Премиерот и Претседателот ретерираат од "цврстиот" став за двојната формула

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
зависи кој како ...
јас сепак мислам дека се игра улога на разумен компромис и на тоа ќе остане ...
како и кога го прашаа Иванов ...
како ќе го решавате спорот ...
Иванов: Со разумен компромис ..
каков е тој компромис ..
Иванов: Разумен ..
а што е тоа ..
Иванов: Разумен компромис е разумен копромис ...
итн .. итн ...
Разумен компромис ...
и на тоа ќе остане ...
нема да има ни па постои разумен компромис со гејлада ...
ќе биде интересно после изборите во гејлада ...
и не верувам дека Иванов и Груевски ќе се осмелат да го сменат името ...
ако го сторат тоа ќе има револуција у Македонија :toe:

а БЦ нека не се надева дека тој ќе биде спасителот ... :toe:
Види вака,единствено на што можеше да се бара “разумен компромис“ беше билатералниот договор со Грција окулу билатералниот спор окулу билатералното име на земјава,како што впрочем беше и резолуцијата на ОН на која сите како да подзаборавија.На тој начин требаше да се настапи при секое спомнување од страна на релевантните фактори кој не притискаат да најдеме решение окулу името со Грција,а не да се истапува јавно дека Македонија била спремна да им удоволи на Грчките желби и налудничави идеи окулу промена на името за меѓународна употреба,нешто што е случај без преседан во целокупната светска историја,каде една земја е присилена од друга,да си го промени името а со тоа и идентитетот на нородот што живее во неа,зошто едно без друго практично не е возможно да егзистираат.Спрдувањата со народот за компромис кој бил поразличен од предходниот затоа што бил разумен ги сметам за клецање на здрав мозок од еден комуњар кој ни е наметнат за председател со такви идеи и ставови кој никако не ги споменуваше јавно пред да го изберат “затуцаните партијски слепци“.:toe:
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
Лоша рачуница направи грујо,единствено што може да се случи е да има некој протест и ондак то :pipi:
Не се согласувам со тебе дека Грујо направил лоша рачуница.
Впрочем, ај ти кажи каква рачуница ти би направила (дај конструктивна критика - критика со предлог за подобро).

Јас сеуште сум на ставот дека било каков компромис да се направи - тој компромис ќе оди на референдум.

П.С.
Компромисна Уставна Република, скратено ...
или (ова е од поодамна) Крушевска Уставна Република, скратено ...

Види вака,единствено на што можеше да се бара “разумен компромис“ беше билатералниот договор со Грција окулу билатералниот спор окулу билатералното име на земјава,како што впрочем беше и резолуцијата на ОН на која сите како да подзаборавија.
Па најновата изјава од Стејт Департментот е токму во тој правец - билатерален спор (само за името).
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Види вака,единствено на што можеше да се бара “разумен компромис“ беше билатералниот договор со Грција окулу билатералниот спор окулу билатералното име на земјава,како што впрочем беше и резолуцијата на ОН на која сите како да подзаборавија.На тој начин требаше да се настапи при секое спомнување од страна на релевантните фактори кој не притискаат да најдеме решение окулу името со Грција,а не да се истапува јавно дека Македонија била спремна да им удоволи на Грчките желби и налудничави идеи окулу промена на името за меѓународна употреба,нешто што е случај без преседан во целокупната светска историја,каде една земја е присилена од друга,да си го промени името а со тоа и идентитетот на нородот што живее во неа,зошто едно без друго практично не е возможно да егзистираат.Спрдувањата со народот за компромис кој бил поразличен од предходниот затоа што бил разумен ги сметам за клецање на здрав мозок од еден комуњар кој ни е наметнат за председател со такви идеи и ставови кој никако не ги споменуваше јавно пред да го изберат “затуцаните партијски слепци“.:toe:
Па најновата изјава од Стејт Департментот е токму во тој правец - билатерален спор (само за името).

Проблем кој не е “билатерален“, ниту може да биде, е оспорувањето на македонскиот национален, но и историски, културен и јазичен идентитет од страна на Атина.

Не смее да дозволиме и во тој т.н. билатерален проблем да се вметне негирањето на македонскиот народ од страна на Грција.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Не се согласувам со тебе дека Грујо направил лоша рачуница.
Впрочем, ај ти кажи каква рачуница ти би направила (дај конструктивна критика - критика со предлог за подобро).

Јас сеуште сум на ставот дека било каков компромис да се направи - тој компромис ќе оди на референдум.

П.С.
Компромисна Уставна Република, скратено ...
или (ова е од поодамна) Крушевска Уставна Република, скратено ...
Абе да се разбереме дека ИМЕ никако не смее да оди на референдум,посебно во многунационална држава.Тоа е апсурд над апсурдите.Еве земи се ти како човек кој на денот кога ќе стане полнолетен ќе мора да го смени сопственото име по пат на референдум.Референдумот е всушност потврда дека ти никогаш повеќе нема да се викаш онака како што си се викал,зошто ако не успее првиот,ќе има втор,трет или четврт референдум се додека не се успее во твоето преименување.
Предпостави и дека ќе има референдум окулу “Република Разумен Компромис“,народот секако нема да се сложи со тоа име и што ќе биде тогаш?Грците ќе се сложат да ни остане постоечкото име Македонија?Или можеби ќе треба да се бара друг “разумен компромис“ и пак да се излегува на референдум,се до остварување на нивната зацртана луда замисла која да повторам дека досега никому во светот не му била наметната со сила како што тоа се прави со Македонија и Македонскиот народ.
 
M

marsovka

Гостин
Не се согласувам со тебе дека Грујо направил лоша рачуница.
Впрочем, ај ти кажи каква рачуница ти би направила (дај конструктивна критика - критика со предлог за подобро).

Јас сеуште сум на ставот дека било каков компромис да се направи - тој компромис ќе оди на референдум.

.
ajdeсеа пак јово на ново објаснување .....
медиумите гледаш што прават?
Ако груевски компромисот го стави на референдум само ќе се покаже како безмуден политичар ништо повеќе ...
Прво за да референдумот биде успешен треба две третини од народот да излезе....тоа нема да се случи и тој факт сите го знаат
Ako propadne (а ќе се случи)тоа ќе биде силен аргумент од грчката страна што ќе води до тоа Грујо да потпише смена на името

Да ти преведам си ги чисти рацете од секоја вина можна смена на името топката ја префрла кај народот или кај некој друг .

Сака да остане невин ништо повеќе да му остане рејтингот

Или треба блокче за цртање да земам?
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Проблем кој не е “билатерален“, ниту може да биде, е оспорувањето на македонскиот национален, но и историски, културен и јазичен идентитет од страна на Атина.

Не смее да дозволиме и во тој т.н. билатерален проблем да се вметне негирањето на македонскиот народ од страна на Грција.
Проблемот е билатерален и требаше да се решава исклучиво со разговори помеѓу двете земји(значи билатерално),ама друга е работата што нашите глаучи прифатија тој билатерален спор да се наметне на меѓународно ниво и сходно на тоа да сноси меѓународни последици.Токму тука треба да ги бараме виновниците за овој спор,помеѓу сите наши “глаучи“ кој не успеаа да се задржат исклучиво на билатерално ниво при разговорите,за кој прифатија да се претворат во преговори без преседан кој практично и реално никогаш нема да завршат доколку навистина се прашува Македонскиот народ.:toe:
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
209
Поени од реакции
9
Проблемот е билатерален
Проблемот е унилатерален.

Ако речеш дека проблемот е наш, признаваш дека не само Грција, туку и ние си имаме проблем со името Македонија. Е сега, тоа што создавачите на Грција имаат обврска и да ги чистат и преоблекуваат пелените на нивното бебе секогаш кога ќе се избербати, го прави проблемот и мултилатерален. Името Македонија не е само проблем на копилето Грција, туку и на сите нејзини мајки и татковци.

Нашиот проблем е единствено во тоа што некои би сакале истите ороспии да не посвојат и да ни бидат и наши родители исто како на Грција. Мало морген.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
42
Mora da se izleze na ulica!
Da im porachame na nashite izrodi nikakvo cepkanje na imeto oti ke letaat glavi.
Da mu kazeme na svetot (posebno evropa) shto nie mislime za toj "kompromis".
Mora da se izleze na ulica! Nema veke kade!
 
Член од
2 април 2007
Мислења
394
Поени од реакции
13

И ќе протестираш пред две-три амбасади(може и некоја ќе запалиш), а следното утро пак ќе биде како пишал посилниот (и ама баш ништо не можеш да промениш околу ова).
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
И ќе протестираш пред две-три амбасади(може и некоја ќе запалиш), а следното утро пак ќе биде како пишал посилниот (и ама баш ништо не можеш да промениш околу ова).
:tapp: :tapp:

уживај само ти седи си дома и ако дое до таква иницијатива не мрдај ....
 
Член од
2 април 2007
Мислења
394
Поени од реакции
13
:tapp: :tapp:

уживај само ти седи си дома и ако дое до таква иницијатива не мрдај ....
Ни на памет не ми паѓа да излезам за таква иницијатива.
Иначе, ти гарантирам нема да има повеќе од 2-3 илјади.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Ни на памет не ми паѓа да излезам за таква иницијатива.
Иначе, ти гарантирам нема да има повеќе од 2-3 илјади.
последниот пат испаднаа 30 000 ....
и тоа онака без никаква кампања ...

а незнам ни на форумов шо се занимаваш со труење на останатите кои се за непромена на име ... и кои ќе подржат таква иницијатива ...

дали можам да заклучам дека те боли курот за името?
 
Член од
2 април 2007
Мислења
394
Поени од реакции
13
последниот пат испаднаа 30 000 ....
и тоа онака без никаква кампања ...

а незнам ни на форумов шо се занимаваш со труење на останатите кои се за непромена на име ... и кои ќе подржат таква иницијатива ...

дали можам да заклучам дека те боли курот за името?
Кој 30.000?
Ти нешто си измешал...

Дали мене ме били или не за името, тоа веќе не е важно.
Ќе биде онака како ќе одлучат во САД,ЕУ,Мулти национални Компании, и тука ама баш, ама баш ништо не можеш (освен ако не бевме бар 100 милиона народ ).
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Крусер, тоа ти се шпекулации, мислам дека сеуште не се родила будала која би прифатила такво нешто и нема основа споредбата.

Поентата според ова погоре е да ни остане Македонија во билатералните односи со земјите, а во ОН и меѓународните институции да фигурира сложено име слично на БЈРМ кое ќе го содржи името.
ОН и меѓународните институции? Со други зборови:
-ФИФА
-УЕФА
-Евровизија
-Сите трговски организации
-...

Тоа е де факто прифаќање на предлогот на Грција, зашто секоја земја ќе каже „Водејќи се од тоа дека сте [новоиме] во организацијата, како такви ќе ве ословуваме“, зашто треба Македонија да потпише билатерални договори *со сите земји во светот* и Македонија ќе биде ословувана како Македонија од сите нив само во приватни, билатерални муабети, додека на сите светски конференции ние би биле [новоиме]. И како такви би нè знаеле.

Ова е многу лош потег. Ако Владата тежнее наваму, лошо прави.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Употребата на ФИР.Македонија во тие меѓународни орг. е исклучиво по наша грешка.

Ние дозволивме да бидеме фиромизирани насекаде, иако тоа не мораше да се наметне и во Фифа и сл. бидејќи не е задолжително привременото име од ОН за нивните организации.

Меѓудругото обично се пишуваат само имињата на земјите, а не официјалните цели имиња кои се водат во ОН кога станува збор за спортските организации.

Нато и ЕУ се сојузи каде повторно во рамките на нив самите секоја држава може да ни се обраќа како сака, типичен пример е со Турците кои секаде во сите НАТО документи ставаат фуснота дека се работи за Македонија која тие ја признаваат.

Значи ние сме тие кои треба да се избориме, а да не оставиме на слободен избор.
Ова 'фиром' можевме, но не го ограничивме само на ОН. Вината е кај нас.
Исто како и форсирањето на акронимот, наместо целосната референца.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom