Политиката и идеологијата на Русија спрема Украина и онаа на Бугарија спрема Македонија се идентични, копи-пејст. Нема таква нација, комунистите ве измислија, уствари руски/бугарски ви е јазикот итн.
Има 2 групи со очигледно лицемерие за 2 идентични ситуации. Првата се нашите Македонци русофили, што ја поддржуваат оваа политика на Русија спрема Украина а од друга страна ја пцујат Бугарија за истото (на форумов се пцујат со татари на други теми па дркаат на Русија на оваа тема 5 минути подоцна). Небитна група во секој случај, тоа што Трајко и Петко се разведени со логика и конзистентност во ставови нема никакви последици освен читање бљувотини на небитен форум.
Втората, потажна и позначајна реалност е што ЕУ и Западот од една страна дигаат галама за културен геноцид од страна на Русија кога овие зборат како Украинците се измислена нација, солзи капат, пискотници се слушаат ... од друга страна кур ги боли кога нивна членка ја има буквално истата идеологија и стратегија спрема друга, помала земја. Да имавме способни политичари, лобисти, ќе направевме нешто од ситуацијава со очигледните двојни стандарди и лицемерие. Испрати ги у пм, кур ќе ми е членство во вакви организации. Ама ќе нема за што да се пишува во програма и збори на митинзи после...не дај Боже економија нешто, шо ќе ни е. Битно ЕУ 30 и кусур години.