Офф, ме претица.
Типов (типкава) и типот (госпожата) од Кочани го (ја) претица
МАКЕДОНИЈА | 01. НОЕМВРИ 2012
http://www.sitel.com.mk/prviot-makedonski-transeksualec-bil-policaec
Првиот македонски трансексуалец бил полицаец
Првиот маж во Македонија што за кратко време со хормонска терапија успеал да се трансформира во жена, до пред 10 години гордо носел полициска униформа и се грижел за безбедноста и за јавниот мир во Тетово, пишува денешен “Вест“.
Поради трансформацијата на надворешниот изглед, тој пред 10 години бил отпуштен од работа и неговиот статус на невработен до денеска останува ист.
Поранешниот полицаец кој се школувал во средното медицинско училиште и завршил со одличен успех, за “Вест“ вели дека се издржува од пензијата на неговите родители и нема од каде да ја плати алиментацијата за неговите деца, која изнесува околу 500 евра.
“Ги сакам моите две деца и би го дала и животот за нив. Но пари немам и не можам да ја плаќам алиментацијата. Многупати сум побарала работа, но поради мојата трансформација, никој не сака да ме вработи. Моите две дечиња не сум ги видела две години и не знам зошто сега ме задолжуваат да плаќам, кога ми го скратија правото да контактирам со нив“, вели за “Вест“, Андреа.
Адвокатката на Андреа, Марија Аргировска најавува жалба до апелациониот суд во Тетово. На сите рочишта биле присутни и претставници на Хелсиншкиот комитет за човекови права, пишува весникот.
Исплашен дека ќе биде заклучен во ќелија со мажи, Андреа вели дека попрво ќе се самоубие отколку да оди во машки затвор.
“Моја нога нема да го пречекори прагот во затворската ќелија. Попрво ќе се самоубијам отколку да влезам таму каде што сум сигурен дека осудениците ќе ме силуваат. Јас сега сум убава жена и сум предизвик за мажите што таму отслужуваат затворски казни и долго не виделе жена. Сигурно со мене ќе си ги задоволат сексуалните нагони, а јас ќе претрпам трауми за кои, сигурна сум, никој потоа нема да одговара. Според медицинската документација и хормоните, јас сум жена, па ако веќе треба да издржувам затворска казна, нека ме стават во женскиот затвор во Идризово. Таму ќе бидам безбедна и јас и моите потенцијални цимерки“, вели Андреа Јакимовски.
“Вест“ пишува дека за комплетна промена на полот на тетовскиот трансвестит недостасува уште само хируршка интервенција за отстранување на половиот орган. Операцијата треба да биде извршена во Белград, но засега Андреа вели дека нема пари.