Првут (Перут) и Себореа

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.672
Поени од реакции
38.853
еве ви лек, ова од вечер, сабајле перење главата со реконазол, после извесен период кога ќе се исчисти со алпецин шампон
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
еве ви лек, ова од вечер, сабајле перење главата со реконазол, после извесен период кога ќе се исчисти со алпецин шампон
Мислам дека кај секој е различно, и едно исто не делува кај секого со ист резултат. Генерално тука можеме да споделуваме инфо, и некој да си ја најде комбинацијата. Штом е маст, не е решение за подолг период, финтата е да ја хидрираш ти кожата, а не да ја мрсиш. Затоа и повеќе вода не е на одмет, овошје, бонус стаете во некоја крема, најубаво бекутан две ампули витамин Д, многу е добро за кожата, ова докторки од кожно ми го имаат кажано - пола интерно на клиника со ова се мачка, подобро е од било која крема против брчки или не знам што.
 
C

CoolIris

Гостин
И што сакаш да кажеш?
Ова.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.010
Поени од реакции
55.279
Ова.
Не ме интересираат pubmed и researchgate што сакаат да кажат, сакам да знам ти што сакаш да кажеш со цитативе.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.672
Поени од реакции
38.853
Мислам дека кај секој е различно, и едно исто не делува кај секого со ист резултат. Генерално тука можеме да споделуваме инфо, и некој да си ја најде комбинацијата. Штом е маст, не е решение за подолг период, финтата е да ја хидрираш ти кожата, а не да ја мрсиш. Затоа и повеќе вода не е на одмет, овошје, бонус стаете во некоја крема, најубаво бекутан две ампули витамин Д, многу е добро за кожата, ова докторки докторки од кожно ми го имаат кажано, подобро е од било која крема против брчки или не знам што.
не ја користиш правилно маста затоа немаш резултат, треба бар 12 саати да ти стои на скалпот па да ја измиеш и ќе видиш дека лушпите ќе ги снема по краток период. Оваа маст специјална за габични инфекции нема врска со бекутан и витамини.
 
C

CoolIris

Гостин
Не ме интересираат pubmed и researchgate што сакаат да кажат, сакам да знам ти што сакаш да кажеш со цитативе.
Иронијата во твојот пост, ми беше поентата мене. Прочитај уште еднаш, паметен дечко си ќе сфатиш.

Инаку, тоа што го зборат докторите не е класика, туку е научно поткрепено. Ете, во прилог на тоа што се збори и научни студии.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.010
Поени од реакции
55.279
Иронијата во твојот пост, ми беше поентата мене. Прочитај уште еднаш, паметен дечко си ќе сфатиш.

Инаку, тоа што го зборат докторите не е класика, туку е научно поткрепено. Ете, во прилог на тоа што се збори и научни студии.
Многу е лесно на секој проблем да се залепи етикетата стрес, и решението да е стандард, намали цигари алкохол и повеќе овошје зеленчук и готово. Тоа е тоа, универзалниот лек за сите болести и проблеми.

Еве Солар вика дека не му е од стрес.
Еве јас ти кажувам дека и мене не ми е од стрес. Ниту пак од цигари и алкохол. Ниту пак од недоволна хидратација.
Баш кога бев највеќе под стрес тие периоди Clear шампонот ги решаваше проблемите со првут. И кога не пушев цигари неколку месеци се јавуваа периоди каде ми се враќаше првутот и тоа приметив од промена на шампон и вода. Еве сеа пак пушам цигари скоро година дена и од цел тој период мене првут ми се појави последниве 2 месеца. Плус овие мртвиве лушпички на нос и веѓи. Тоа сигурно не е од цигари, алкохол и благо.

Овошје и зеленчук јадам секогаш, вода пијам секогаш, високозачинета храна не јадам, луто не јадам, леб не јадам многу, горе доле имам некоја нормална и секојдневна исхрана, без глупости и додатоци.

Дојдов да прашам паталци, пошто докторите сеуште немаат трајно решение за овој проблем и ме мрзи да читам вакви статии и научно поткрепени факти а се служат со истите решенија за сите ебени проблеми.

Исклучи алкохол цигари - ако имаш висок холестерол
Исклучи алкохол цигари - ако имаш проблем со шекер
Исклучи алкохол цигари - ако имаш маснотии
Исклучи алкохол цигари - ако имаш првут
 
Член од
15 јануари 2015
Мислења
452
Поени од реакции
423
Ова е напишано пред 5 години и сеуште е така. Првутот, црвенилото на скалпот исчезнува веднаш со прво второ бањање/туширање со друга вода. И да конзумирам благо. Моментално користам wash & go и за чудо тера работа,предходно head & s,shauma против перут,Здраве јаглен...
 
C

CoolIris

Гостин
Многу е лесно на секој проблем да се залепи етикетата стрес, и решението да е стандард, намали цигари алкохол и повеќе овошје зеленчук и готово. Тоа е тоа, универзалниот лек за сите болести и проблеми.
Не е тоа лек Џонтра Волто. Стресот, исхраната, цигарите, алкохолот се само тригер фактор. Тоа значи дека го фаворизираат влошувањето на болеста. Преку овие тригер фактори може колку-толку да ги редуцираш или ублажиш симптомите. Тоа се факти, поткрепени со аргументи, а на тебе останува дали сакаш или не сакаш да бидеш дисциплиниран и да го почитуваш тоа.

Инаку магично решение за ова нема. Рецидивирачки карактер има што значи дека има тенденција да се повторува.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.010
Поени од реакции
55.279
Не е тоа лек Џонтра Волто. Стресот, исхраната, цигарите, алкохолот се само тригер фактор. Тоа значи дека го фаворизираат влошувањето на болеста. Преку овие тригер фактори може колку-толку да ги редуцираш или ублажиш симптомите. Тоа се факти, поткрепени со аргументи, а на тебе останува дали сакаш или не сакаш да бидеш дисциплиниран и да го почитуваш тоа.

Инаку магично решение за ова нема. Рецидивирачки карактер има што значи дека има тенденција да се повторува.
Не може алкохолот и цигарите да се аргументи и факти за сите здравствени проблеми. И откажување од истите да е решение на проблемот. За стресот се согласувам, ама алкохолот и цигарите како некој страшен тригер фактор за било што е тешка пропаганда.
Во недостаток на квалитетно медицинско решение се повикувате на овие таканаречени совети.

Ние овде се жалиме на проблем за кој нема трајно решение, ниту пак има некој конкретен тригер фактор и ти доаѓаш со ваков совет
Исхраната секако дека има огромно влијание. Треба да избегнувате премногу мрсна и зачинета храна, конзервирана храна, виршли, паштети. Помалку цигари и алкохол. Повеќе овошје и зеленчук.
wow.

И ова што го пишувам за докторите не се однесува конкретно на тебе, пошто дури сега ти го прочитав мислењево, алудирав на сите доктори кои се служат со овие под дифолт совети.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Не првут, лушпи како на змејот од ГОТ да ми излегуваат нема да се откажам од мрсна, зачинета и превкусна храна. Еве сеа крцкам една домашна пица со кулен, ќе ја грмнам со пола литро ладна фанта. :ljubove:

Решението е едноставно, барајте си шампион шо ќе ви врши работа, зошто не реагира исто кај сите. Еве јас реков 2 години немав проблем со фитовалот, сеа ќе пробам ако треба и 10тина нови се додека не најдам некој шо ќе ја смири кожата.
 
C

CoolIris

Гостин
Не може алкохолот и цигарите да се аргументи и факти за сите здравствени проблеми
Аргументи се студиите што ги споделив, а ти не сакаше да ги прочиташ. Се убаво си пишува за конкретните тригер фактори т.н. модифицирачки фактори. Тоа е алфа и омега во медицината! И за хипертензија и за дијабет, па дури и за себороичен дерматит.

Хе, прво ме изнавреѓа па после не го мислам тоа за тебе. Океј! Ја моето мислење си го кажав.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.731
Поени од реакции
9.782
Сега читам назад од прва страна на темава, пред едно 7-8 години како сум го пцуел срањево :icon_lol: После толку години, доктори во Македонија и Германија (општи и специјалисти дерматолози), една тажна вест - лек за целосно исчезнување нема. Но, може и те како да се стави под контрола. Порано имав повеќе изливи кога ќе поцрвенеам од уши до гради, се лупев, за скалпот да не зборувам. Деновиве можеби еднаш годишно имам проблем со ова и тоа минимално. Првут исто елиминирав веќе подолго време, целосно.

Стрес, исхрана, пороци итн. - без разлика на доктор и држава ова секаде ми го спомнуваа. Во животот имам 2-3 цигари испушено пред 15 години, алкохол еднаш годишно, џоинт исто еднаш годишно а деновиве ни толку. Значи 0 очигледни пороци. Стрес е нешто што тешко се контролира. Не сум Иван Исцелител да знам што ќе ме сполета и што ќе ме нервира...не сакам ни јас да имам проблеми ама тоа е. Ова е толку поединечно и специфично и тешко да се стави под контрола што бесцелно ми е кога доктор ќе ми каже од стрес е, намали стрес итн.

Доаѓаме до исхрана и активен живот. Не секогаш сум на ниво како деновиве, моментално мислам Фелпс и Роналдо можат гомна да јадат. Исхраната ми е clean cutting до даска (зеленчук, овошје, пилешко, риба, протеини итн). Пример денес 1200 калории, 25г масти, 87г јаглехидрати, 125г протеин. Секој ден најмалку 10.000 чекори, 6 пати неделно вежбам, 7-8 саати сон секоја ноќ. Дали има удел сето ова во контролата врз дерматитот? Веројатно до некој степен...иако и пред оваа рутина кога бев буренце исто немав големи проблеми.

Важно е да се најдат тригери и решенија. Тригер кај мене е на пример промена на време, клима, локација. Кога патувам од една во друга клима, друга вода, воздух, влажност итн. големи се шансите да ми се јави повторно. Долга коса и брада исто не помага, посебно ако не си во можност макар еден ден да ја измиеш.

Решенија што кај мене лично помогнаа:

1. Секојдневно туширање барем еднаш. Под туширање подразбирам и миење коса секако. Темелно плакнење после триење на шампонот се додека не "цвика" кога го масираш скалпот со прсти.

2. Пронајди шампон што ти одговара. Кај мене во моментов веќе една година без проблеми во употреба е овој:


3. Користи "четка" за "шампонирање":



4. Ако имаш дерматит на кожа (лице, гради, зад уши итн), користи крема на база на хидрокортизон. Ако ептен е лоша ситуацијата онаа од 1%, инаку може и 0.5%. Овде во Германија 1% може да се купи само со рецепта од доктор. Пример оваа:




Дали ќе исчезне целосно? Не...од време на време се јавува, ама многу многу поретко. Полесно се живее во секој случај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom