VeS
.
- Член од
- 16 мај 2008
- Мислења
- 4.749
- Поени од реакции
- 2.355
Прочитај ја ЦЕЛА реченица,не до пола.Чекај сеа... ова ако пушташ на виртуал диџеј си ванабе така? епа извини ево ја сум жив пример морам коа пуштам (не толку често) или виртуал или на трактор да пуштам... јбг неам пари да си купам саглам опрема то е криза... кога има добра забава без разлика на шо пушта диџејот ако ме бендиса ќе прам партали ако не некое ќоше дури да ми пукнит филмот и фаќам магла... а и на ВДЏ се прават супер забави... само skillz
Wanna be dj-и со лаптопот и virtual dj шо незнаат една песна да измиксаат ко шо треба.
ЗНАЧИ ЦЕЛА РЕЧЕНИЦА ПРОЧИТАЈ!
Ајде од почеток пак наново да кажвамм..Прочитај ги болдираните и потврди дека си контрадикторна. Прават или не прават своја музика? :smir:
Кога сме кај тоа колку тие се способни, имав лани у клас еден, идиот невиден. Го реметеа на секој можен начин затоа што беше толку многу глуп што неможеше ни да сфати дека го реметат. Зема, направи неколку траки летово, и сега настапува во една дупка кај што при здрав разум никој не би отишол, зема некои ситни пари и по него свршаваат напалени тинејџер(к)и и секој викенд се враќаат дома со фразата "ау каков диџеј, колку го бива за музика". Сега, да се навратам на нешто што го кажав и премногу. Таквите луѓе никад у нивниот живот не слушнале нешто што е подобро па затоа даваат такви коментари. Неможеш ако испробаш две работи хиерархиски распоредени многу далеку една од друга, да кажеш дека таа што е најниско на скалата е подобра од високопласираната.
Во дискотеките се пушта музика оригинално изведена од некој артист. Никој не прави кавери на песните, напротив, која е поентата, ако направил некој песна, таа нема само по медиумите да биде вртена, туку и по кафичи, дискотеки итн. Со третиот болд ми го потврдуваш целиов параграф.
Значи вака.
Dj како Dj 98% НЕ ПРАВАТ СВОЈА МУЗИКА или можи да е помал процентот,туку прават ремикси од некоја песна.
Значи 2% во Македонија и сигурно многу поголем процент во светот ПРАВАТ СВОЈА МУЗИКА.
Е сега повеќето Dj-и шо пуштаат музика по клубојве би требало да имаат добар слух,да се испраксирани и да знаат како да ја измиксаат една песна со друга.
А,такви како тој твојот другар има секаде и најчесто се наоѓаат по такви попропали места,а за тоа ситни пари.. ехх битно пари му се.
И сепак ќе се навратам на она: се е до вкусот за музика.
Не треба да се потценува ничие дело само затоа што тебе не ти се свиѓа или пак публиката што го слуша истото.
Штом го слуша значи има нешто што го прави привлечно.
Незнам како со други зборој да објаснам веќе.
Ти можеби си многу покомпетентна да зборуваш за музика од мене,но зошто упорно со такви потценувања одите,ко само еден стил на музика да е оргинален,да е кул..другите се тиња.
Во дискотеките(барем јас кај шо имам одено) се пуштаат ремикси од песните.
За крај.. многу го замешавме Dj-ствово во цел муабет,а сакав само да ти кажам дека и dj-ите се нешо слични на тие тезга-бендови.
И за двете треба да имаш талент.
Неможи секој да свири на гитара или да пушта музика.
Ако не си талентиран,едноставно не си.. само треба то некој да му го кажи..
Незнам за вас, јас ќе си продолжам да одам на такви тезга-бендови чисто ради моја забава,место да глумам некој критичар:wink: