Вака првични впечатоци со овој Суровикин е дека има позитивна промена во начинот на кој Русија ја води војната. За разлика од иницијалните спринтови кон Киев како муви без глави и фронталните напади на Дворников каде што се губеше еден тон опрема и луѓе за да се заземе едно село кое е срамнето со земја, делува дека Суровикин разбира за што е способна руската војска во моментов. Суровикин изгледа е свесен дека Руските воени сили во моментов се руска салата и имаат нула капацитет да спроведат некоја посериозна офанзива од напад на некое напуштено село и имаат потешкотии да го одбранат тоа што е заземено. И што е побитно изгледа ги има убедено Путин и политичкиот врв околу него дека Одеса и слични екскурзии ќе треба да почекаат подобри времиња и дека ситуацијата на теренот е лоша.
Таа свесност за фактичката состојба е многу битна бидејќи кога човек е свесен за реалноста може да носи рационални одлуки а не да фантазира. Следствено на тоа, се реши за користење на нивното доминантно оружје - ракети со долг домет и дронови. Суровикин изгледа е свесен дека треба да “купи време” за да дојдат мобилизираните и да се регрупира војската, па според тоа го користи нивното доминантно оружје со таа цел, а тоа е уништување на енергетската инфраструктура во Украина.
Со оглед на тоа дека нападот како одговор на бомбардирањето на мостот во Крим испадна дека не е “one time thing” туку дел од поголема слика, таа стратегија веќе раѓа со плод. Украина сега спроведува целосни рестрикции четири часа во денот, а многу региони блиску до фронот се скоро по цели денови без струја. Спремање на големи контра-офанзиви и немање на струја не одат рака под рака. Мислам дека овие напади веќе влијаат на украинската способност за спроведување на офанзиви со што Русите успешно спроведуваат активна одбрана преку уништување на енергетскиот сектор. Вториот проблем од ваквите напади и уништување на цивилна инфраструктура е тоа што има сериозен деморализираефект и покрај тоа што ја отежнува воената логистика, влијае сериозно на секојдневниот живот на украинците.
Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата во наредните три четири недели и дали Украинците можеби ќе ја откажат офанзивата или сепак ќе се обидат да ја спроведат.
Русија по се изгледа добива командант кон е свесен за предностите и слабостите на Русија во Украина.
Можеби... А можеби само си правиш површна проекција на сопствените предрасуди.
Според мене доаѓањето на Суровикин едноставно го означува преминувањето на следната фаза во војната. Нешто планирано во рамките на широкиот план, како и повеќето работи.
Дека е направен релативен воен максимум со бројчан хендикеп од 1 спрема 8 во људство, тоа мислам дека никој објективен аналист не може да го спори. Дека не е можно понатамошно офанзивно делување во услови кога противникот ескалира и игра на единствената карта во која има надмоќ - бројност - и тоа сметам дека никој објективен не може да го спори. Дека го истрошија противникот и материјално, а делумно и во човечки кадар (посебно поискусните војници) и тоа мислам дека никој објективен не може да го спори.
Мислам дека реакциите на противникот јасно кажуваат кој победува овде, недвосмислено јасно: Трупање НАТО војска на границите на Белорусија (наводно и во Романија). Плачење од генералштаб на САД дека ако Русија победи тоа ќе биде крај на „rules based international order“. Уништување на гасоводи во меѓународни води. Тероризам. Дневно гранатирање на нуклеарната централа во Запорожје. Најави за безумни моменти како рушење на браната пред делтата на Дњепар. Најави за нуклеарен фолс флаг во Украина... Сето тоа се очајни потези на страна која е пред пораз.
Што се тиче украинската офанзива, сега кога Русите (барем делумно) се укопаа и се подготвија за дефанзива, ИСИС стил на напад претежно со пешадија ќе биде како ставање месо во мелница. Само со очајнички потег како рушење на браната може да направат шанси за некаков успех, а без ПВО решение за крстосувачките проектили и дроновите целата држава им е sitting duck како што велат Америте.
Најсмешното е што ова можеа да го направат од првиот ден. Ама не го направија, одеа фаза по фаза и постигнаа неколку видливи и неспорни цели... Ако цената е луѓето што претежно следат западни медиуми - мислат дека руската армија е неспособна и „среќа“ нивна што имаат ракетни проектили - тоа е мала цена за плаќање. Слободно продолжете да ги омаловажувате.
