Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Руските власти никогаш не подржувале и нема да подржуваат нацисти,апсурд е да очекуваш такво нешто од мајката на комунизмот,а воедно и земјата што највеќе настрадала од тој нацизам.Да во Rусија има доста нацисти,поготово меѓу навивачите,али у 150 милиони мора да се најдат неколку илјади блесави.Али за разлика од Украина,Грција нацистите у Русија не седат у парламент.
Русија не е мајка на Социјализмот/Комунизмот туку прва земја(по пат на крвавата Октомвриска револуција од 1917 год. и соборувањето на царот) во која се имплементира тој политичко-општествен систем, творците т.е. татковците на таа идеологија и систем(Маркс и Енгелс) не се Руси туку Германски Евреи мислам ... мајка на Комунизмот my ass затоа Сталин после 2 с.в. потепа 20 милиони Руски националисти а пак Украинците ги прегладна со тоа што житото од најголемата житница во поранешниот СССР Украина го распределуваше ширум сите региони на СССР цехот за тоа го платија Украинците со скоро 10 милиони народ(Голодомор/Холодомор) но сепак погрешно е Украинецот да го обвинува за тоа Русинот бидејќи системот и власта тогашни се виновници за тоа !
Русите и Украинците сепак и после се се два слични и братски народи и голема штета им е меѓусебната конфронтација !
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Некој што е покомпететен на ова да ми одговори . Зошто руските служби не направат контрареволуција за повторно проруска партија да ја преземе власта ? Или можеби ја чуваат војската како свој последен адут за воен удар ?
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
http://off.net.mk/vesti/svet/govorot-za-ukraina-i-krim-koj-go-razdrma-germanskiot-bundestag

Поинтересни точки:
  • Дури и кога некој ги осудува постапките на Путин, тој мора да погледне и како дошло до целата конфронтација. И ќе ви кажам многу јасно: Сè што НАТО и ЕУ можеа погрешно да направат, беше направено погрешно.
  • Геншер и други министри за надворешни му рекоа на Горбачов: нема да се случи ширење на НАТО на Исток. Ова ветување беше прекршено. Се случи радикално ширење на НАТО кон Русија.
  • Беше донесена одлука за поставување ракетни станици во Полска и Чешката Република. Руската влада рече: "Ова преставува причина за загриженост за нашите безбедносни интереси, не го сакаме ова". На Западот не му беше гајле и сепак го направи тоа.
  • НАТО сериозно и постојано го нарушува[е меѓународното право во југословенската војна. Во меѓувреме ова беше потврдено и од поранешниот канцелар Шредер. Србија не нападна друга држава и немаше одлука на Советот за безбедност на ОН. Сепак беа фрлени бомби и за прв пат од 1945-та, со учество на Германија. На граѓаните на Косово им беше дозволено да се отцепат од Србија со референдум.
  • Во тоа време силно ги критикував овие прекршувања на меѓународното право и ви посочив дека со случајот Косово се отвора Пандорината кутија. Затоа што ако ова се дозволи во Косово, тогаш мораш истото да го дозволиш и во другите региони. Ме навредувавте. Не го сфаќавте ова сериозно.
  • Зошто не прашате судија дали кражба направена од благородни побуди не е кражба во споредба со кражба направена од неблагородни побуди. Тој ќе ви каже дека тоа останува кражба. Тоа е проблемот. Тоа е проблемот!
  • Русија со Елцин, кој често беше пијан, вие повеќе не ја сфаќавте сериозно. Ама ситуацијата се промени.
  • Украинското општество е длабоко поделено. Источна Украина е склона кон Русија, западна Украина кон Западна Европа. A vо овој момент, нема ниту еден украински политичар кој може да ги претставува двата блока на општеството.
  • На Мајдан, имаше многу демократски сили. Ама исто и фашисти. Западот беше директно и индиректно инволвиран. И потоа министерот за надворешни Стајнмаер, францускиот и полскиот министер за надворешни потпишаа договор за Јанукович и опозицијата. И сега вие Велите, г-не Министер за надворешни, Јанукович го поништил договорот со тоа што избегал. Погрешно. Луѓето на Мајдан го одбија договорот со големо мнозинство. А вие, г-не министер за надворешни, исто така не го промовираше таму договорот. И само откако тој беше отфрлен, Јанукович го напушти Киев. Потоа, Парламентот се собра, и тие го сменија од позицијата со 72,88% од гласовите. Сепак, според Уставот потребни се 75%. Сега г-дин Ротген и останатите велат, знаеш, за време на револуција не можеш буквално да го спроведуваш Уставот, што прават разлика неколку проценти плус или минус?...
  • Исто така, за време на гласањето, во салата беа присутни вооружени војници. Ова не е многу демократски. За време на референдумот на Крим во недела, исто така ќе има вооружени војници. Исто така не многу демократски. Интересно е и дека вие, г-ѓо Канцелар, велите, дека таков референдум е забранет со украинскиот устав. Па кога треба да се почитува Уставот, а кога не? Кога протерувањето на претседателот од функцијата е (дозволено), а референдумот за Крим не е? Треба да одлучите дали ќе го прифатите Уставот како целина или само во посебни случаи кога така ви се допаѓа.
  • Потоа се формираше нова влада. Директно прифатена од претседателот Обама, исто така и од ЕУ, исто така и од Германија. Г-ѓо Меркел! Заменик премиерот на оваа влада, министерот за одбрана, министерот за земјоделие, министерот за животна средна, јавниот обвинител... се фашисти! Првиот човек на националниот комитет за безбедност е ко-основач на фашистичката партија Свобода. Фашистите имаат важни позиции и доминираат, на пример, со безбедносниот сектор. А фашистите никогаш се немаат своеволно откажано од власта кога еднаш ќе освојат дел од неа. Барем Германија требаше тука да има повлечено линија, посебно заради нашата историја.
  • Сметките на Јанукович и неговите подржувачи се блокирани бидејќи украле државни фондови. Моето прашање е: Вие не го знаевте ова? Второто прашање: Зошто само нивните сметки? Што е со милијардите на олигарсите што ги поддржуваа другите, зошто не се вмешате и таму?
  • Дипломатијата има само еден исправен пат: Запад мора да ги призне легитимните безбедносни интереси на Русија на Крим. Истото го смета и американскиот секретар Кери. Мора да најдеме статус за Крим, со кој и Украина и Русија ќе можат да живеат. Мора да ѝ гарантираме на Русија дека Украина нема да стане член на НАТО.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Добра споредба:
Украинските политичари ја уништуваaт Украина, македонските одат по нивниот пат
Украинците се блиски до Македонците не само според историската судбина, туку и затоа што не учат од својата историја.


Украинската земја и население биле покорувани од Полјаци, Литванци, Руси и Австријци. Македонската територија и народ – од Грци, Бугари, Албанци и Срби. Проблемот и на украинскиот и на македонскиот народ е што не разбираат (да ги парафразирам зборовите на Черчил) дека нема вечни непријатели, но има вечни интереси. За разлика од прагматичниот западен свет, словенските народи си останаа романтичари, емоционално и историски оптоварени и искомплексирани. Од тие причини и Хитлер и Черчил ги сметале Словените за пониска од англо-саксонската раса, способни да бидат само робови и топовско месо во време на војни. Општопозната е глупавата омраза меѓу Србите и Хрватите и вообразеноста на Словенците во однос на едните и на другите. Во различни историски периоди имало напрегања и меѓуУкраинците и Русите, меѓу Украинците и Белорусите. Традиционална е омразата, пак, на Полјаците спрема Русија. Денес Црногорците и Србите се гледаат како мачето и кучето. Во своите „Записи“ (1875-1878), рускиот амбасадор во Османлиската империја, грофот Игнатиев, пишува: „Расната посебност на Словените, за разлика од Германците, се состои во стремежот на секое племе, на секој клон од едно исто семејство, да ја зачува својата самостојност и разновидност, со тоа што нема да се потчинат едно на друго. Тие би можеле постепено да се обединат преку еден заеднички литературен јазик и само во форма на одбранбен сојуз, кој би ги обединил нивните борбени сили против заедничкиот непријател и би ги потчинил на една заедничка дипломатска и економска цел“. Како најголема словенска држава, Русија се обидуваше да ги раководи и да ги контролира другите словенски народи, па оттаму се и историските компликации меѓу неа и нив. Во исто време, во своите обиди да си ја зачуваат самостојноста од Русија, словенските држави се претвораа во пиони на западниот свет и негово политичко и воено оружје.

Романтизмот е убавo својство, но тоа треба да се пројавува само во приватните, во семејните односи. Западниот свет е лишен од романтика и приватно, и во државно-политичките односи. Во словенскиот свет е обратно – романтиката доминира и во едната и во другата насока. Тоа не дава можност успешно да се бранат националните интереси.

Што е национален интерес?

Од древноста до денес тој вклучува неколку работи. Прво, територијална целокупност и независност на државата. Второ, заштита на националниот идентитет, што значи јазик, историја, култура и традиција. Трето, висок просечен стандард на граѓаните на државата. Се друго – карактерот на државното уредување, потпишување или суспендирање договори, водење војни или склучување мирни договори, членство или откажување од членство во политички, економски, воени блокови и сојузи може да бидат не цел, туку само средство за остварување на националните интереси.

Украина е една од големите држави во Европа со нејзиното 50-милионско население. Таа граничи со Русија, а значителен дел од нејзините граѓани се Руси. Тоа значи дека територијалната целовитост на Украина зависи од нејзините добри односи со Русија. Животниот стандард на Украинците исто така зависи од трговијата со нејзиниот северен сосед. Освен тоа, Украина е диспечер во транспортирањето на руски гас кон Централна и Западна Европа. Заради таа нејзина улога таа користеше преференцијални цени за своите граѓани. Тие факти покажуваат дека националните интереси на Украинците и на Русите објективно се совпаѓаат и доколку повеќе се задлабочат и двете држави ќе имаат полза од тоа. Од тие причини Русија и предложи на Украина да влезе во нејзината царинска унија, каде што се Казахстан и Белорусија. Предностите за тој акт се очигледни. Русија има население од 145 милиони луѓе, Казахстан – 15 милиони, Белорусија 10 милиони. Заедно, станува збор за пазар од околу 170 милиони луѓе, а да не заборавиме дека во иднина кон царинската унија ќе се приклучат и други држави. Украинските стоки без проблем ќе може да се пласираат на тој пазар, без уцени и без претензии какви што имаа при трговијата со Европската унија. Освен тоа, Русија објави дека ќе го финансира украинскиот државен долг со 15 милијарди долари и ќе ја намали цената на гасот за Украина за една третина.

Што и предложи ЕУ на Украина во споредба со руските понуди? Да потпише договор за слободна трговија и договор за асоцијација со ЕУ, плус помош од 2 милијарди евра. Договорот за слободна трговија значи Украина да се согласи на својот голем пазар да увезе западни стоки, а во исто време да договара квоти за извоз во Унијата. Всушност, ЕУ сака да ја претвори Украина во свој полуколонијален поданик, како што направи како со членките Бугарија, Романија, Словенија, Полска. Целта на САД, пак, е Украина да влезе во НАТО за американските ракети да може да бидат инсталирани на границата со Русија. Само идиоти не можат да ја видат таа стратегија на САД и на ЕУ. Украинските политичари, всушност, се покажаа идиоти, а некои од нив се дебело поткупени од Запад.

Западната стратегија за Украина се виде уште во 2004 г. во времето на т.н. портокалова револуција. Всушност, повеќе од две децении по паѓањето на Берлинскиот ѕид, американскиот државен тероризам е надвиснат над сите континенти. Во Азија – Ирак, Авганистан. Во Африка – Либија, Сирија, Египет, Сомалија. Во Европа – Југославија, а потоа Србија, Македонија во 2001 г., Украина. Освен тоа, во поранешните заткавкаски советски републики итн. Кандидатката за претседател на САД во 2016 г. Хилари Клинтон го нарече Путин - „Хитлер“. Во праксата, американските фашисти го надминаа Хитлер затоа што тој не војуваше на сите континенти. САД го надминаа Хитлер и затоа што тој ги користеше, а не ги разурнуваше инфраструктурите на завладеаните држави. Либија со Гадафи беше четврта според економскиот развој и животниот стандард на населението во Африка. Денес е претворена во пустош. Иста е ситуацијата и во Ирак, Авганистан, Сирија. Со бомбардирањето на Србија во 1999 г. САД и НАТО ја уништија инфраструктурата за повеќе од 100 милијарди долари. Фрлија повеќе од 10 тони осиромашен ураниум, кој многукратно ја зголеми смртноста на целиот Балкан. Нема држава во која влегле Американците, а таа потоа да напреднала. Украина веќе го загуби Крим, во иднина веројатно ќе ја загуби и својата источна половина. За Западот таа просто е жртвено јагне, колатерална штета во војната против Русија. Западот нема ниту желба ниту волја за воени дејствија против Москва. Затоа и објавува економски „санкции“ против Русија. Тоа веднаш покажува дека, имено, Русија е неговата цел. Украина, Господ да ја прости!

Судбината на Украина е предупредување за македонските политичари. Украина ни е блиска, зашто пријателски е расположена спрема Македонија. Зашто во неа има многу Украинци -македонисти. Во тоа се уверивме пред две години, во времето на Седмицата на македонската наука во Украина. Во Киев и во Харков. Всушност, Харков има население колку цела Македонија. Само економските односи меѓу нив се доволни за македонската трговија. Но, голем дел од македонските политичари, слично на украинските, се неразумни, а друг дел – дебело поткупени. Впрочем, обрнете внимание на разликата меѓу Русија и САД. Во времето на студената војна Американците ги поткупуваа само врхушките во социјалистичките држави. Тогашниот Советски сојуз, пак, за да ја држи Бугарија како свој сателит, секоја година и пушташе по околу 3 милјарди долари неповратна помош преку нафта и оружје. На тој начин и обичниот бугарски граѓанин живееше добро. По 1991 г. од позиција на единствена суперсила САД даваат се помалку пари, а имаат се поголеми претензии.

Во моментов, еднакво се загрозени и македонскиот идентитет, и македонската држава. Загрозени се и од надвор, и од внатре. За разлика од Украина, која ЕУ сака да ја приклучи, на Македонија и става вето за членство. Бара да се откажеме од од своето име, т.е. од својот македонски идентитет, јазик, историја, култура и традиции. Нашите политичари ги продолжуваат напорите да влезат во таа фашизирана Европа. Слично како украинските. Сите гледаат дека САД, преку македонските Албанци, ја уриваат македонската држава, а ги продолжуваат напорите да се пикнат во НАТО, кадешто веќе се македонските непријатели Грција, Бугарија и Албанија. Тоа е самоуништувачки синдром. Ако Албанците и САД сакаат да ја уништат Македонија, а ние сами не можеме да се одбраниме, елементарната логика наложува да побараме сојузници кои се алтернатива на таа закана. Во спротивно, на непријателите им велиме: „Дојди Волчко, изеди ме!“

Стефан Влахов - Мицов
http://www.mkd.mk/kolumni/ukrainskite-politichari-ja-unishtuvat-ukraina-makedonskite-odat-po-nivniot-pat
[DOUBLEPOST=1395967354][/DOUBLEPOST]...Најголемиот силеџија во светот проповеда мир и љубов. А гласници му се неговите летачки убиствени роботи. А чувари му се обезбедувачите во тајните затвори на ЦИА. А НСА ги надгледува оние што се непослушни...

http://www.mkd.mk/svet/analizi/chekaj-chekaj-shto-obama-reche-deka-invazijata-vrz-irak-ne-e-tolku-losha-kako-krim
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Почнуваат проблемите за „револуционерите“. Штета што го тргнале видеото.

http://lokalno.mk/desniot-sektor-upadnaa-vo-radata-vo-kiev-vo-zhivo/

“Десниот сектор” упаднаа во „Радата “ во Киев (ВО ЖИВО)

Активистите на “Десниот сектор” ги исполнија заканите дека ќе се одмаздат за смртта на Александар Музичко и упаднаа во влезот на Врховната рада во Киев. Тие сакаат оставката на Арсен Аваков, кого го обвинуваат за смртта на Сашко Белата, како што е попознат прекарот на нивниот лидерот.Претставниците на “Десниот сектор” веќе ги блокирале пристаипите и кон зградата. Се закануваат дека ќе навлезат во внатрешноста и чекаат претставник на власта, кој ќе преговара со нив, јави РИА Новости.

Кон зградата на Врховната рада продолжуваат да пристигнуваат нови и нови активисти. Викаат: “Аваков надвор!” Во моментов таму се групирани околу 250 претставници на “Десниот сектор” со маски и палки. Сите пратеници и соработници на Врховната рада успеаја да го напуштат украинскиот парламент, во него се наоѓаат само чуварите, кои имаат подготвено одбрана, со вода кон напаѓачите.

До сегашните немири дојде откако Сашко Белата, прочуен по својата свирепости лидер на националистите, беше убиен за време на рацијата за неговото апсење. За него беше распишана потерница во врска со тужба против него за напад над украински обвинител. Според очевидци за време на рацијата Музичко пукал неколку пати и е ранил полицајци. Подоцна беше распространета информацијата дека Сашко Белата е пукал сам. Од “Десниот сектор” сепак за смртта го обвинуваат министерот Аваков и тврдат дека практично тој го режирал убисатвотона нивниот лидер.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Ќе го пиши ли овој идиотски потег во отчетот на Хорхе?!? :tapp:

Позитивни оценки за поддршката на Македонија на Резолуцијата за Украина

Одлуката Македонија да го поддржи територијалниот интегритет на Украина е позитивен надворешно-политички потег на земјава, едногласни се во своите оценки експертската јавност.

Македонија беше една од 100-те земји кои гласаа за Резолуцијата која ја усвои Генералното собрание на Обединетите нации. Против беа 11, а воздржано гласаа 58 земји.

Неколку земји, меѓу кои и Србија и Босна и Херцеговина воопшто не гласаа.

Но Мирчев и Биљали имаат спротивен став во однос на претходната одлука Македонија да не се приклучи кон санкциите што ги воведе Европската унија кон Русија, поради спроведувањето на референдумот и припојувањето на Крим кон Русија.

Генералното собрание на ОН ги повика сите држави да го поддржат територијалниот интегритет на Украина. Во резолуцијата е наведено дека се прогласува неважечки референдумот за отцепување на Крим од Украина и нејзина анексија кон Русија и воедно се бара од земјите да не ја признаат оваа промена.

Русија од своја страна го осуди усвојувањето на Резолуцијата, оценувајќи дека тој е контра-продуктивен, дека ќе ги искомпликува напорите за смирување на кризата.

http://24vesti.mk/pozitivni-ocenki-za-poddrshkata-na-makedonija-na-rezolucijata-za-ukraina
Москва: Резолуцијата на ОН за Украина е усвоена со „дрзок притисок“

Контрапродуктивната иницијатива која доведе до усвојување резолуција на Генералното собрание на ОН за Украина, само ќе ги отежне напорите за решавање на внатрешно-политичката криза во оваа земја, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Генералното собрание на ОН вчера усвои резолуција, со која се осудува анексијата на Крим од страна на Русија и се поддржува територијалниот интегритет на Украина.

Документот е усвоен со 100 гласа „за“, наспроти 11 „против“ и 58 „воздржани“. Од вкупно 193 членки на ОН, 24 не учествувале во гласањето.

- Властите во Киев и странските „адвокати“, кои ги претставуваат, се обидуваат да ја извртат суштината на проблематичните процеси во Украина и сакаат да ја префрлат одговорноста за ескалацијата на тензиите врз Руската Федерација, тврди Министерството.

Руското МНР наведува и примери за, како што вели, „грубото мешање“ на некои западни земји во внатрешните работи на Украина, како што се „неуставната смена на власта во Киев, неспособноста на безбедносните сили, разгневените екстремисти и фашистички елементи и масовните кршења на човековите права“.

Според Москва, „големите разлики во позициите на земјите-членки на ОН, големиот број воздржани и неприсутни држави за време на гласањето, покажуваат дека едностраното толкување на случувањата во Украина е неприфатливо“.

http://24vesti.mk/moskva-rezolucijata-na-za-ukraina-e-usvoena-so-„drzok-pritisok“
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Немаше да биде поинаку доколку беше некој друг, демек кај нас Претседателот или Премиерот нешто решавале во глобалната политика :)

Као што реков претходно, ова можеше да се очекува, меѓутоа добро би било зад завесите наши дипломати да им дадат до знаење на Русите дека овие наши дејствија не се наша искрена волја, но дека во моментов мораме да симулираме послушност поради разбирливи причини.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Немаше да биде поинаку доколку беше некој друг, демек кај нас Претседателот или Премиерот нешто решавале во глобалната политика :)

Као што реков претходно, ова можеше да се очекува, меѓутоа добро би било зад завесите наши дипломати да им дадат до знаење на Русите дека овие наши дејствија не се наша искрена волја, но дека во моментов мораме да симулираме послушност поради разбирливи причини.
Во вакви тешки периоди нема место за симулација во дипломатијата! Вистинските пријатели се гледаат кога е најтешко, не за џабе некои земји го бојкотираа гласањето на резолуцијата! Македонија ќе остане запаметена во историјата како губитничката страна, само заради незрелите политики на нејзините лидери!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
Па, мислам дека тоа што не се приклучивме кон европските санкции (на кои се приклучија ЦГ и Алб), им е доволен показ на Русите. Резолуцијата е необврзувачка и вреди практично ништо. Има доста примери кога и обврзувачки резолуции не вределе ништо, а не па оваа. (1244 на пример)
 
Последно уредено од модератор:

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.656
Поени од реакции
11.791
Во вакви тешки периоди нема место за симулација во дипломатијата! Вистинските пријатели се гледаат кога е најтешко, не за џабе некои земји го бојкотираа гласањето на резолуцијата! Македонија ќе остане запаметена во историјата како губитничката страна, само заради незрелите политики на нејзините лидери!
Абе во тешки периоди да, ама сега случајот ни е комплициран. На нишан не држат. Ќе не решат уште пред да помислиме да пробаме нешто. Ни во тој случај нема да сме и од корист на Русија. Изгледа треба да играме лицемерно па до каде ќе стигниме ќе стигниме. Со Западот едно, а притоа под маса да кроиме политики со Русија па во даден момент комотно да си ја смениме страната. Ако останиме со овие, порано или покасно ќе одиме јабана, ако пробаме сега да смениме страна отворено - пак ќе одиме јабана побрзо од што требало. Само ќе мора и политичариве да почнат да работат за интересите на државата, а не да гледаат да ја продадат на тој што нуди најмногу
 

Kajgana Shop

На врв Bottom