Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.163
Поени од реакции
25.313
Дојде крајот на Јануари и успеав да прочитам само две книги. Толку ми дозволуваше слободното време што го имав. Ќе видам ако можам да надокнадам во Фебруари. Иначе..

Првата книга: Злосторства од љубов - Маркиз де Сад
Одлична книга, одлична. Не е еден роман, туку поделена е книгата на четири новели. Мајсторски раскажани животни приказни, полни со возбудливи пресврти и драматични заплети. Се гледа дека авторот сака после секоја прочитана новела да не натера да размислиме за истата. Секоја е со длабока приказна и поента на крај. Ја препорачувам, но мислам дека нема на секој да му се свиѓа. Пробајте ја, ако не ви фати око, немора да ја дочитате.

Втората книга: Прирачник за анти-антиалкохоличари - Игор Џамбазов
Сите сме слушнале за книгава и отприлика се знае што се работи во неа. Некој слушнал од другар, познаник друг од телевизија, не е битно. Накратко животната приказна на Игор и врската со алкохолот. Книгата почнува уште од неговата најрана возраст кога го пробал првото пиво, па се до денес. Ја препорачувам на сите, едноставно и многу сликовито е опишано што може алкохолот да му направи на еден човек, колку може да го уништи.

Во месец февруари прочитани три книги..

Трета книга: Крив правец - Димко Тасеваски
Прекрасна книга, не многу голема околу 70тина страници. Одлично е прикажано како човек поради сиромаштијата која владее во нашата држава се одлучува да заработува на не многу "убав" начин. И како откако ќе се поврземе со погрешни луѓе и ќе тргнеме по кривиот правец нема враќање назад, и како тоа минатото цел живот ќе не гони. Едноставно прекрасна книга, во која младата Соња поради сиромаштија одлучува да заработува како проститука уште на 13 годишна возраст.

Четврта книга: Крив правец 2 или чистачот - Димко Тасевски
Слична е и како првата книга. Само што во оваа книга главен лик место женско е машко. Малце поголема е оваа книга од првата, околу 200 страници е. Во оваа книга се збори за ликот Роберт кој исто така поради сиромаштија одлучува да стане рекетар за еден од министрите во тоа време. Интересно за двете книги е што уствари покажува колку гадни работи прават високите луѓе во нашава држава. И го тера човек да размисли. Исто така се крена голема галама за книгава, зашто има полемики дале е според вистинска случка или е измисљотина.

Петта книга: Лавиринт - Кејт Мос
Една од поголемите книги што сум ги прочитал до сега. Али вредеше секој поминат саат што го посветив на книгава. Во книгата се работи за Светиот Грал кој дава вечен живот на човек. За да се направи светиот грал, треба да се собере Трилогијата т.е. трите книги. Дејството во книгата се одвива во два различни периода. Едниот е во 1200 година, кога Крстоносците жареле и палеле низ Европа, поточно во книгава Франција и ја ширеле христијанската вера, а второто дејство е во денешно време. Интересна авантуристичка книга. Ја препорачувам, како што ги препорачувам и претходните две книги.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Сестрата на Сигмунд Фројд“ - Гоце Смилевски

Ја зедов уште пред повеќе месеци, ама некако не ми легна „од прва“... Втора шанса и некако ја прочитав во еден здив. Стварно е добро човек да си понесе некоја книга кога патува. Особено кога патот е долг....
Инаку, забележливи се женските ликови, а дури и да се сфати само како „насликано платно“ со животот на главниот лик, Адолфина Фројд, човек може да најде едночудо мета- и интертекстуалност.
Многу ми се допадна токму тоа, на почеток и на крај.... алузијата со сликањето на платно.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Книга бр 7. Што би правел јас без тебе? - Гијом Мисо
Што да кажам? Исто како во секоја негова книга така и во оваа главна тема е љубовта, овде е неизбежното присуство на Голден Гејт бриџ и патувањето во времето, односно релацијата живот-смрт. Стварно не знам што е тоа во неговите книги што прави да ги прочиташ во еден здив.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
8. Прашките гробишта - Умберто Еко

Ова дело на Еко е всушност совршен показател за тоа како се ,,создава,, светски заговор и колку лесно се образуваат стереотипи, кои го обликуваат човечкото мислење во непредвидени насоки на движење на омразата кон одредени групи, дури до потреба од нивно целосно елиминирање од лицето на земјата...

Еко маестрално изградил сижејно дејство во кое раскажува за политиките, тајните служби (француски, италијански, руски, пруски...), аферите, меѓудржавните релации, масоните, језуитите, јудеистите, антисемитски настроените организации и поединци, заговорништвото, политичките интриги и сл. во текот на 18-от и пред се‘ најмногу во текот на 19-от век, на подрачјето на Италија и Франција.

Главен лик е капетанот Симоне Симонини, еден врвен интригант и ненадминат мајстор во занаетот на фалсификувањето, екстремно алчен за пари и прилично мизантропски настроен кон луѓето, кој ја смета омразата и презирот кон нив за природни, единствено што всушност љуби е – добрата кујна. Како пар екселанс измамник, во новелата тој е врбуван и работи за многу тајни служби, неретко и истовремено, уништувајќи го секој кој ќе му застане на пат немилосрдно, исто како што и немилосрдно ги користи сите за остварување на свои лични цели. Антисемитските чувства му ги всадил во глава, уште од малечок, неговиот роден дедо, па низ децении и децении Симонини ќе ги создава Протоколите, кои послужиле како рамка, за едно од најконтроверзните дела во човековата историја – Протоколите на сионскиоте мудреци, кое што се смета како директна инспирација на Хитлеровиот етноцид врз Евреите, поточно за неговата силна пасија на нивно конечно и темелно уништување во логорите на смртта во текот на Втората светска војна...

Иако и денес има неонацисти кои се уверени дека текстот е автентичен, сепак, преовладува мислењето дека станува збор за обичен фалсификат, објавен во Русија од страна на Сергеј Нилус. Текстот, како што покажале анализите, е комплетен антисемистски препев на делото Разговор помеѓу Макијавели и Монтескје на оној свет кое е напишано 1864 година од страна на францускиот сатиричар Маурицио Жоли (кој исто така се среќава како лик во делото). Тука ги среќаваме и Сигмунд Фројд, Лео Таксил, Дијана Вон, Драјфус, Виктор Иго и многу др. личности кои навистина постоеле... Се надевам дека ова е повеќе од доволно за да ги заинтригира љубителите на овој литературен жанр...

И Еко не би бил Еко, ако на крајот не го шокира читателот со едно оригинално обраќање...


9. Пеколен портокал (А CLOCKWORK ORANGE) - Ентони Бурџис

Во оваа книга претставено е едно футуристичко дистописко општество, каде групи на млади ултра-насилни хулигани, организирани во помалечки банди од по 4-6 члена, под дејство на наркотици, вршат невиден терор врз невини граѓани, во доцните ноќни часови.Насилството е дадено преку крајно вознемирувачки во својата експлицитност и вивидни описи, вистинско хорор-шоу, што би рекол Алекс...

Нашиот водач низ нарацијата е токму водач на таква група, во која покрај него самиот – Алекс, членуваат и неговите ,,друзја,, Џорџ, Пит и Шути. Алекс е очигледно интелигентено петнаесетгодишно момче, кое наоѓа огромно задоволство во редовното насилство во секакви форми и најразлични изопачености (тепање, силување, крадење, малтретирање и сл. на секоја жртва која ќе се најде на патот) и исто огромно задоволство пројавува и при слушањето на класична музика... Предаден од своите другари во рацете на полицијата, во едно од нивните ноќни лудувања низ градот, Алекс завршува во затвор поради убиство. Одбран е за прв ,,волонтер,, на новата владина експериментална програма за двонеделна трајна рехабилитација на криминалците... Всушност, станува збор за претворањето на човекот во автомат или играчка на навивање, без слободна волја за избор и морално разликување на доброто и злото, туку бирањето на доброто по пат на условување преку неконвенционална терапија. Се наметнува и прашањето дали екстремниот социопат (кон чии грозоморни чинови чувствував краен презир и гадење) е всушност само жртва на едно неразумно и високо хаотично општество (да, во одреден миг открив дека дури и го сожалувам), во кое насилството е далеку повеќе правило, отколку исклучок, а системот на казнување целосно извртен.

Делото е интересно и од аспект на анализирање на дихотомијата во човековата природа и од аспект на моралниот принцип на избор преку постоењето на слободната волја, но пред се‘ и поради оригиналниот сленг кој го создал авторот и на кој, лично јас бргу се навикнав и ми беше крајно забавен...

Моментално читам
10. Стакленото ѕвоно - Силвија Плат
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
10. Alone in Berlin
11. The Rome Prophecy - книгата е добар трилер, задржува комплетно внимание од почеток до крај. Почнува со една девојка која целата крвава се појавува со меч во раката, додека во друг дел на Рим во една црква наоѓаат отсечена дланка. На случајот работи млада полицајка заедно со нејзиниот пријател кој е поранешен поп. Девојката е ментално пореметена и никако не можат да откријат која е всушност и чија е крвта што е на нејзе.Понатаму дејството се развива прилично брзо и така и останува до крајот, полно со акција и интриги.
Звучам ко оние на А1 порано што најавуваа филмови :icon_lol:
Сѐ на сѐ, прилично забавна книга, не е нешто посебно поучна, но вреди да се прочита. Единствена замерка е што крајот останува отворен, веројатно за авторот да си напише продолжение со двата главни лика.
Сега, work in progress, The Inner Circle од Brad Meltzer.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.664
Лелеееее... напишав огромен пост и ми се избриша :S

5. The Thank You Economy - Gary Vaynerchuk
Автор на оваа книга е бизнисмен-претрпиемач, сопственик на винарија, кој во 90-тите години во време на интернет бумот, се решава да преземе ризичен чекор и основа он-лајн винарија, еден вид Amazon, ама за вината хехе :) Темата на книгата е главно користењето на социјалните мрежи за зголемување и подобрување на приходите на бизнисот, притоа напоменувајќи дека со тек на време ќе има и нови технологии кои ќе бидат уште помодерни и кои ќе треба да се следат доколку се сака поголем успех.

Amazon

6. Steve Jobs - Walter Isaacson
Книгава почнав да ја читам на англиски, ама кога слушнав дека ќе ја преведат од Книжарница Три ја оставив на stand by и почекав месец дена. Не е потребно многу да се пишува за тоа кој е Стив Џобс, книгата е напишна врз основа на околу 40 интервјуа кои авторот ги имал со Стив Џобс во текот на последните две години од неговиот живот. Во книгата е опфатен целиот живот на Џобс, како бил оставен и посвоен, како уште од мал се чувствува за посебен, експериментирањето со LSD, хипичкиот живот, специфичниот начин на исхрана, пријателството со Стив Вознијак и начинот на кој го воздигнале Apple, опишани се подемите и падовите на Џобс, неговите успеси, неговиот специфичен начин на однесување и извртување на реалноста, начинот на кој ги поттикнувал на своите вработени да работат... Иако не сум голем љубител на Apple производи (можеби со исклучок на Macbook и iMac и тоа главно поради оперативниот систем) сепак ја препорачувам книгата на сите вљубеници во технологијата, убаво е да се види каков е животот на еден од виновниците за тоа што е компјутерот денес :)

Книжарница Три / Amazon
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
10. Стакленото ѕвоно - Силвија Плат


На почетокот на делото, кога младата Естер Гринвуд, преку конкурс на едно модно списание добива едномесечен престој во Њујорк, нарацијата е лесна, забавна и има типично женски, ама искрен и природен тон во себеси. Тука ги следиме доживувањата на Естер, начинот на кој го перцепира животот во големиот град, во тој период ќе се случи и егзекуцијата на еден брачен пар поради политички причини, понатаму нејзиното дружење со Дорин и Бетси, два дијаметрално спротивни ликови, забавите и средби со момчиња, како и сеќавањата за почетокот на врската со Бади, нејзиното момче и разочарувањето во него.

Меѓутоа, по враќањето на Естер во родното место, настапува мрачниот дел, нејзиното се‘ поизразено тонење во депресија и суицидните тенденции. Доколку целта на авторката била да ја рационализира психичката состојба и доближи нејзината искрена појавност, манифестации, тек и сл. тогаш таа цел е повеќе од остварена.

Откако ја завршив, размислував долго дали книгата би ја препорачала да ја чита личност која е во депресија. На оној кој не е во депресија е лесно, ако има интерес секако, веројатно ќе му биде предизвик да допре до она што навистина се случува мисловно и емоционално, кај луѓето, кои го чувствуваат стакленото ѕвоно, кое ги притиска безмилосно и не сака да ги ослободи надвор од него. Ама, не дојдов до конечен одговор што со препораката кај луѓето кои веќе се во депресија. Бидејќи ако депресијата е во почетен стадиум, може ќе е добро да го видат нејзиниот натамошен тек, ама што ако всушност е полошо... Немам конечен одговор.

11. Браќата Карамазови - Фјодор М. Достоевски

Најпрво, книгава е и премногу комплексна, на повеќе нивоа и обработува покрај основната тема, огромен број други, кои и не би било благородно, а ни праведно да бидат окарактеризирани како споредни.

Приказната го следи детството и момчешките години и навлегувањето во зрелост на тројцата законски синови на Фјодор Карамазов, од неговите два брака – Дмитриј, Иван и Аљоша, но и неговиот четврти, вонбрачен син Смердјаков неизоставно мора да биде споменат, морам да нагласам дека всушност Фјодор е декларативен родител, бидејќи од сите деца кои ги создал, ниедно не го одгледал. Таткото и најстариот син Дмитриј навлегуваат во љубовен триаголник со каприциозната Грушењка, од цела таа семејна збрка доаѓа до убиство на Фјодор, кој е виновникот, дали станува збор за планирано таткоубиство или не, дали ќе биде обвинет и казнет правиот виновник, нема да откријам секако во целост. Има и уште една приказна во самата сага за Карамазови, тоа е онаа на несреќното семејство Сњегирјови, со посебен акцент на малиот горд Иљушечка.

Сите кои ќе пројават интерес кон оваа исклучителна книга, која е воедно и религиозно-филозофска, идеолошка, етичка, психолошка, социолошко-историска распарава и уште многу многу повеќе, им обрнувам внимание да го проследат со крајна концентрација разговорот на Иван и Аљоша во ресторанот, една од најмаркантните сцени и дебати водени во литературата. Исто како што веќе напоменав нема да разоткривам за да не ја расипам магијата, само ќе нафрлам некои скокотливи сегменти - верата во Бог, но не и во неговата креација, меѓудругото и поради тоа што дозволува децата солидарно да учествуваат со возрасните во колективниот грев, бремето на изборот на доброто и злото диктиран од слободната волја, љубовта кон луѓето откако ќе ти го откријат своето вистинско лице итн. итн. Многу е мисловно-провоцирачка, но и суштински религиозно себепреиспитувачка во убедувањата токму оваа сцена.


Достоевски воведува и нов поим карамазовштина и карамазовски тип на човек, тоа е всушност човек кој оди во екстремности на двете бездни, едната е нагонската, страсната, сетилната и анимална природа, другата е рационалната и свесна природа. Проблемот е што големата морална борба на спротивностите кај карамазовскиот тип луѓе води неминовно до зло, несреќа, (само)уништување – убиство, самоубиство, лудило, лична поради семејна трагедија...Овој конфликт е најизразен кај Дмитриј, во неговата импулсивна и еруптивна појава е дури чудно колку е секогаш на чекор од великодушност или пак од зло во однесувањето и делувањето... Иван е мислителот и филозофот, голем скептик во поглед на човечката и божествената правда, симпатично луциден, напати шокантно изненадувачки н‘рд гледано од денешен аспект, а Аљоша е сеопшт љубимец и на семејството и верувам на цела читателска воајерска публика, тој исто како, или поточно заедно со кнезот Мишкин од Идиот, веројатно се најрепрезентативни литературни примери на човечкиот идеал, во секаков поглед, по сите христијански, но и световни мерила...
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
01. A Study in Scarlet - Sir Arthur Conan Doyle
02. The Sign of the Four - Sir Arthur Conan Doyle
03. The Adventures of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle
04. The Memoirs of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle


05. The Hound of the Baskervilles - Sir Arthur Conan Doyle
Третиот роман со Шерлок Холмс. Холмс со помош на Вотсон ја решаваат мистеријата за кучето што ги прогонува членовите не фамилијата Baskerville со генерации.

06. Rework - 37 signals (thanks @naumdb)
Книга за претприемаштво и млади бизнис почетници. Нема детално објаснети планови или системи за бизнис, туку е генерално напишано за да се навлезе во процесот на размислување како претприемач.

07. The Toilet Paper Entrepreneur - Mike Michalowicz
Уште една книга за претприемаштво. Не е за водење бизнис со тоалетна хартија туку користи метафора со 3 парчиња тоалетна хартија низ целата книга. Слична е на претходната, малку подолга и има доста примери од реални луѓе кои направиле неортодоксни чекори за да го подобрат својот бизнис. Има точки кои можат да се искористат при започнување на бизнис за да се има увид во работењето и насоката на бизнисот.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
-Кон височините и под нив - Гоце Митевски

историјата не се пишува со душа туку со факти
Јас се обидов да истргам исечок од историјата
на фактите да им Внесам душа

одличен роман за нашата НОБ - февруарскиот поход

“Претпоследниот патрон беше почесен! Неговиот глас беше последниот чуен глас на слободата! Неговото смртоносно зрно беше последниот придонес за мирољубивиот свет! То требаше да ја размрска главата на последниот пред смрта виден фашистички злосторник!
А последниот............... .............. .. ...... ........... ......... ...........“
 
Член од
28 март 2012
Мислења
23
Поени од реакции
16
Пред некоја година и повеќе од 40 прочитав, така да си викам дека ќе успеам. Challenge accepted! Али уште од сега да кажам дека воглавно англиски книги читам така да претпоставувам голем дел од листата на англиски ќе бидат. А инаку досеа мислам дека имам прочитано некаде околу 10 книги, во оваа година. :)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
12. Се викам Црвено - Орхан Памук

Една од особеностите на оваа книга е што се менуваат нараторите, иако нарацијата хронолошки си тече и што како наратори не се само човечки ликови, туку и насликани дервиши, ѓаволот, ат, пес, златник, починати луѓе, дури и црвената боја...

На крајот од 16-тиот век во Истанбул, во врска со таинствената книга, по нарачка на Султанот, во која треба да се претстави сјајот и големината на Османлиската Империја пред западниот свет, сепак се нарушуваат извесни дотогаш усвоени уметнички традиции и се случуваат две убиства, убиецот или катиљот, е еден од понудените ликови и низ неговото творештво треба да трагаме по него.

Памук е навистина извонреден автор, чудесна е моќта преку зборови да ти бидат доловени уметнички дела со толку голема прецизност, да се почувствуваш како да патуваш низ сокаците заедно со Естер бовчаџиката и тајните љубовни писма, да трепериш заедно со башсликарот Осман над делата на старите сликари во Азното на Сарајот, да ја негуваш цели 12 години љубовта кон саканата Шеќуре како Кара, да сфатиш кои се мотивите на сликарите и зошто слепилото го сметаат за благослов...

Морам да признаам дека одамна не ми бил толку одвратен главниот женски лик во некоја книга. Исто признавам дека се забавував да погодувам меѓу двајцата сликари кој е катиљот, третиот го елиминирав уште од старт и иако на почеток имав лоша интуиција, на средина на книгата точно се сетив кој мора да е убиецот. Инаку, колку и да звучи морбидно во дела со вклучено злосторство - човечки жртви, секогаш посакувам мотивот да не е здодевен и предвидлив, како што се - љубов или пари. И кога сум на оваа тема, ја препорачувам и Името на розата од Умберто Еко, на сите читатели кои ќе им се допадне Се викам Црвено.
 

Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54
6. Некој како тебе - Александра Потер
Понекогаш се има потреба од вакви книги мислам, едноставни интересни и успеваат искрено да ве насмеат и расположат. Се сеќавам додека ја читав книгава повеќе одбирав слободното време да и го посветам нејзе одколку да гледам тв, да седам на компјутер или слично. Нема некоја посебна приказна но затоа има одличен хумор и ќе ја сакате особено you ladies, верувајте ми.. :))

7. Последниот чај - Винка Саздова
Ова е книга која ми ја препорачаа повеќе луѓе како тоа е книга, кога ја зедов библиотекарката рече `мм одлично` а јас очекував дека ќе читам навистина нешто извонредно но изгледа премногу очекував па повеќе се мачев одколку што уживав во книгава. Искрено не ми се допадна ни малку и се терав себеси буквално да ја прочитам докрај, што не е случај за нејзиниот втор роман Полиња со диви нарциси кој го сметам за инспирирачки и далеку подобар.

8. Златното лале - Розалинд Лејкер
Книга за уметноста, љубовта, интригите, за животот во 17 век во Холандија.Приказна која изобилува со деталности од начинот на живењее во тоа време зачинета со интересни пресврти и судбини. Ме привлекуваат вакви книги кои се еден своевиден времеплов, задоволство беше да ја читам и да бидам дел од судбините на трите сестри Висер, која нема да ве остави рамнодушни и никако да не ве исплашат шестестотини страници ако не беа и седумстотини зошто ветуваат добра забава и приказна.

9. Гневот на ангелите - Сидни Шелдон
Се што видам од него земам зошто тој е веќе докажан мајстор. Само имам замерка на преводот онака набрзина правен со многу пропусти ама што е тоа е..
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Книга бр.8 Кога ќе заигра срецето - Џејн Мур

Чик литература, брзо се чита, не е ништо посебно, а се зборува за една девојка која е растегната и мора да одлучи меѓу здодевната сегашност со момчето со кое е во врска 5 год. или да започне нов живот со маж кој го знае само неколку дена

Книга бр.9 Рингишпил - Јелена Бачиќ Алимпиќ

Конечно книгата ми дојде во раце и морам да кажам дека сум воодушевена од приказната за најпознатата руска балерина Ана Балинт. Знам дека во животот не можеме да имаме се што ќе посакаме, но мислам дека и авторката малку претерала со трагедиите на Ана. Повеќе смрт во ниедна трилер книга не сум сретнала. Многу ми се допадна, ја препорачувам.

Книга бр.10 Вода за слонови - Сара Груен

Сакам да го гледам филмот, но си кажав не пред да ја прочитам книгата. Уште не сум ја дочитала, а се зборува за Џејкоб Јанковски кој ни ја раскажува својата животна приказна и работата во циркусот.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Wooow колку си јак.

11. Патриша Корнвел - Се што останува
Веќе имам една книга од оваа писателка прочитано, и заклучив дека ми се бендисува нејзиниот стил.
Темата на книгава се серија убиства на млади парови, од кои последното е на ќерката на позната политичарка (и дечко и).
Огромна е книгава, има непотребно многу детали, а некако на работите на кои требало да се обрне внимание, многу малце време е посветено.
Значи, добра е за тепање време, ама ништо повеќе.
12. Крик во ноќта - Мери Хигинс Кларк. Втор пат ја читам, од пуста досада. Ја препорачувам, трилече кое ќе ве држи во мистерија.

13. Игри на гладните 3 - Мокингџеј. Јас бев воодушевена од првиот дел од серијалот. Вториот ми беше некако набрзинка. А третиов - па, не сум воодушевена. Заврши онака како што сакав да заврши - горе-долу. Ама многу некако акција имаше, почетокот посебно. И ако има војна мајку му стара, овие цело време пред камери го минуваа. Прва книга прочитана на киндлот :)

14. Малиот принц :)
Кои метафори ги држи книгава... Ѕверска.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom