Добра споредба:
Украинските политичари ја уништуваaт Украина, македонските одат по нивниот пат
Украинците се блиски до Македонците не само според историската судбина, туку и затоа што не учат од својата историја.
Украинската земја и население биле покорувани од Полјаци, Литванци, Руси и Австријци. Македонската територија и народ – од Грци, Бугари, Албанци и Срби. Проблемот и на украинскиот и на македонскиот народ е што не разбираат (да ги парафразирам зборовите на Черчил) дека нема вечни непријатели, но има вечни интереси. За разлика од прагматичниот западен свет, словенските народи си останаа романтичари, емоционално и историски оптоварени и искомплексирани. Од тие причини и Хитлер и Черчил ги сметале Словените за пониска од англо-саксонската раса, способни да бидат само робови и топовско месо во време на војни. Општопозната е глупавата омраза меѓу Србите и Хрватите и вообразеноста на Словенците во однос на едните и на другите. Во различни историски периоди имало напрегања и меѓуУкраинците и Русите, меѓу Украинците и Белорусите. Традиционална е омразата, пак, на Полјаците спрема Русија. Денес Црногорците и Србите се гледаат како мачето и кучето. Во своите „Записи“ (1875-1878), рускиот амбасадор во Османлиската империја, грофот Игнатиев, пишува: „Расната посебност на Словените, за разлика од Германците, се состои во стремежот на секое племе, на секој клон од едно исто семејство, да ја зачува својата самостојност и разновидност, со тоа што нема да се потчинат едно на друго. Тие би можеле постепено да се обединат преку еден заеднички литературен јазик и само во форма на одбранбен сојуз, кој би ги обединил нивните борбени сили против заедничкиот непријател и би ги потчинил на една заедничка дипломатска и економска цел“. Како најголема словенска држава, Русија се обидуваше да ги раководи и да ги контролира другите словенски народи, па оттаму се и историските компликации меѓу неа и нив. Во исто време, во своите обиди да си ја зачуваат самостојноста од Русија, словенските држави се претвораа во пиони на западниот свет и негово политичко и воено оружје.
Романтизмот е убавo својство, но тоа треба да се пројавува само во приватните, во семејните односи. Западниот свет е лишен од романтика и приватно, и во државно-политичките односи. Во словенскиот свет е обратно – романтиката доминира и во едната и во другата насока. Тоа не дава можност успешно да се бранат националните интереси.
Што е национален интерес?
Од древноста до денес тој вклучува неколку работи. Прво, територијална целокупност и независност на државата. Второ, заштита на националниот идентитет, што значи јазик, историја, култура и традиција. Трето, висок просечен стандард на граѓаните на државата. Се друго – карактерот на државното уредување, потпишување или суспендирање договори, водење војни или склучување мирни договори, членство или откажување од членство во политички, економски, воени блокови и сојузи може да бидат не цел, туку само средство за остварување на националните интереси.
Украина е една од големите држави во Европа со нејзиното 50-милионско население. Таа граничи со Русија, а значителен дел од нејзините граѓани се Руси. Тоа значи дека територијалната целовитост на Украина зависи од нејзините добри односи со Русија. Животниот стандард на Украинците исто така зависи од трговијата со нејзиниот северен сосед. Освен тоа, Украина е диспечер во транспортирањето на руски гас кон Централна и Западна Европа. Заради таа нејзина улога таа користеше преференцијални цени за своите граѓани. Тие факти покажуваат дека националните интереси на Украинците и на Русите објективно се совпаѓаат и доколку повеќе се задлабочат и двете држави ќе имаат полза од тоа. Од тие причини Русија и предложи на Украина да влезе во нејзината царинска унија, каде што се Казахстан и Белорусија. Предностите за тој акт се очигледни. Русија има население од 145 милиони луѓе, Казахстан – 15 милиони, Белорусија 10 милиони. Заедно, станува збор за пазар од околу 170 милиони луѓе, а да не заборавиме дека во иднина кон царинската унија ќе се приклучат и други држави. Украинските стоки без проблем ќе може да се пласираат на тој пазар, без уцени и без претензии какви што имаа при трговијата со Европската унија. Освен тоа, Русија објави дека ќе го финансира украинскиот државен долг со 15 милијарди долари и ќе ја намали цената на гасот за Украина за една третина.
Што и предложи ЕУ на Украина во споредба со руските понуди? Да потпише договор за слободна трговија и договор за асоцијација со ЕУ, плус помош од 2 милијарди евра. Договорот за слободна трговија значи Украина да се согласи на својот голем пазар да увезе западни стоки, а во исто време да договара квоти за извоз во Унијата. Всушност, ЕУ сака да ја претвори Украина во свој полуколонијален поданик, како што направи како со членките Бугарија, Романија, Словенија, Полска. Целта на САД, пак, е Украина да влезе во НАТО за американските ракети да може да бидат инсталирани на границата со Русија. Само идиоти не можат да ја видат таа стратегија на САД и на ЕУ. Украинските политичари, всушност, се покажаа идиоти, а некои од нив се дебело поткупени од Запад.
Западната стратегија за Украина се виде уште во 2004 г. во времето на т.н. портокалова револуција. Всушност, повеќе од две децении по паѓањето на Берлинскиот ѕид, американскиот државен тероризам е надвиснат над сите континенти. Во Азија – Ирак, Авганистан. Во Африка – Либија, Сирија, Египет, Сомалија. Во Европа – Југославија, а потоа Србија, Македонија во 2001 г., Украина. Освен тоа, во поранешните заткавкаски советски републики итн. Кандидатката за претседател на САД во 2016 г. Хилари Клинтон го нарече Путин - „Хитлер“. Во праксата, американските фашисти го надминаа Хитлер затоа што тој не војуваше на сите континенти. САД го надминаа Хитлер и затоа што тој ги користеше, а не ги разурнуваше инфраструктурите на завладеаните држави. Либија со Гадафи беше четврта според економскиот развој и животниот стандард на населението во Африка. Денес е претворена во пустош. Иста е ситуацијата и во Ирак, Авганистан, Сирија. Со бомбардирањето на Србија во 1999 г. САД и НАТО ја уништија инфраструктурата за повеќе од 100 милијарди долари. Фрлија повеќе од 10 тони осиромашен ураниум, кој многукратно ја зголеми смртноста на целиот Балкан. Нема држава во која влегле Американците, а таа потоа да напреднала. Украина веќе го загуби Крим, во иднина веројатно ќе ја загуби и својата источна половина. За Западот таа просто е жртвено јагне, колатерална штета во војната против Русија. Западот нема ниту желба ниту волја за воени дејствија против Москва. Затоа и објавува економски „санкции“ против Русија. Тоа веднаш покажува дека, имено, Русија е неговата цел. Украина, Господ да ја прости!
Судбината на Украина е предупредување за македонските политичари. Украина ни е блиска, зашто пријателски е расположена спрема Македонија. Зашто во неа има многу Украинци -македонисти. Во тоа се уверивме пред две години, во времето на Седмицата на македонската наука во Украина. Во Киев и во Харков. Всушност, Харков има население колку цела Македонија. Само економските односи меѓу нив се доволни за македонската трговија. Но, голем дел од македонските политичари, слично на украинските, се неразумни, а друг дел – дебело поткупени. Впрочем, обрнете внимание на разликата меѓу Русија и САД. Во времето на студената војна Американците ги поткупуваа само врхушките во социјалистичките држави. Тогашниот Советски сојуз, пак, за да ја држи Бугарија како свој сателит, секоја година и пушташе по околу 3 милјарди долари неповратна помош преку нафта и оружје. На тој начин и обичниот бугарски граѓанин живееше добро. По 1991 г. од позиција на единствена суперсила САД даваат се помалку пари, а имаат се поголеми претензии.
Во моментов, еднакво се загрозени и македонскиот идентитет, и македонската држава. Загрозени се и од надвор, и од внатре. За разлика од Украина, која ЕУ сака да ја приклучи, на Македонија и става вето за членство. Бара да се откажеме од од своето име, т.е. од својот македонски идентитет, јазик, историја, култура и традиции. Нашите политичари ги продолжуваат напорите да влезат во таа фашизирана Европа. Слично како украинските. Сите гледаат дека САД, преку македонските Албанци, ја уриваат македонската држава, а ги продолжуваат напорите да се пикнат во НАТО, кадешто веќе се македонските непријатели Грција, Бугарија и Албанија. Тоа е самоуништувачки синдром. Ако Албанците и САД сакаат да ја уништат Македонија, а ние сами не можеме да се одбраниме, елементарната логика наложува да побараме сојузници кои се алтернатива на таа закана. Во спротивно, на непријателите им велиме: „Дојди Волчко, изеди ме!“
Стефан Влахов - Мицов
http://www.mkd.mk/kolumni/ukrainskite-politichari-ja-unishtuvat-ukraina-makedonskite-odat-po-nivniot-pat[DOUBLEPOST=1395967354][/DOUBLEPOST]
...Најголемиот силеџија во светот проповеда мир и љубов. А гласници му се неговите летачки убиствени роботи. А чувари му се обезбедувачите во тајните затвори на ЦИА. А НСА ги надгледува оние што се непослушни...
http://www.mkd.mk/svet/analizi/chekaj-chekaj-shto-obama-reche-deka-invazijata-vrz-irak-ne-e-tolku-losha-kako-krim