Entourage
Серијата ја најдов самиот, барајки низ Google "series similar to Californication". Се случи да налетам на нешто сосема добро, и уште кога го видов бројот на прегледи на серијава и оцената на IMDB, удрив по торентите.
Барав низ нетов да најдам пак нешто слично, опуштена серија за гледање, комедија, и без да го има она синхронизираното смеење демек се смее публиката на секоја посмешна сцена...
Едноставно, одлично направено и супер серија. Со заслужена видока оцека на IMDB. Марк Валберг е продуцент, се појавуваат безброј познати фаци - Леброн Џејмс, Џесика Симсон, Мајк Тајсон, Амаре Стодемаер, Џеси Џејмс (порно звездата бе), Саша Греј има дури и улога неколку серии (порно звезда такоѓе), Џесика Алба и многу други.
Еве еден македонски сајт на кој налетав случајно. Овде каде што ликов што напишал рецензија за серијава тоа го направил многу подобро од мене
.
------>
http://www.kafepauza.mk/film-i-tv/pridruzhba-entourage/
...И како што вели коментарот подолу
Што се однесува до серијата, нема подобра! Ари Голд е ризница на уникатни фрази и пцовки, да му е мерак на човек да го слуша како пцуе од петни жили
Потполно се согласувам
. И со тоа, и со делот од рецензијата што вели дека е серија што ке ве навлече после втората сезона.
Препорака за гледање.