Предлог за филм со кратка рецензија

Unknown Artist

I reject your reality and substitute my own.
Член од
16 ноември 2007
Мислења
322
Поени од реакции
15
UNKNOWN (2006)


Five men wake up in a locked-down warehouse with no memory of who they are.
They are forced to figure out who is good and who is bad to stay alive.

IMDb link: http://uk.imdb.com/title/tt0450340/
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
House Of Sand And Fog.


Многу добар филм со Бен Кингсли и Џенифер Конели во главните улоги, само пофални зборови за него имам. Содржината на филмот се врти околу една куќа, материјално нешто кое живот значи, потоа администрацијата која што работи како робот и која што лесно греши, а тешко ги исправа грешките. Никогаш нема да ја заборавам сцената кога после трагедија карактерот што го глуми Бен Кингсли се моли на својот Бог, гледајте го филмот и ќе видите на која сцена мислам....Многу моќна сцена од која затреперив на моменти.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Врти сучи пак јас на ред за предлог, ајде нека биди :).

Battlefield Earth


Ајде одиме малку научна фантастика. Дејствието на филмот се случува во 3000 година, Џон Траволта и Форест Витакер глумат вонземјани во филмот и им лежат нивните улоги, посебно на Џон Траволта. Нивниот пат ќе им се вкрсти со еден човек (Бари Пепер) кој што е бестрашен и многу интелегентен. Вонземјаните се претставени како нешто многу страшно и луѓето изгледаат премногу мало и кршливо покрај нив. Посебно сум импресиониран како се пази во овај филм на многу мали детали, како на пример влијанието на силата на гравитација од планетата земја врз вонземјаните. На IMDB има многу лоша оценка ама јас лично мислам дека е супер филмот, гледајте го и донесете си ваша независна одлука во врска со него.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
RAT RACE

Eве ме и мене:helou: Филмот е онака комедија има стварно работи што можат од срце да те насмеат еден од поретките ок комедии значи ако не сте расположени може слободно да го гледате да смените расположение.Мош го има во претходни постови ама не се секавам дека сум го видел во секој случај 7/10
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Мислам дека кој и да ги гледа следниве филмови ќе му се допаднат:

Big Stan


Супер комедија. Приметувам дека во последно време има се помалку комедии кои успеваат да ме насмеат. Ова е една од нив. Интересна приказна. Се изнасмеав, ми се допадна.
Стен е осуден на затвор али има 6 месеци пред да оди таму, па он за тоа време се подготвува да стане гангстер за никој да не го силува. Смешки. 9/10

Harold&Kumar (двата дела)



10/10 за двата. Кога го видов постерот, мислев дека филмот ќе биде катастрофа, али колку само ми е мило што сумс е излажала. Циркус. Двата дела се луди.
Се работи за двајца другари, во првиот дел се опишани нивните патешествија за да стигнат до сендвичарата, а во вториот по грешка се пикнати в затвор, али бегаат од таму, и тука почнуваат неволјите.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
The forgotten.


Џулијан Мур во овај филм глуми мајка на дете на кое што таа и само таа се сеќава, или е луда (ќе си видите во филмот). Во филмот се опишуваат врската помеѓу мајка и дете, невидлива нишка поврзана од две души, идејата не е нова него пристапот кон тоа нешто и насоката во која се одвива филмот се нови. Во него се опишуваат големината и цврстината на човековата воља кое што ништо не може да ја скрши...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
The Invisible(2007)


Ова е предлог на филм за сите оние што сакаат филмови со тинејџери. Добро сега филмов не е љубов, тинејџерски забави и лесен американски живот, ама е филм за двајца тинејџери и нивните животни судбини. Длабок филм со длабока порака во себе за случка која што не е ни малку пријатна. Добар филм мене ме бендиса.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.042
Поени од реакции
45.702
Kхм, подготвени за уште едно first person доживување . . . . ако сте за, гарантирам дека нема да зажалите .



Пак ке започнам со идејата за филмов, оргиналност и голема доза на креативност во истата нема да најдете, прво, мистериозно чудовиште ( Godzila ), второ, уништување на Њујорк ( по незнам кој пат ), трето, first person camera ( Blair Witch Project, Quarantin ) .

Но, нешто што уште од старт ке ви привлече внимание е следново, почнувам со ирелевантен податок дека режисер на филмов е Мет Ривс, но, се задржувам на останатите сегменти, сценарист и продуцент . За првото, сценарист ( aвтор на приказната ) е Дрју Гобард , човек кој има напишано сценарија за над 10 епизоди од Лост, и бил копродуцент на преку 30 епизоди од истата серија . За второто, Џеј Џеј Абрамс и Брајан Бурк, продуценти, верувам нема Лост фан што незнае за овие двајца, поготово првиот, кој патем кажано е и автор на приказната за Армагедон .

Тука можев и да прекинам ( мене доволно би ми било за да го изгледам филмов ) али ај , продолжуваме . . .
. . . Приказната започнува со емитување на снимка од камера, сопственсот на Министерстовото за Одбрана на Ју Ес Еј, на која се наоѓаат сегменти од страотниот напад врз Њу Јорк .
Воведот од снимката а и приказната започнува со Robert "Rob" Hawkins, кој снима цел ден ( 27 Aприл ) поминат со неговата најдобра пријателка ( sex buddy :) ) Elizabeth "Beth" McIntyre . Дејството се префрла еден месец подоцна, кога врз истата снимка е прикажана farewell забавата за Роб организирана од неговиот брат, Jason заедно со неговата девојка, Lily . Вовед ко вовед, досаден, идејата им е да ги снимаат сите присутни на забавата и истите да кажат збор два за Роб и тоа трае се до заплетот и она вистинското во филмот . Истиот започнува со Експлозија во близина на Статуата на Слободата и известувањето на телевизија за можен земјотрес и превртен танкер во близина на Њујорк. Групата се качува на покривот од зградата и тогаш хоророт започнува, Њуорк е погоден од серија експлозии кои алудираа на нов терористички напад, првата помисла на дел од присутните на забавата, иако, тоа на што ке бидат сведоци ќе ги натера да молат да станува збор за терористички атак . . .

Толку за приказната, продолжувам со глумата, која за разлика од Quarantin, каде бев разочаран од истата, тука гледаме една друга слика, актерите ги доловуваат сите емоции кога најлошото се случува, не делуваат вештачки . . . eдноставно го прават она што и вие би го правеле во една таква ситуација, преживуваат :) . Друго што ке ви се допадне од аспект на глума е тоа што актерите се обидуваат да ве натераат на помислата дека ова навистина се случило ( нешто слично како BWP ) т.е. едноставно од старт нема да бидете во можност да речете овој ке преживее, овој ке умре и тн што е одличен сегмент на кој внимавале креаторите на филмот.

Напоменав дека е first person movie, па она што бар мене ми се допадна е што акцент е даден пред Се на актерите, а не на она што го уништува градот, башка режисерот игра паметно на таа карта, знае како да ја задржи публиката со моментите '' Did you see that . . . did you see that ! '' a она на што се однесува истото да биде држено на дистанца, во '' сенка '' . . . што е малце поинаков пристап од останатите big-monster филмови, затоа и премногу ми се допаѓа моментот на фузија Godzilla - BWP .

Eфектите во филмот се фенонемални, едноставно, добивате супер приказ на тоа како некој го уништува Њу Јорк :) .

Она што не би ви се допаднало во филмот, се неколку она БАШ филмски моменти, но еј, каде истите се ректост . . . поготово во ваквите филмови . :smir:

Фан сум на Godzilla, голем фан на first person филмови, фан на трилер/хорор и sci-fi, фан на J.J. Abrams, фан на добро глумење поготово ако истото доаѓа од некои инкогкнито глумци . . . а Cloverfield ми ги нуди сите овие елементи така да му давам супер оцена, 9 од 10 .

п.с. Ако сте за дискусија за филмов, по негово гледање, бујрум на ПП .
п.п.с. Откако истиот ке заврши, запазете го делот по одјавната шпица, буквално на самиот крај од истата, кога песната завршува . :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Cradle 2 the Grave.


Акционо филмче со Џет Ли и DMX во главните улоги. Филмов е исполнет со ефекти, боречки вештини, гимнастика и огнено оружје, сепак се имаат потрудено да не изгледа нереално. За сите што сакаат акциони филмови без трауматично насилство и крв на сите страни ова е вистински филм за нив.

Seraphim Falls.


Заедно со Open Range и Appaloosa и овај филм ми е во топ три понови холивудски вестерн филмови. Главните улоги ги толкуваат Лиам Нисон и Пирс Броснан, филм со добра приказна за двајца луѓе кои ги поврзува одмаздата еден со друг.
 
Член од
17 февруари 2008
Мислења
12
Поени од реакции
1
august rush
Тhe covenant
One million dollar Baby
crank
crank 2
the fast and furius 4

Watch this:tv:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
No Country for Old Men.


Хавиер Бардем е фаца убиец во филмов и реално страшно изгледа неговата глума. Инаку филмов е приказна за неколку ликови кои се сврзани и се надополнуваат меѓу себе. Оригинален е по тоа колку реално е представен временскиот период за кое е правено дејствието, а тука е и ветеранот во глума Томи Ли Џонс кој дава дополнителен шмек на филмот....
 
А

Адриано

Гостин
Дајте предлог за историски филм,нешто со сабји стрели мечови такви работи!
во стил на господар на прстените или кралството небесно!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Дајте предлог за историски филм,нешто со сабји стрели мечови такви работи!
во стил на господар на прстените или кралството небесно!
Види овај ако го немаш гледано, нема царство небесно ама има сабји мечеви и според мене вреди да се гледа.

Outlander


 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Не знам дали сеуште постои некој љубител на комедии кој сеуште не го гледал филмот Robin Hood: Men in Tights
Филмот е на
Mel Brooks од 1993 година и претставува комична верзија на филмовите за Робин Худ, посебно на Robin Hood: Prince of Thieves



Скоро секоја сцена е полна со пресмешни ситуации кои навистина ќе ве насмеат до солзи.
10/10 од мене, го имам гледано 5-6 пати филмов и би го гледала секогаш кога ќе го даваат.
п.с оние кои го не гледале, можат тоа да го направат утре на а1 во 15 часот
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
WALL·E (2008)




Еден од најдобрите анимирани филмови што сум го гледал до сега. Супер сторија т.е супер љубовна РОБОТСКА сторија. Не сум веруел дека некоаш ќе направат анимиран филм со олку добра сторија и порака. Презадоволен сум од филмов.

п.с Нема да ви биде потребен превод бидејќи нема многу комуницирање во филмов .:smir:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom