Премиерот и Претседателот ретерираат од "цврстиот" став за двојната формула

ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Работите не ми се вклопуваат ама ич.
Доколку Грујо бил свесен дека ќе мења име зашто цели три години го фураше народот на патриотизам и се удираше во гради дека нема да го смени името по никоја цена?
Нема логика.
Доколку бил свесен дека ќе мења име требаше да прави терен за виткање кичми а не да го засилува националниот дух кај Македонците.
Две се можните решенија.
Или им го кажува на Европејците тоа што сакаат да го слушнат(глуми конструктивност) или па е тотална будала.:toe:
Промената на име нема да му помине на Грујо тоа треба да му е јасно и на него и на сите кои мислат дека Грујовите следбеници ќе го следат водачот и во самоубиство.
Смената на името е самоубиство и за Грујо и за целата македонска нација.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Pa da, na toj narod mislam sto nema da bide preimenuvan.
Мислиш или си сигурен,разликата е огромна зошто:

НАРОД БЕЗ ИСТОИМЕНА ДРЖАВА ИСЧЕЗНУВА КАКО ТАКОВ!

Работите не ми се вклопуваат ама ич.
Доколку Грујо бил свесен дека ќе мења име зашто цели три години го фураше народот на патриотизам и се удираше во гради дека нема да го смени името по никоја цена?
Нема логика.
Доколку бил свесен дека ќе мења име требаше да прави терен за виткање кичми а не да го засилува националниот дух кај Македонците.
Две се можните решенија.
Или им го кажува на Европејците тоа што сакаат да го слушнат(глуми конструктивност) или па е тотална будала.:toe:
Промената на име нема да му помине на Грујо тоа треба да му е јасно и на него и на сите кои мислат дека Грујовите следбеници ќе го следат водачот и во самоубиство.
Смената на името е самоубиство и за Грујо и за целата македонска нација.
Самоубиство по 4 години и не би го нарекол самоубиство,туку повлекување од политичката сцена и уѓивање во придобивките од средствата заработени со “разумниот компромис“ како формула.:toe:
 

ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Самоубиство по 4 години и не би го нарекол самоубиство,туку повлекување од политичката сцена и уѓивање во придобивките од средствата заработени со “разумниот компромис“ како формула.:toe:
Смената на името е самоубиство и за Грујо и за целата македонска нација.
Значи само нацијата ќе отиде не и Грујо.
Ние го гласавме му дадовме пекнало во рака со кое може да ни потпише самоутепување.
Сега може само да се крстиме и да се молиме на господ.....
Чаре според тебе некое има или...сме ја наебале.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Значи само нацијата ќе отиде не и Грујо.
Ние го гласавме му дадовме пекнало во рака со кое може да ни потпише самоутепување.
Сега може само да се крстиме и да се молиме на господ.....
Чаре според тебе некое има или...сме ја наебале.
Чаре се бараше пред избори,во цврсто и убедливо понесување одговорност,вака само може да си ја гледаме сопствената “ГОЛГОТА“.:toe:
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
I sea tolku od Makedonija veke a ?
Nisto aj da prodolzime uste za 50 denari vremeto ni istece a bevme na posledniot boss.
Lol ajde bre ako nesto se desi so ke mi go zagrozi Identitetot do sea ke bev so puska vo sobranie na govornica
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
jas kako sto go slusnav Ivanov deneska ..toj go smenil imeto:toe:
Kosmodisk mu e majkata.Vaka bre Dzole ne vitka kichma?dpBneovci kje prokomentirate neshto bre?

Чаре според тебе некое има или...сме ја наебале.
Ima chaire,Branko.

Jas veruvam vo onaa za shto ima dokaz. Zatoa pobarav od tebe da mi posochish kade i koj go izjavil :
Eve jas za tebe,Dzole posochuva deka kje krshi kichma,i sega sho praime ganchev?


Obrnete vnimanie na novinarkata zad Dzole Kosmodisk.
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Ајде да не шпекулирам, меѓутоа уѓте од првата изјава за време на гласањето од страна на Иванов, се виде благо ретерирање од тврдиот предизборен став околу името. Меѓутоа една работа ме мачи овде,

Ако се сеќавам добро, пред изборите имаше еден интервју со Љубчо Георгиевски, на кое ТОЈ јасно даде предлог, дека името треба де се затвори како случај, и дека треба Груевски да биде тој Јунак да го направи тој чин дури и да го жртвува својот рејтинг, па дури и наредните парламентарни избори - се со цел да се зачува Македонија како Држава. Сега имајко го тој факт, и првичните преслушувања во Брисел на Новата македонска администрација, се наметнуваат сами некои прашања:

  1. Да ли Господинот Љубчо Георгиевски сеуште ја контролира ВМРО ДПМНЕ како партија?
  2. Дали Ја финансира, или финансиите одат од истиот извор, кој тој ги имаше,
  3. Да ли Грујо конечно си падна на брашненце, и стана - или бил цело време свесен дека во Неговиот мандат треба да се реши името.
  4. Да ли Господинот Иванов -сегашен председател, е избран од Грујо за таа цел, да послужи за жртва која ке го понесе целиот терет на ова политичко самоубиство.
  5. Зарем е можно Бране да е до таа мера видовит -да предвиди, и се повлекува сега од вториот мандат, оставајќи го Грујо сам да ги вади костените ??
  6. Да ли ова значи повторен КАМБЕК на Љубе Војводата ?
Многу интересно..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.779
Поени од реакции
12.245
Ех да им се сневиди, кој како дојде на власт одма омекнува. Како круши на пазар.
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Ех да им се сневиди, кој како дојде на власт одма омекнува. Како круши на пазар.
е така е кога ќе те полази туѓа (EU) вошка ...!!!:kesa:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Премиерот и Претседателот на денешните состаноци кои во Брисел ги имаа со Хавиер Солана и Оли Рен, дефинитивно ретерираа од нивните цврсти ставови за двојната формула како решение во спорот со грција.

Најновата нивна црвена линија е зачувано име за домашна, и сложено за меѓународна употреба, што се поклопува со ставовите на таканаречените "предавници" кои ДПМНЕ и неговите слепи подржувачи не ги вадеа од уста во изминатите неколку години.

Да не должам, еве дел од изјавите:

Македонија, порачаа претседателот и премиерот, чекаат да поминат изборите во Грција, од новоизбраниот претседател денеска слушнавме дека двојната формула не е повеќе во игра.

„Во текот на целата моја изборна кампања, дека кога ќе бидам избран за претседател, ќе бидам подготвен да најдеме компромис. Не каков било компромис, туку разумен компромис. Компромис кој нема да биде на штета на нашите национални интереси.

-Како што знам, предлогот за двојна формула, беше во 2004. или 2005. година во преговарачкиот процес, и тој беше отфрлан од грчка страна“, изјави Иванов.

Линк од целиот текст
И?

Демек, Грција го отфрла тоа и готово, крај на преговорите? Тоа е сигнал да отстапиме од своите ставови, зашто по дефиниција (читај: по комунизам) Македонија не вреди ништо и наше е само да си ја виткаме кичмата?

Да беше така, до сега веќе ќе бевме преименувани. Некои до душа и се согласија да нè преименуваат во 1995-та, бидејќи Грција тоа го бараше...

Аман луѓе, дајте престанете со апатија! Се води политичка и правна војна. Правдата е целосно на наша страна. Дајте малку станете луѓе и стојте на своето!


Шефот на Владата посочи дека Македонија очекува на 1 јануари македонските граѓани да патуваат без визи во земјите на ЕУ. Во случај на позитивна одлука за визната либерализација Рен најавил посета на Македонија.

Голем дел од разговорот бил посветен и на спорот за името со Грција. Груевски истакнал дека Македонија е подготвена да ги продолжи преговорите и оти сака да се постигне решение за името.

Премиерот му соопштил на Рен и за ставот на Грција за решавање на проблемот, односно дека се бара промена на името и во билатерални и во мултилатерални односи. Груевски истакнал оти по изборите во јуни е возможно да се најде решение.

Линк

Наградно прашање до подржувачите на Груевски и Иванов:


Во која насока се одвиваат работите, и од кога шефот на државата и премиерот се на платениот список на Џорџ Сорос ?
По изборите во јуни возможно е да се најде решение - вели Иванов.

Кој ти вели дека ќе се најде? Кој ти вели дека Грција пак нема да блокира? А паралелно, нашите треба само да притискаат за решавање на тужбата што им ја дадовме на Меѓународниот суд, бидејќи целата правда е на наша страна.

Ако сега кажете дека никој нема да пресуди во наша корист, ја поддржувате одлуката на Букурешт 1913, бидејќи и тогаш некои наши се бунеле, ама не истрајале, т.е. самите се повлекле.

Еве ви шанса да докажете, Македонци, сите како нација, дека Букурешт 1913 била грешка. Верувајте до крај дека Македонија ќе победи.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Не се извинувај, туку обиди се да најдеш барем еден коментар од тебе или од реалните и самоубиците каде што категорично сте против менување на името.:helou:

Јас па се мислам дека тебе ќе ти е полесно да најдеш барем еден пост/коментар, каде јас сум за промена на името.:helou:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Jas veruvam vo onaa za shto ima dokaz. Zatoa pobarav od tebe da mi posochish kade i koj go izjavil :



No ti namesto link, mi sovetuvash: барем малку да читам изјави меѓу редови. Chitanje medju redovi beshe specijalitet na edna sluzba, chii naslednici se so sedishte na ulica Bihakjka. Taka najlesno se apsea i osuduvaa ludje. Sekogash soopshtenijata zapochnuvaa so: "on je time hteo da kaze"....
A okolu strategijata, tvoite od dovadjanjeto na Tempo-"najmiliot brat"- pa do deneska, se obiduvaat da ja sprovedat vo delo zadachata za koja se plateni, da NE POSTOI MAKEDONIJA I MAKEDONCI pa gledash ne uspeavaat. A ti sega ne plashish so Grujo koj podgotvuval strategija samo tri godini.

Ванчев, малце да ги одмориме службите бидејќи и покрај фаличноста на Реалниот има реална основа за сомнеж во интерпретацијата на Иванов.

Затоа кога е потребна неопходна критика, јас претпочитам критика наместо занимавање со тајни служби и полтрони.

1. На новинарско прашање, дали има близок став со Бранко Црвенковски за решавање на спорот околу името, Иванов рече дека се залага за разумен компромис што нема да биде на штета на државните интереси.
Она што ќе го постигнеме во претстојните разговори мора да оди на референдум. Ако и Црвенковски има ваков став, тогаш веројатно се согласуваме, но досега не сум стекнал таков впечаток“, рече Иванов.

2. Во однос на тоа дали Владата го смени ставот околу прашањето за името, Иванов вели дека секојпат се разговарало за име за меѓународна употреба и никогаш не е прифатен ставот истакнат од грчката страна - едно име за сите употреби.
Ако сме за прифаќање име за меѓународна употреба, тогаш тоа подразбира дека уставното име си останува Република Македонија. Тоа, кој како и да сака да го интерпретира, сепак е двојна формула“, вели избраниот претседател.

извор1
И 2

Што можеме да заклучиме?

Во ред, не отстапуваат од референдум за ова прашање.

Меѓутоа она што го збори Иванов за жал не е двојната формула која беше изнесена во минатото, колку и да се обидува да го релативизира овој став.
Двојната формула, значеше дека решението за Македонија е целиот свет да ни се обраќа како Република Македонија, а дека сме подготвени да бараме решение како ќе ни се обраќа Грција во билатерална комуникација.

Она што го кажува Иванов, е двојна формула, но не онаа која ние ја браневме.

Сепак, ако се дрзнале да договараат име за употреба во ОН, Македонија не смее да прифати дополнителни протоколи на тоа решение со кое би ги обврзале третите земји како да не ословуваат во билатерална комуникација!


Меѓутоа, еве со право ќе се надевам дека ова е само глумење добра волја пред меѓународниот фактор, дека сепак нема да испадне “по компотот“ целава работа.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Лошо мислиш.
ДПМНЕ најдобро знае да глуми лажен патриотизам, а во тоа ќе се увериш за неколку месеци.
Доколку ги изнесам моите лични желби во врска со преговорите, би немало потреба од понатамошна дискусија.
Но.
Желбите се едно, а реалноста друго.
Реалноста вели дека патриотизмот на Премиерот и сите околу него кои се чукаа во гради..... е само мит.
Кој е нивниот став во врска со проблемот со името ?
Веруј дека во блиска иднина ќе ти ги изневерат очекувањата.

Кој ли после ќе биде антимакедонец, соросоид, предавник....бла бла бла...?
Има еден виц:
„Ја гледала кокошката другарка и како трча околу кокошарникот и ја прашува: зошто трчаш? А бе, ме брка петелот па да свртам едно кругче да не помисли дека сум лака женска“
 
Член од
30 март 2009
Мислења
418
Поени од реакции
27
Има еден виц:
„Ја гледала кокошката другарка и како трча околу кокошарникот и ја прашува: зошто трчаш? А бе, ме брка петелот па да свртам едно кругче да не помисли дека сум лака женска“
Pa da,ama dodeka on glumi,drzava ni odi jabana..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom