и преговори.
Еве имаа Мински договор од 2015, зошто не го почитува западот туку ја втурнува Украина во вакви глупости со директна поддршка на групи како Азов? Зошто договорот кој го посочува Путин не е испочитуван?
3. Двор е нешто што е во ТВОЈА СОПСТВЕНОСТ. Ти можеш да си кажуваш што ќе ти се дешава во дворот, но надвор од дворот тоа е веќе друга приказна.
Како не е двор? Живеат ли македонци во соседна Грција? Живеат ли срби во Куманово? Живеат ли Македонци во Голо брдо, во Мала Преспа?
Тоа што во Егејска Македонија не касапеа со касетни бомби Британците, а што на терен со бајонети не касапеа Французите и Грците ВО НАШ ДВОР е океј? Дали МКД ако беше воено способна требаше да ги прегази или да си ќути?
Она што Азов го прави после 2014 извини ама е класичен терор и нацизам пар екселанс. ТОА за мене е доволна причина да влези Путин со СЕ што му е на располагање и да коси. Но тоа е само мое скромно мислење, сепак тој ете е потрпелив од некој како мене, затоа и е Претседател на држава, а не некој со јузер на кајгана.
Уште едно прашање:
Доколку утре на некој во Тексас му прдни да се отцепува или на Алјаска му прдни дека сака ПОВТОРНО да е Руска или на КАНАДА и прдни преку власт иснталирана со Шарена куртонијада да се припои кон КИНА или РУСИЈА, дали тогаш УСА има право да влези и да ги направи пепел?
Пред да ми одговориш не, тоа е суверена држава и нивно право како ќе одлучат, два пати размисли колку одлуката е самостално донесена и два пати размисли кој е кој во приказната. САД и Русија се светски велесили, не можеш да им одиш дома и да им ставиш нозе на маса. Тоа функционира во банана држави каде се спроведуваат Шарени куртонијади.
4. Да, точно. Тие си го гледаат нивниот интерес. И Русија,Кина,Германија,Шпанија,Мароко да беа на нивното место, истото ќе го правеа. Како што своевремено го правеше Рим, Цариград, Отоманите, Царска Русија итн.. Така било милениуми наназад, така е и сега. По 30-40-100 години можеби Кина ќе биде на местото на Америка, ќе го прави истото што го прави Америка. Порано имаше модерно ропство, денеска империите одат со посебни и пософистицирани методи, ти ставаат квислиншка власт и те раководат, не мора да те освојуваат со војска.
Значи, според тебе, во ред е да се случуваат преврати преку Шарени револуции пошто тоа е „пософистициран метод“ ама не е во ред да му влезиш клизачи со Калашњиков и со по некој Сухој?
За мене не е во ред таков начин на менување на власт.
5. Живи били па видели. Јас мислам дека за радиоактивното зрачење сеуште владее свест и кај Русите и кај Украинците, и мислам дека нема да се случи.
Можеш да мислиш и да се надеваш, но за бадијала не даваат такви изјави Украинците. Видовме со каква леснотија срушија брана, видовме со каква леснотија голтаат што им се сервира и на крај свеста која владее и кај руси и кај украинци е небитна кога има говеда летнати со паметот кои го рушат Северен ток и на кои најмалку битно им е дали Запорожје ќе засветка бидејќи истото не е на Флорида.
Грешка си..Јас дури на тие што ги спомна антон и остала комуњарска компанија им имам реплицирано дека со нивните писанија тука ќе ме направат најголем фан на Путин
Мило ќе ми е на некоја таква амеба да му згазниш на жуљ бидејќи луѓе што јадат пари од НВО се најголемите паразити на едно општество.
Подолен слој не постои.
Се надевам нема на прашањата да ми одговориш со прашања. Туку со одговори, а ако имаш нешто да прашаш за мој став понатаму, бујрум.