не комерцијала туку се едно исто и само тие песни ништо друго....ако праат тезга нека сменат репертоар а не еден бенд ист репертоар веќе 2 години да го свири
Мислам дека е праен муабетов на форумов, па само ќе се повторам. Македонските тезга бендови се принудени као шо рече MSV на проституција, да свират песни кои многу одамна ги изгустирале, но ако не го прават тоа, ќе си одат дома сиромашни.
Вистинскиот проблем, мислам дека треба да се бара (како и за речиси се во државава) во стандардот. Wnn knw Y?
Затоа што профитот кој сакаат кафанџиите да го остварат е голем а пазарот односно клиенталата мала и необразована. Па имаш две опции, да отвориш турбофолк локал, биртија или турбо фолк дискотека и да се напуниш од едната проста раја, или да отвориш рок клуб каде тезгарите ќе ти свират “Неко те има ночас“.
Во таа ситуација, каде и шуто и рогато се пика да слуша Дип Парпл, Елвис и Ван Гог сите доаѓаат до едно заедничко решение. Кафанџиите продаваат, музичарите заработуваат, публиката е доволно задоволна.
Но, доколку економската ситуација е поинаква, а кафанџиите нема да мораат да го преполнат клубот и да продадат 0.8 пијалоци по посетител од вечер, тие би отворале клубови кои нема да бидат толку атрактивни за широките маси но знаејќи ја куповната моќ на посетителот ќе заработуваат исто.
Во таа ситуација, би се отвориле џез клубови каде ќе има исклучиво таква музика. Можеби некогашниот Блуз Брадрс во пролашчето кај Грчка амбасада немаше да се затвори а Банкрот Блуз Бенд ќе настапуваа во живо, туку ќе го проширеа локалот и од 4 метри квадратни ќе имаа 40, па да се осеќаат гостите вистински пријатно.
Клубот кој сака да изгради репутација на собиралиште на слушатели на метал, ќе бара бендови кои имаат опус исклучиво од овој тип на музика и се љубители на тој тип на музика, па јас како хип хопер би одел во “Автобус“ на Панчо, ама сега баш не можам, зашто таму не пуштаат стриктно Хип хоп.
Од друга (или трета, или којзнае која страна) бендовите се тотално незаинтересирани и на интелектуално рамниште на својата публика, па не се ни трудат да ја едуцираат, да и понудат песна во нивниот репертоар за која сметаат дека е квалитетна, апатични се и досадни.
А да бидеме реални, барем во скопските клуби, вкупно има 5 бендови кои знаат да ја разиграат публиката и го држат монополот во сите скопски дискотеки и клуби, ротирајќи се меѓусебно 6 дена во неделата. И тие работат from 9 till 4 како и луѓето од администрација, само во ноќната верзија на бројките.
Сите преживуваат. Креативност на минимум, заинтересираност нула.