Предлог за филм со кратка рецензија

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Сите го фалат The Uninvited 2009, па сакав да прашам, дали сте го гледале оригиналот според кој е овој од 2009та година направен?
http://www.imdb.com/title/tt0365376/
Не сум го гледал овој од 2009та година, ама оригиналот е лудило од филм!!!
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
BRZI I MRTVI
Quick and the Dead (1995)
Redatelj: Sam Raimi
Glumci: Russell Crowe, Sharon Stone, Gene Hackman, Leonardo Di Caprio

Ellen (Sharon Stone), nepoznata revolverašica stiže u mali grad krijući pravi razlog svog dolaska.. Lokalni mještani prijavljuju se za natjecanje u gađanju. Pravila igre određuje 'vlasnik' čitavog grada - Herod (Gene Heckman). Cilj mu je natjerati lokalnog propovjednika Corta (Rusell Crowe) da ponovno uzme oružje u ruke, iako je obećao da to više nikad neće učiniti. Sharon Stone je za ovaj film dobila nagradu Saturn 1996. godine.
Со задоволство ви го препорачувам филмов..:salut:
 
Член од
6 јули 2009
Мислења
37
Поени од реакции
0
Дај предложете некоја романтична драма, нешто што умее да разнежни. Само да не биде од класата на глупи тинејџерски филмови.
 
SANCTIMONIOUS

Мејд Ин Мацедониа
Член од
21 март 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
9
Дај предложете некоја романтична драма, нешто што умее да разнежни. Само да не биде од класата на глупи тинејџерски филмови.
The Notebook
A Walk To Remember
Titanic:vozbud:
The Prince & Me
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.522
THE GREEN MILE

http://www.imdb.com/title/tt0120689/

Прекрасен филм со Том Хенкс во главната улога. Се работи за еден притвор (ваљда така се вика тоа) каде што ги чуваат затворениците пред да ги погубат на електричен стол и на работите што ке се случуваат таму...

Можеби според некој ова е прекратка рецензија, но мислам дека ако кажам понатаму што и како е во филмот можам само да го упропастам. Прекрасен филм незнам како не ми текна да го препорачам порано.

Номиниран е за четири оскари, а според мене треба да добие најмалку толку.

Поздрав.

филмот како што видов на IMDB е од 1999 година?
Сигурен си дека е номиниран СЕГА за оскари?

edit: заборавив филмовите:
1) Henry Poole is here
интересна приказна иако малку нереална ама поучна
оценка-7 слично како на Imdb (6,6)

2) The Number 23
Џим Кери во главна улога, ама не е некоја комедија туку е посериозен филм со неочекуван крај
оценка-6, на Imdb (6,3)

3) Cinderella Man
Одличен филм, нешто слично на Девојка од Милион Долари, Вистинска приказна за боксерот Џемс Џонсон Бредок некаде околу првата половина на минатиот век!
Оценка 10, на Imdb (8)
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Сите го фалат The Uninvited 2009, па сакав да прашам, дали сте го гледале оригиналот според кој е овој од 2009та година направен?
http://www.imdb.com/title/tt0365376/
Не сум го гледал овој од 2009та година, ама оригиналот е лудило од филм!!!
Глупости е. Барем за мене. И не го ни симињај, не троши ни сообраќај, ни време.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
State of Grace (1990)

Еден од постарите крими филмчиња со одлична актерска екипа: Sean Penn, Ed Haris, Gary Oldman (фантастично одиграно) John Turturro, Robin Right Penn (како што може да забележите, во овој филм во кој глумат пар, Шон Пен ја запознал својата идна сопруга).

Покрај актерската екипа, филмот е и еден од најдобрите полициско-ганстерски приказни, вистински пример како треба да изгледа еден таков филм. Пример кој подоцна го искористиле и многу други филмови на оваа тема.

Нема да навлегувам во филмот, не сакам да ви го расипувам. Колку помалку знаете, толку подобро. Ако сакате филмови од типот на Godfellas, Heat, Donnie Brasco... на релација закон-мафија, добри-лоши момци... ви препорачувам да го изгледате овој филм.

Оцена: 8/10
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.522
филмот како што видов на IMDB е од 1999 година?
Сигурен си дека е номиниран СЕГА за оскари?
Точно така од 1999 е, и Е номиниран за 4 оскари таа година :) Има многу други освоени награди но ги одделив оскарите (номинациите) како најзначајни.
Под "е номиниран" се подразбира дека е тогаш номиниран. :)
Нека не ве излаже тоа што е од 1999, комотно може да се носи со сите најнови филмови по се.

Нај искрено го препорачувам, и слободно коментирајте одкога ке го изгледате :)

Поздрав.

3) Cinderella Man
Одличен филм, нешто слично на Девојка од Милион Долари, Вистинска приказна за боксерот Џемс Џонсон Бредок некаде околу првата половина на минатиот век!
Оценка 10, на Imdb (8)
п.с. Мојот нареден филм за гледање :) Милион пати имам налетано на овој наслов и овој пат ке го изгледам.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Точно така од 1999 е, и Е номиниран за 4 оскари таа година :) Има многу други освоени награди но ги одделив оскарите (номинациите) како најзначајни.
Под "е номиниран" се подразбира дека е тогаш номиниран. :)
Нека не ве излаже тоа што е од 1999, комотно може да се носи со сите најнови филмови по се.

Нај искрено го препорачувам, и слободно коментирајте одкога ке го изгледате :)

Поздрав.
Да, не само што The Green Mile беше номиниран за Оскар за најдобар филм, таа година беше страшна конкуренција (The Sixth Sense , The Cider House Rules ), но се случи перверзија на вкусот и разбирањето за добар филм...

Една од најдобрите адаптации на Стефен Кинг на филмското платно. Морам да те поправам: комотно ги надминува повеќето денешни филмови.

п.с. Мојот нареден филм за гледање :) Милион пати имам налетано на овој наслов и овој пат ке го изгледам.
Гледај го Cinderella Man, нема да се разочараш.
 
Член од
5 мај 2008
Мислења
1.357
Поени од реакции
127
Некоја слична драма како филмот you got served
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Definitely, Maybe (2008)

Ова јас го викам добар филм, во вистинската, позитивна смисла на зборот. Значи не одличен, не феноменален, лош или просечен...туку добар филм кој ќе го изгледате лесно и ќе си поминете пријатно.

Се работи не толку за романтична приказна, колку за животна приказна, која може да му се случи ама баш на секој. Ништо необично, ништо екстремно... една носталгична романтична приказна раскажана од срце, на вистински начин, за да може да допре до оние кои ја гледаат. Со добра доза на хумор исто така.

Нема да раскажувам многу, оние кои сакаат романтични и едноставни филмови, треба да го изгледаат ова.

Дефинитивно, можеби 8/10 од мене.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Desperado

Веројатно познат филм за многумина, но вреди и два пати да се погледне (ја бар го гледав ко дете и се што тогаш ми остана у сеќавање беа стwашни гитаwи и woши луѓе :icon_lol:)

Одлична актерска екипа (Banderas како главен лик, а Steve Buscemi и Тarantino како споредни, особено се издвојуваат со својот преформанс), повеќеслојна приказна (може да се гледа и како комедија/пародија, но има и суптилни, посериозни пораки), добар саундтрак, визуелно солидно спакувано...се на се уникатен и квалитетен филм, од секој аспект.

Инаку, критичарите повеќе го преферираат Еl Mariachi (како прв од триологијата на Родригез, снимен со буџет од само 7000 $), но лично сметам дека влијанието на Тарантино, кое е очигледно во Десперадо, дава еден поинаков, подинамичен и подуховит, а сепак квалитетен, аспект на филмот.

Оценката на imdb e 7.0/10, а јас, без двоумење би дала 9/10
 
Член од
6 јули 2009
Мислења
37
Поени од реакции
0
Sleepless in Seattle

Sleepless in Seattle 1993

Многу добар филм. Романтична драма, еден од најдобрите што ги имам гледано. Типот ќе остане вдовец со дете и детето го година ипол на божиќ ќе се јави во радио емисија и ќе каже дека желба за нова година е татко му да си најде жена. Тоа ќе го слушно една типка и ќе почуствува дека се еден за друг.
Видете сами сто ке се слуци понатаму.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom