Бугарија би можела да и го направи на Македонија, ова што Русија и го прави на Украина денес. Двете се на исток, двете стремат кон западен сосед. Двете се поголеми. Двете се сколни на убиство и силување. Двете чезнеат кон економска експлоатација на неискористените ресурси на својот западен сосед.
Тогаш ќе се види вистинско лице на многумина овде. Затоа што исто како што и овде во оваа тема, дежурните се на страната на Русија. Така и во другото сценарио, би биле на страната на Бугарија, би биле горди, македонски Бугари. Иако пробуваат да се продадат за патриоти, овде.
Ова е тролање?
Бугарија воено нема да смее ништо да преземе од страв од некои поголеми играчи, а без да имаат претходно заштитен грб од страна на некои големи сили.
А тешко дека некоја голема сила од типот на Франција, Германија, САД.... ќе ја заштити Бугарија додека тие би ја нападнале нашата државичка. Што мислиш, една соседна земја на Бугарија ќе седи со скрстени раце додека овде навлегуваат Бугарски тенкови? Нема, таа соседна земја зас возврат ќе бара тогаш нешто од Бугарија за големото свое малцинство на југоистокот од Бугарија. Се знае на која соседна држава на Бугарија мислам овде.
За болдираното, кои тоа ресурси ги има нашата државичка па да чезнее Бугарија да ги економски експлоатира?
Украина да, навистина има огромни ресурси од рудници и останати минерали, ние тоа го имаме многу малку во споредба со Украина.
Единствена логика за Бугарија и резон е, кога хипотетички би се припоила источната половина од нашето државиче кон составот на Бугарија, тогаш за минимален процент би се подигнал процентот и бројката на православното население во таквата проширена Бугарска држава.
Моментално во Бугарија мака мачат со негативен наталитет кај православните и со позитивен наталитет кај муслиманите Турци и Роми.
Со потенцијални 1 милион православни од нашето државиче Бугарија на момент ќе го намали притисокот од споменатите малцинства. Само ова е придобивка за Бугарија, друга тие немаат придобивка.
Гледаш дека ние ниту зејтин немаме доволно, па покрај од Србија, дури и од Бугарија увезуваме зејтин. И некој нас економски ќе не експлоатирал?