Еве мал придонес и од мене.
Ќе пробам да препорачам филмови со кои ќе го одморите и мозокот а и очите.:tv:
A Good Year...интересно филмче...Кроу како да ужива во улогата,грозје...одмор...Франција :wink:
Edmond..бррр интересна приказна...и до ден денес неможам да си замислам до кое ниво може да се смени животот...од рај во пекол.
Hard Candy...за сите тинејџерки на нет,за она колку може да се приврзете за виртуелните „пријатели“,дефинитивно поучен филм.
Lucky Number Slevin...ете одлична акција,Џош е перфектен..сценариото комплексно,а и комедичноста не е изоставена.
The Holiday...семеен филм....баш како насловот...добар филм за празнициве.
The Lake House...потресна љубовна приказна,препорачливо е да се гледа со четири очи.
Ќе ги наведам и оние за кои не сум баш сигурен дека се универзални хитови (моите фаворити).......
Copying Beethoven ...баш сакам осврти на минатото на големите композитори...супер филм.
Marie Antoinette....слатката Кирстен во филмот....„ако немате леб јадете колачи“
Little Miss Sunshine...како беше ...дисфункционалното семејство и нивното урнебесно патешествие...П.С. Ќе го заборавев превулгарниот дедо :wink:
The Prestige .........што да кажам,се некако во сеќавање ми е Скарлет.
The Illusionist.......Џесика Ѕвончето права бајадера.
The Pursuit Of Happiness..филм што ќе ве замисли,ќе ве направи подобри луѓе,едноставно поинаку ќе гледате на животот после тие два часа.
A Lot Like Love....заради изведбата на гитара
Pride And Prejudice...би гледал филмови со ваква содржина цел ден,ма цел живот,баш како Најтли.
За крај ќе ги додадам уште
Scoop и
Match Point...колку да се знае кого јас ценам и почитувам.
Поздравче...па пишете кој од филмовите навистина ви се допадна,а кој сум го преценил.