Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.873
Поени од реакции
12.977
Ја следам руската политика.
Предизвиците со кои Русија беше соочена, ги одигра доста паметно. Новиот комонвелт на независни земји речиси ги стави под своја капа. Еременија, Казахстан,Таџикистан,Белорусија,Узбекистан,Туркменистан и Киргистан.
Надвор останаа Грузија, Украина и Азербеџан. Последно време сферата на влијание се шири и во Авганистан,мислам дека имаше подршка од нивниот претседател околу Крим.

Ако интервенцијава е одлика на слаба земја тогаш Америка ги правела истите работи низ текот на 20 век низ цела Латинска Америка, така да тоа лицемерие на Обама уште еднаш паѓа во вода. Може да глуми пред новите генерации,ама барем тие што се постари и што пратат глобална политика ќе ги паметат интервенциите во:
Куба,Панама,Ел Салвадор,Никарагва,Гранада,Гватемала,Уругвај,Чиле,Боливија,Домениканска република,Бразил,Коста Рика,Хаити,Мексико.
Добро соседски односи? Те молам.:pos:
Ако геноцидот во Никарагва со над 100.000 жртви е олицетворие на добрососедски односи, тогаш Хитлер и компанија ја имале најголемата љубов кон евреите.
Мислам добра пропаганда мр.Обама
Аргентина им остана непипната, незнам зошто и јас. Можеби поради тоа Аргентина претрпе економски колапс но не се даде на Америте. Имаше доста подршка и од нивниот врв кон Русија за ова со Крим.
Од носење на демократија, реформи,воени удари па до подржување на диктатори,режими,директни инвазии, Американците го правеле тоа.
Го прават тоа и на блискиот исток, но пропагандата им е развиена до префекција. Така да нивните игри не се "слабост",туку спротивно.
Се гледа дека намерна е провокацијата од Обама со потенцирање на дека Русија е регионална сила.
За америчка жал санкциите нема да упалат,па им останува вака да лаат заедно со Тимошенко.
А колку само има удари под маса од страна на Американците за да се зададе удар на Русија. Од економски кризи,Грузија 2008, војните во Чеченија, Сирија, па сега и ова.
Економската криза ми е доста интересна, иако сум неупатен. Најпогодена беше Европа, а со тоа и Русија која со Европа има најразвиени економски односи а Истокот остана со раст на економиите, поради тоа очекувам конечно вртење на Русија кон Истокот, барем во економски поглед и поголема соработка со Азиските тигар економии.
Да не ме сватиш погрешно, не ти се контрам тебе нешто. Туку мое видување на пресов на Обама.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
@The xx
Јасно е дека ова е мачкање очи.
Обама мораше да излезе со вакви изјави, поради огромните критики на Републиканците дека е мек кон Русија.

Но, факт е дека Русија во оваа ситуација остана изолирана. Само неколку земји застанаа на нејзина страна.
Сирија, Северна Кореја, Белорусија...
Дури и партнерите од БРИКС молчат. И не тврдам дека тоа е од приврзаност кон САД, туку од интереси и страв.
Економската и воената моќ на САД во моментов е поголема. Русија беше или сеуште е, на прав пат.
Но, мислам дека Путин треба да го држи кормилото во тој правец уште 10-15 години за да може да и конкурира на Америка глобално.
Сега е прерано.

International reactions to the 2014 Crimean crisis
International recognition of the Republic of Crimea
Putin's Stance on Ukraine Supported by Minority of Nations

А санкциите имаат ефект.
Еве вести од RT:

Sliding ruble to drag Russian economy into recession
Russia Facing Recession as Sanctions Likely to Intensify
Sanctions fear to drag $70 bn from Russia – Economic Ministry
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.873
Поени од реакции
12.977
@SparroW
Да Кина и Индија се тивки но незначи дека треба да излезат и да се тепаат за да докажат дека ја подржуваат РУсија, пример по тоа се разликуваат од западните земји и од Америка кога повикуваат на уште некое демократско сценарио во кое треба да се војува.

Не е точно дека само Сирија, Белорусија и Северна Кореа дадоа подшка и дека Русија е изолирана. Океј не го признаа Крим официјално но...
Аргентина
Argentine leader Cristina Fernandez de Kirchner also showed her support for the Russian Federation recalling that “the UN Charter stipulates the right of people to self-determination, which means that this rule should be applied to all countries without any exception”.
Индија
"Having clearly supported Russia, its old ally, as it annexed Crimea from Ukraine." India got "a pat on the back" from Mr Putin, comments The Asian Age. It warns, however, that Delhi is "walking a diplomatic tightrope".
За Кина јасно е дека ги подржува, но не отворено поради проблемите кои ги има самата земја со слични прашања. А не од Амерички страв. Не заборавај дека Русија им ја подари цела манџуринска област на Кина, потег кој кинезите секогаш ќе го ценат.
Ако изјавата на Путин во која се заблагодаарува за подршката на Кина и Индија не е потврда за тебе дека се со Русија тогаш незнам. Сигурно нема некој владин бломберг медиум да ми потврди такви работи. Или па Википедиа каде што можеме и јас и ти да пишуваме така?
http://voiceofrussia.com/2014_03_19/China-India-back-President-Putin-in-Crimean-reunification-with-Russia-5588/

А знаеш што е најважно? Што голем број на обични граѓани како мене и тебе во западните земји се против санкции и ги оправдуваат Руските позиции. Тоа нема да го има ниту на Вики ниту во Блумберг. Јас сум сигурен дека и во Америка да има некој поол ќе даде исти резултати, и во Британија и во Шпанија.
Еве два примери.

http://www.forschungsgruppe.de/Aktuelles/Politbarometer/
Во превод.
-Само 3% сметаат дека Германија треба воено да и помогне на Украина.
-25% сметаат дека Европа воопшто не треба ни да се меша.
-46% сметаат дека економските санкции повеќе ке и наштета на Германија него на Русија.18% сметаат дека санкции ќе и наштетат повеќе на Русија. 36 неможат да проценат.
-60%сметаат дека Крим ќе биде дел од Русија, 25% сметаат обратно.15% не знаат.
-57% сметаат дека нема да има воен конфликт. 43% сметаат обратно.

Еве ја анкетата спроведена во Der Tagesspiegel. Која откако покажа некои различни резултати од очекуваното беше тргната.

Првото е дали Русија треба да е исклучена од самитот од г8 и да се продолжи во формат г7
Второто е дека конфликтот треба да се реши во дипломатски рамки а самитот на г8 е единствена можност за директни преговори.
Третото е дека западот е лицемерен и дека Русија има право и си ги штити своите интереси.
Четвртото е дека Западот треба да реагира преку воени акции.
За 4 часа колку што стоеше анкетата имаше околу 9.420 гласања. Зошто се тргна анкетата? Мислам дека самиот го знаеш одговорот.

Веста за рубљата е стара веќе 1 месец и 2 недели. Одкако се припои Крим рубљата расте.Посебно после пресот на Путин.
Од блумберг секогаш секоја вест ќе ја земам со резерва. Пропаганден магазин.

Русија се сложувам дека му треба уште 10-15 години, но некој од страна(Америка) тоа нема да го дозволи.
Русија беше гурната во целиот конфликт.
Позициите на Русија беа да се одржат избори, и дека било која власт која ќе дојде ќе ја подржи. Русија ги подржа демократските манири со што истакна дека народот треба да реши за тоа каде би му било потребно преку референдум.
Јанукович ниту влезе во сојузот со Русија ниту па им рече не на Европа. Русија бараше контакт група помеѓу Киев-Москва-Брисел за преговори околу ова прашање. НО АМЕриканците не дозволија заедно со своите пријатели радикали.
Тоа е, сега Путин ќе изгледа лош а некој друг добар. Русија ќе се забави нема збор околу ова прашање.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.873
Поени од реакции
12.977
Ајде сега прогуглајте ги цените на нафата и гасот пред и после кризава во Украина. И кажете кој профитира на големо од зголемување на истите цени. Заборавете на религија,идеологија и нација. Парите и профитот го вртат светот.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ајде сега прогуглајте ги цените на нафата и гасот пред и после кризава во Украина. И кажете кој профитира на големо од зголемување на истите цени. Заборавете на религија,идеологија и нација. Парите и профитот го вртат светот.
Очекувам да поскапи зејтинот, шекерот и брашното ( лебот )
Цената на зејтинот кој кај нас, во голем дел, се увезува од Украина е по скопскиве дуќани 50 - 60 денари, што е смешно малку сметајќи дека кило компири е 30 денари
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Значи тоа што го зборевме на темава уште пред да го дознаат медиумите, сега само се потврдува. Грејстон е фирма на поранешната Блеквотер.


Mediji: Proruske proteste u Ukrajini suzbijat će zapadni najamnici
10:01 26. ožujak 2014.
Sadašnja vlast u Kijevu namjerava unajmiti zapadnu privatnu vojnu kompaniju radi suzbijanja proruskih protesta na istoku Ukrajine, priopćio je izvor u Službi sigurnosti zemlje.

Riječ je o privatnoj vojnoj kompaniji Greystone Limited“, precizirao je sugovornik agencije ITAR-TASS.

Prema njegovim riječima, ukrajinske vlasti smatraju da uprave Službe sigurnosti Ukrajine u istočnim regijama nisu u stanju ugušiti protestno raspoloženje i neutralizirati lidere i aktiviste proruskog pokreta.

„Zbog toga je odlučeno da se angažiraju strani najamnici koji će vršiti funkcije političke istrage i zaštite državne sigurnosti“, precizirao je predstavnik Službe sigurnosti Ukrajine.

Dodao je da su tu inicijativu pokrenuli oligarsi Igor Kolomojski i Sergej Taruta koji su postavljeni za gubernatore Dnjepropetrovske i Donjecke oblasti.

http://hr.rbth.com/news/2014/03/26/mediji_proruske_proteste_u_ukrajini_suzbijat_ce_zapadni_najamnici_26315.html
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Властите во Украина најавија дека цената на гасот ќе се покачи 50% во мај.

Точно, санкциите кон Русија имаат ефект, но имаат и обратен подолорочен ефект кон Западот. Путин најави дека го баталува доларот како платежно сретство во трговијата со Кина, која ќе се базира на јуани и рубљи.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Ајде сега прогуглајте ги цените на нафата и гасот пред и после кризава во Украина. И кажете кој профитира на големо од зголемување на истите цени. Заборавете на религија,идеологија и нација. Парите и профитот го вртат светот.
Ги прогуглав. И ова добив. Во последниов месец цената на:

Нафтата

Гасот


http://www.nasdaq.com/markets/commodities.aspx
http://news.yandex.ru/quotes/1006.html[DOUBLEPOST=1395875450][/DOUBLEPOST]Предлог на Жириновски за поделба на Украина



Rosja proponuje Polsce rozbiór Ukrainy - MSZ dostało oficjalne pismo. Nałęcz: Kuriozum. Należałoby przesłać do psychiatry

Duma do polskiego MSZ: podzielmy Ukrainę

Russian politician proposes new divisions of Ukraine
 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.873
Поени од реакции
12.977
@SparroW
Benchmark West Texas crude spurted to a five-month high of $105.22 a barrel before settling at $104.92, while Brent crude oil jumped nearly 2% to $112.39, a two-month high, before settling at $111.20.

После 2011 прв пат да достигне тоа ниво цената на нафтата и гасот.

But natural gas futures eased 2.3% to $4.50 per million Btus. Natural gas prices have climbed more than 30% in 2014, due largely to depleted inventories and higher demand as bitterly cold temperatures grip much of the nation. Natural gas hit a five year peak of $6.15 Feb. 19.
Овој Жириновски е така жежок политичар, иако не е далеку од некои работи. Имаше пред 2/3 години кога беа претседателските избори, изјава за можни вакви сценарија на границата на Русија.Само некогаш претерува со изјавите.

Majority of Germans against anti-Russia economic sanctions

Мислам дека и на Путин му е доста Крим.

Интересна вест иако е надвор од темата.

US missed Russia's warnings on Tsarnaev due to spelling mistake - report
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
АНАЛИЗА НА ПОРАНЕШНИОТ УКРАИНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ


Кравчук: Путин нема да запре со Украина, ова е најава за Трета светска војна!



Некои украински аналитичари од областа на безбедноста изразија загриженост дека Русија би можела да преземе контрола над делови од Украина или соседна Молдавија


Првиот претседател на независна Украина, Леонид Кравчук предупреди дека преминувањето на руските војници отаде украинската граница би значело почеток на Трета светска војна. Кравчук се надева дека меѓународниот притисок ќе ја спречи понатамошната агресија врз Украина по припојувањето на Крим од Русија. Од друга страна, поранешниот украински претседател смета дека апетитите на Путин одат подалеку од Украина. "Тука нема да биде точката каде што тој ќе запре и ова би можело да биде почеток на Трета светска војна", порача Кравчук во разговор за ВОА.

Некои украински аналитичари од областа на безбедноста изразија загриженост дека Русија би можела да преземе контрола над делови од Украина или соседна Молдавија, каде живее големо руско малцинство. Русија пак тврди дека не планира понатамошна воена акција во Украина туку само покрај границата спроведува воени вежби.

Од друга страна, многумина денес се прашуваат дали Украина ќе се најдеше во оваа позиција да стравува од Русија доколку токму Кравчук, по распадот на СССР, не одлучи да им врати 1800 нуклеарни боеви глави на Русите. Тој ја потпиша Спогодбата за отстранување на нуклеарното вооружување од Украина со тогашниот руски претседател Борис Елцин и неговиот американски колега Бил Клинтон. До тој момент Украина беше трета нуклеарна сила во светот според бројот на вооружување, а по потпишувањето на споменатиот договор во Будимпешта Украина доби гаранции за својот суверенитет и од Русија и од Западот.

Кравчук за Владимир Путин вели дека е КГБ-оперативец кој цел живот одел наоколу со полна торба наредби. "Ги има попримено најлошите методи на КГБ", вели Кравчук и потсетува дека "Путин е дете на КГБ".

Во прилог на овие тези е и веста од молдавскиот проруски сепаратистички регион Придњестровје дека било урнато украинско беспилотно летало кое било во разузнавачка мисија. Инаку, Придњестровје прогласи отцепување од Молдавија во 1990 година и таму се распоредени околу 1.500 руски војници, кои се задолжени за обезбедување на стотиците тони оружје.

На Крим, пак, руски знамиња се кренати на сите 193 воени објекти на Полуостровот, соопшти началникот на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, Валериј Герасимов. Руските сили ја презедоа контролата и врз последниот украински брод на Крим. Со ова за само три недели и без испукан куршум Крим целосно премина под контрола на Русија. Сега поранешниот украински министер за одбрана, Игор Тењух, соопшти дека само 4.300 од вкупно 18.800 украински војници на Крим имаат намера да се повлечат оттаму за да останат во армијата на Украина. Ова го потврдија и руски безбедносни извори. Началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валериј Герасимов соопшти дека украинските војници кои сакаат да го напуштат Полуостровот тоа ќе го направат со возови и без оружје согласно договорот помеѓу Русија и Украина постигнат неделава.

САД и ЕУ не ги забележуваат националистите во Украина
Претставникот на руското Министерство за надворешни работи Роман Кашајев на 25. седница на Советот на ОН за човекови права ги критикуваше ЕУ и САД дека се кратковиди во нивниот пристап кон ултранационализмот во извршната власт во Украина.
- Нивната кратковидост тешко е да се објасни и таа очигледно е поврзана со нивната фасцинираност од геополитичките игри, посочи Кашајев.

Тој наведе дека Русија постојано ги предупредува партнерите во Европа и САД на опасностите кои се кријат зад ширењето на ултранационалистичките идеологии и движења, вклучително и неонацистите. Кашајев додаде дека подемот на неонацизмот во Европа прераснува во "терор на екстремната десница".

Резолуција на ОН за Крим за Русија не значи ништо
Евентуалното прифаќање на украинската резолуција од Генералното собрание на ОН, во која се критикува референдумот на Крим, нема да има никаков ефект врз руската позиција, изјави рускиот министер за внатрешни работи Генадиј Гатилов, цитиран од француските медиуми.
- Овој документ е нагласено антируски. Ние сметаме дека доколку биде предложен за гласање, само ќе ја усложни ситуацијата, додаде Гатилов.
Генералното собрание на ОН денес треба да се произнесе за необврзувачката предлог резолуција која беше предложена од Украина, а во која се критикува референдумот на Крим и присоединувањето на Полуостровот кон Руската Федерација.

Обама: Ставот на Русија кон соседите е знак на слабост
Американскиот претседател Барак Обама во Хаг изјави дека Русија е "регионална сила" чиј став кон соседите е "знак на слабост, а не на сила".
- Русија е регионална сила која се заканува на некои од најблиските соседи, а тоа не е знак на сила, туку на слабост, изјави Обама пред новинарите по завршувањето на Самитот за нуклеарна безбедност во Хаг.

Секс-патриотизам: Не се сексајте со Руси!
Русија го припои Крим кон својата Федерација и покрај демонстрациите и заканите од Западот. Затоа, Украинските одлучија да се обидат да и помогнат на својата земја со друг пристап - повикуваат да им се ускрати секс на Русите. Група Украинки започнаа кампања која има за цел руските мажи да ги лиши од секс. За потребите на кампањата отпечатија маички на кои пишува "Не им давајте на Русите!" Маичките се продаваат преку Фејсбук, а приходот ќе биде дониран за украинската војска. Вакви акции за спречување воени дејствија веќе имаше во Кенија и Либерија, пишува Тајм.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8E67DD766F14684FABAAE515DD2D2416
 

Kajgana Shop

На врв Bottom