Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
1. „Прашките гробишта“ - Умберто Еко

Навидум, романот го следи сочинувањето на еден фалсификат: напис - извештај за наводниот протокол со кој Евреите ќе завладеат со светот, па ќе се најдат испреплетени масонски ложи, језуитски свештеници, шпиони, сатанисти, паладисти, католици... Малку подлабоко, преку ретроспектива на животот на еден агент, всушност се разоткриваат моделите на шпионски игри, а уште подлабоко, може да се најде и скица на современиот човек: лицемерен психопат полн со предрасуди, со животна цел да се најаде добро и да собере зацртана сума на пари, за кого целта секогаш ги оправдува средствата...и да, свет во кој идеалистите се наивни фигури во рацете на тајните служби.

Секако, како и во сите негови книги, Еко нема да пропушти да одржи час по формална (но и улична историја), така што, освен што би читал роман, читателот би научил доста за историјата на Италија и Франција во19тиот век.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Јас темава ја сфатив како начин секој сам да се провери колку чита, како што јас ставам цртки колку вода пијам, оти излезе дека пијам многу помалку одошто си мислев.

Прочитани книги во февруари:

1. „Храпешко“ Ермис Лафазановски
Книгата не ми се допадна. Ликот тргнува некаде, дејството почнува, се заплетува, ама наместо колуминација, има рамна линија, и цела книга е таква. Како непотребно одложен машки оргазам. Како да сака да постигне нешто како Хесе во „Играта на стаклените монистра“, ама млако, многу млако.
Молам ако некој го читал и има поинакво мислење, да напише. Ја читав во превод, ама според мене, проблемот е содржински, а не јазичен.

2. „Salajevo jaje" Monaldi/ Sorti
Автори на овој роман се маж и жена, познати, преведувани етц. Не сум љубител ни на таков вид книги, ама сигурна сум дека на многумина ќе им се допадне.
Дејството се случува 1507 година.
Еве како е претставена:
„Тоа е возбудлива приказна во која тврдоглавиот и шармантен Салај паѓа во замка заради своите откритија.
Романот е забавен, преполн со големи тајни и скриени вистини, во којшто бројните интриги се испреплетуваат со вистинските историски податоци.“

3. „Ловец во житото“ - Селинџер
За жал, преводот е очаен. Ама на неколку места ме изнасмеа вистиниољубивоста на главниот лик, кој ги (о)пишува нештата баш такви какви што се, а не такви какви што сакаат да се претстават. Неколку пати им се навраќав и морам да ја прочитам и на англиски.

4. „Moj slatki Sputnik" H. Murakami
Во книгите на Мураками се вљубив на прв поглед. Досега го читав на англски, ама оваа ја немав, и да кажам дека ако имате прилика, читајте го на англиски. Мислам дека голем
дел од книгите ги има и во е-форма.

Почнав да го читам Мајкл Чабон, ама него ќе го бројам во март.:)
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
касно палам али прифаќам... благодарение на саемот во матица можам да се пофалам со 10тина прочитани наслови од некаде 2-3 фебруари... утре се надоврзувам со коментар за книгите
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
1. Чуварите на книгата- Џералдина Брукс

Книгава е за добитник на Пулицеровата награда. Приказната е интересна и се однесува на Сараевската хагада, книга стара повеќе од 5 века, за луѓето кои ја сочувале во тие 5 века и за тоа како таа стигнала во Сараево. Хагадата покрај староста е единствена и по тоа што е единствена хагада во која има слики. Австралиска конзерваторка во '96 оди во Сараево за да ја среди Хагадата ( еврејска книга, вид молитвеник кои го користеле Евреите пред Пасха). Во книгата наоѓа „чудни“ работи: крило од инсект, бело влакно, траги од вино, траги од сол, а не ги наоѓа сребрените токи кои и биле ставени на книгата. Стилот во книгата е интересен. По конзервирањето на книгата, конзерваторката оди во Виена каде го остава крилото од инсект на проверка во лабораторија и дознава дека е од вид пеперутка која е распространета низ цела Европа, но само на високите места. Потоа приказната се враќа во периодот на Втората Светска Војна кога хагадата се наоѓа во сараевскиот музеј каде доаѓаат гестаповци да ја конфискуваат. Храбриот кустос ја крие хагадата и ја носи во едно планинско село каде му ја предава книгата на оџата за да ја скрие во селската џамија. Додека е во Виена конзерваторката бара траги за тоа кога исчезнале сребрените токи. Приказната повторно се враќа ретроспективно во периодот меѓу двете светски војни. Преку ретроспектива се прикажани сите места од каде што хагадата носи траги кои всушност се патот на книгата кој води до нејзиното настанување и до настанувањето на сликите во неа. Чуварите на книгата е приказна за луѓето кои без оглед на верата и бојата на кожа успеале да ја сочуваат книгата од уништување во периоди кога да се има нешто еврејско било достојно за смртна казна.
отценка 10

2. Пророштвото на Романови- Стив Бери

Роман според кој принцезата Анастасија и принцот Алексеј, деца на последниот руски цар Николај Романов го преживеле масакарот и биле префрлени во Америка од страна на дружина која се заколнала да го штити царот. Американски ( о да, секогаш мора да има американци ) адвокат и руска артистка трагаат низ Русија за на крај да стигнат во Америка каде го пронаоѓаат потомецот на принцот Алексеј.. Ништо нарочито, нешто веќе видено, малку бркање по светов, малку логика, но дефинитивно не е тоа што очекував. Очекував книгава да е повеќе руска, но е чист американски производ. Кога би имале американците цар, дефинитивно немало ни да помислат на Романови. Не знам, како да гледаш амерички акционен филм каде Чак Норис праи лом против пола Русија.
отценка 4

.....
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
794
Поени од реакции
633
Десетата Симфонија checked!
Ракописот Q loading...
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
6. Сенка на ветрот - Карлос Руиз Зафон

Долг период го избегнував Зафон, дури неправедно, без да прочитам ни една книга од неговиот книжевен опус, го поистоветив со Коелјо, бидејќи наеднаш беше форсиран со повеќе наслови, па си реков уште еден исклучиво профитно ориентиран и екстремно искомерцијализиран автор :unsure: . Но, згрешив, а греши и оној дел од литератураните критичари кој го поистоветува со Маркез, Борхес или Еко, бидејќи Зафон е и премногу автентичен и свој.

Инаку, книгава не е во мојот омилен литературен жанр, сепак нарацијата, заплетот и расплетот се мајсторски изведени, исто и ликовите... Се‘ започнува кога десетгодишниот Даниел, во 1945 год. на Гробиштата на заборавените книги во Барселона, ќе ја одбере Сенка на ветрот на Хулијан Караш... Неговата опсесија со делото и авторот ќе му открие многу повеќе од необична приказна за тајните, забранетата љубов, пропаста и смртта на многу засегнати учесници, која приказна е всушност стварност и не е завршена и ќе се испреплете и во сегашноста... Иако предвидов доста околу самиот расплет, сепак имаше и изненадувачки откритија. Ликот на Фермин ќе ми остане во сеќавање како еден од најсимпатичните ликови, сретнати низ литературата.

7. Идиот - Фјодор М. Достоевски

Во ова дело го сретнав веројатно еден од најпозитивните ликови во светската литература воопшто - Лав Николаевич Мишкин...Толку детски искрен, толку неизнасилено спонтан и толку неартифицирано и несебично добар, што е етикетиран како - идиот. Скоро целиот свој дотогашен живот, го минал во Швајцарија, каде се лекувал од епилепсија и токму тоа што од малечок го запознал страдањето, ќе го претвори во заштитник на несреќните и ќе го уништи токму таа негова неизмерна моќ на саможртвување...

Доаѓајќи повторно на руско тло и фрлен во изопачениот круг на сплетки, лажниот сјај на својот сталеж, почитување на ,,вредности,, како опседнатост со богатство и положба, изопачени идеи и сл. тој навистина наликува на смешен витез од некое друго време и за жал, скоро тотално несфатен и без успех во потребата да заштитува, угодува и помага на луѓе, кои го влечат во пропаст, поради својата егоистички настроена подлост, од различна природа...

Во писмото до својата внука Иванова, објаснувајќи го својот роман, Достоевски напишал: "Главната мисла на мојот роман е - да се наслика позитивниот, прекрасен човек. Нема ништо потешко на светот од тоа. Особено денес...Тоа е задача безмерна... Прекрасното е идеал, а идеалот, ниту нашиот, ниту оној на цивилизираната Европа, ни оддалеку не е оформен..."

Моментално читам -
8. Прашките гробишта - Умберто Еко
И сум воодушевена за хуморот кој е вметнат, во толку сериозна тематика, како светски заговор :)...
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Моментално читам -
8. Прашките гробишта - Умберто Еко
И сум воодушевена за хуморот кој е вметнат, во толку сериозна тематика, како светски заговор :)...
Не го читај Еко, сигурно е масон, а дури можеби и шпион. ;)
Или, пак сакал да пишува книга за готвење, ама бидејќи не сакал да биде сфатен несериозно, ја маскирал во драматичен роман.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Не го читај Еко, сигурно е масон, а дури можеби и шпион. ;)
Или, пак сакал да пишува книга за готвење, ама бидејќи не сакал да биде сфатен несериозно, ја маскирал во драматичен роман.
Бидејќи темава не е Препорачај книга, ни Книга која не би требало да ја чита *рандом форумски лик* поради мојата претпоставена перцепција за него како субординантен читател, во иднина воздржи се од слични восклици и обиди да ми диригираш каков избор на автори и дела ќе одберам *еве ти го и лицемерното смајли* ;)...
И не се плашам јас од теории за светски заговори БУ :нинџ: !
Ни па мешам валоризација на одредени групи и настани на реално ниво, со литературна фикција. И не ми е прво дело кое го читам од Еко, ни па сметам дека во овој готвач со слики језуитите се вид чили, а масоните ароматични егзотични тревки, подобрувачи на вкусот.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Бидејќи темава не е Препорачај книга, ни Книга која не би требало да ја чита *рандом форумски лик* поради мојата претпоставена перцепција за него како субординантен читател, во иднина воздржи се од слични восклици и обиди да ми диригираш каков избор на автори и дела ќе одберам *еве ти го и лицемерното смајли* ;)...
И не се плашам јас од теории за светски заговори БУ :нинџ: !
Ни па мешам валоризација на одредени групи и настани на реално ниво, со литературна фикција. И не ми е прво дело кое го читам од Еко, ни па сметам дека во овој готвач со слики језуитите се вид чили, а масоните ароматични егзотични тревки, подобрувачи на вкусот.
Оh, no.... I did it again....
шега беше... шега!
Без нервози... извини ако ти го нарушив виртуелниот ти интегритет.
Фала на лицемерното смајли.
Over and out.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Оh, no.... I did it again....
шега беше... шега!
Без нервози... извини ако ти го нарушив виртуелниот ти интегритет.
Фала на лицемерното смајли.
Over and out.
Wooow колку си јак.

11. Патриша Корнвел - Се што останува
Веќе имам една книга од оваа писателка прочитано, и заклучив дека ми се бендисува нејзиниот стил.
Темата на книгава се серија убиства на млади парови, од кои последното е на ќерката на позната политичарка (и дечко и).
Огромна е книгава, има непотребно многу детали, а некако на работите на кои требало да се обрне внимание, многу малце време е посветено.
Значи, добра е за тепање време, ама ништо повеќе.
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
О_О
--- надополнето: 3 март 2012 во 23:51 ---
Колку ми се смешни луѓето што читаат книги! О_О
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
О_О
--- надополнето: 3 март 2012 во 23:51 ---
Колку ми се смешни луѓето што читаат книги! О_О
Мораме, немаме телевизори :place:


9. The Family - It's in the Blood - Martina Cole
Во моментов ја читам Alone in Berlin од Hans Fallada, дејството се случува во Втората Светска Војна во Берлин (како што и насловот кажува, нели), ама ја направив како индиска серија, по 3 страни читам пред спиење, кога ќе ја завршам ќе ја вбројам и таа :)
Сам себе го цитирал :D
10. Alone in Berlin прочитана. Се зборува за брачен пар од Берлин кој за време на војната се спротиставува на режимот пишувајќи текстови со антинацистичка содржина на разгледници кои ги оставаат на прометни места. Две години успеваат да поминат неказнето, но потоа се фатени и осудени на смрт. Последните поглавја во кои се опишани деновите по апсењето и кои ги поминуваат во самица се особено тешки, прикажана е внатрешната борба на мажот и жената, сите стравови, безизлезноста, процесот на помирување со смртта... Сѐ на сѐ, Hans Fallada бил еден чуден, депресивен човек и тоа се рефлектира во книгата.


Сега ја почнувам The Rome Prophecy од Jon Trace.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom