- Член од
- 7 март 2010
- Мислења
- 9.163
- Поени од реакции
- 25.313
Дојде крајот на Јануари и успеав да прочитам само две книги. Толку ми дозволуваше слободното време што го имав. Ќе видам ако можам да надокнадам во Фебруари. Иначе..
Првата книга: Злосторства од љубов - Маркиз де Сад
Одлична книга, одлична. Не е еден роман, туку поделена е книгата на четири новели. Мајсторски раскажани животни приказни, полни со возбудливи пресврти и драматични заплети. Се гледа дека авторот сака после секоја прочитана новела да не натера да размислиме за истата. Секоја е со длабока приказна и поента на крај. Ја препорачувам, но мислам дека нема на секој да му се свиѓа. Пробајте ја, ако не ви фати око, немора да ја дочитате.
Втората книга: Прирачник за анти-антиалкохоличари - Игор Џамбазов
Сите сме слушнале за книгава и отприлика се знае што се работи во неа. Некој слушнал од другар, познаник друг од телевизија, не е битно. Накратко животната приказна на Игор и врската со алкохолот. Книгата почнува уште од неговата најрана возраст кога го пробал првото пиво, па се до денес. Ја препорачувам на сите, едноставно и многу сликовито е опишано што може алкохолот да му направи на еден човек, колку може да го уништи.
Во месец февруари прочитани три книги..
Трета книга: Крив правец - Димко Тасеваски
Прекрасна книга, не многу голема околу 70тина страници. Одлично е прикажано како човек поради сиромаштијата која владее во нашата држава се одлучува да заработува на не многу "убав" начин. И како откако ќе се поврземе со погрешни луѓе и ќе тргнеме по кривиот правец нема враќање назад, и како тоа минатото цел живот ќе не гони. Едноставно прекрасна книга, во која младата Соња поради сиромаштија одлучува да заработува како проститука уште на 13 годишна возраст.
Четврта книга: Крив правец 2 или чистачот - Димко Тасевски
Слична е и како првата книга. Само што во оваа книга главен лик место женско е машко. Малце поголема е оваа книга од првата, околу 200 страници е. Во оваа книга се збори за ликот Роберт кој исто така поради сиромаштија одлучува да стане рекетар за еден од министрите во тоа време. Интересно за двете книги е што уствари покажува колку гадни работи прават високите луѓе во нашава држава. И го тера човек да размисли. Исто така се крена голема галама за книгава, зашто има полемики дале е според вистинска случка или е измисљотина.
Петта книга: Лавиринт - Кејт Мос
Една од поголемите книги што сум ги прочитал до сега. Али вредеше секој поминат саат што го посветив на книгава. Во книгата се работи за Светиот Грал кој дава вечен живот на човек. За да се направи светиот грал, треба да се собере Трилогијата т.е. трите книги. Дејството во книгата се одвива во два различни периода. Едниот е во 1200 година, кога Крстоносците жареле и палеле низ Европа, поточно во книгава Франција и ја ширеле христијанската вера, а второто дејство е во денешно време. Интересна авантуристичка книга. Ја препорачувам, како што ги препорачувам и претходните две книги.