Стивен Кинг е автор на повеќе дела кои се успешно екранизирани. Имам обичај (Не без причина. Кинг од книга до книга знае да изненади, и пријатно и непријатно) и неговите книги и поважно за темава, и филмовите/сериите правени по нив да ги категоризирам во 3 групи:
1. Ремек дела (
The Shining,
Кери,
Shawshank redemption,
Misery, The Green Mile и др.)
2. Солидни остварувања (
It, Pet Sematary 1-2, Needful Things и др.)
3. Останато (
Cujo,
Desperation и сл.)
Ова горе се филмови, затоа што по серии Кинг е помалку застапен. Ама изгледав и нешто сериско, па да пишам.
Вчера ја догледав кратката серија
The Stand (1994), откако пред тоа го прочитав и тритомниот роман. Малку е зафркнато да се гледа екранизација на прочитана книга Многу ретко ми се случило да видам филм или серија кои се подобри од книгата по која се правени (Кум е еден од нив). Па така и серијава не ми остави некој посебен впечаток. За почеток, премногу е кратка. Романот, кој има над 1000 страници, изобилува со различни, релативно сложени ликови и состојби. Овде се` се одвива набрзина, некои нешта и мотиви се нејасни и недоречени, некои дијалози и постапки неубедливи (неискрени), па оттаму и самата тв-приказна губи од квалитетот. Актерските имиња не се непознати, има повеќе фаци кои со задоволство ги гледам (дури и С. Кинг се појавува и се обидува да глуми
) Има и некои патетични сцени, кои се непотребни а пречат.
Проблемот значи, е во сценариото и во малиот број епизоди (4, а може барем десетпати по толку ) иако секоја од нив трае час и половина. На imdb има 7.1. Јас не би одел толку високо. Ова не значи дека серијава е многу лоша. Си има добри моменти, но според мене не доволно. Едноставно, ова е една од оние серии кои откако еднаш човек ќе ги изгледа (барем поголемиот дел од луѓето), можеби немда да биде нешто ептен незадоволен, ама тешко дека ќе сака да гледа и реприза.