Првиот Македонец што јавно зборува за промена на полот

Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Дарко Kрстев, триесет и тригодишен студент на Машински факултет во Скопје, е првиот Македонец што храбро реши да ја сподели својата среќа со јавноста, откако по повеќегодишно хормонално лекување, конечно на 31 мај годинава во една клиника во Белград стана жена.

Дарко сега се вика Kлаудија и вели дека конечно е спокоен во своето тело. Цел живот бил девојче заробен во машко тело, и покрај тоа што судбината не била многу нежна со него, вели дека конечно сите негови воздишки, модринки и ќотек што го добил оти бил различен сега веќе не го болат.

На родителите им кажал дека е девојче

- Мојот живот не беше розов, иако сум девојче откако знам за себе, кое по игра на природата заталкало во машко тело. Паметам дека уште како три-четири годишно дете, кога ќе се видев на огледало, се плашев од себе, па ставав на главата разни шалови и крпи за да изгледа дека имам долга коса. Тогаш не знаев зошто е така, моите домашни се правеа дека не забележуваат, па јас си терав по свое. Облекував чевли на високи потпетици, многу сакав фустанчиња. Уште како дете им реков на родителите дека јас сум девојче, така и се однесував, дури мојата, сега покојна, мајка ме викаше Даринче - вели Kлаудија, која деновиве има уште една битка.

Со месеци, и покрај сите легални документи дека сега е жена, не може да извади патна исправа и лична карта со ново име и пол. Таа вели дека не е с` до администрацијата, туку и до менталитетот и културата на луѓето. Kлаудија вели дека еднаш ќе мора да научиме дека светот се менува и оти промена на пол веќе не смее да биде табу.

- По потекло сум од Kочани, таму одев на училиште. Спомените за моето детство се ужасни. Другарчињата од училиште ме задеваа, навредуваа, оти бев феминизирана. Kога пораснав, ме тепаа, онака без причина, ги нервираше моето одење или моето движење на рацете. Но, јас, многу, многу се трудев да скријам дека сум девојче, се преправав дека имам подлабок глас, не мавтав со рацете. Правев с` да се вклопам и многу се трудев да не сум трн в око. Сакав за мене да мислат дека сум маж, но по сите ќотеци, пукнати аркади, клоци и тупаници се предадов, решив да бидам тоа што сум, секако јадев ќотек. С` уште им ги паметат лицата на тие што ме тепаа. Монструми - вели Kлаудија.

Скопје центар на среќата
Подоцна со семејството се преселил во Скопје, избегале од Kочани, оти, како што вели, средината, едноставно, ги одбила. Вели дека во Скопје се чувствува добредојдена, сретнала и други луѓе транссекусалци. Добила нови искуства.

- Се запишав на Машински факултет и имам само уште еден испит да дипломирам. Ќе го сторам тоа многу скоро. Факултетот го одбрав затоа што добро ми оди математика, но секако не е професија што ја посакувам - објаснува Kлаудија.

Таа вели дека по сите долготрајни терапии со хормони, посети по лекари, консултации, конечно со семејството собрала храброст и решила.

- Пред да дојдам во Скопје, ни на крај од умот не би беше да имам момче, во Kочани поради тоа најверојатно ќе ме обесеа. Но, во Скопје го доживеав и тоа, на подоцнежни години го имав своето прво сексуално искуство со маж, жени никогаш не ме привлекувале. Но од тоа искуство се згрозив, тоа воопшто не беше пријатно. Потоа уште малку експериментирав, имав момчиња и, конечно, сфатив. Јас, дефинитивно, сум жена. Никогаш не сум имала девојка.

Хормоналната терапија ме разнежни, понекогаш станував депресивна, па со денови не излегував од дома. Телото почна да ми се менува, се заоблив во колковите, и со многу големо уживање почнав да облекувам женска облека. Малку сум невешта со шминкањето, па мојата сестра ми помага, но добро знам што сакам да носам, кусите здолништа ми се омилени, сакам и високи потпетици, ама носам број 45, па тешко се наоѓаат обувки - вели Kлаудија.

Односот кон фудбалот решавачки

Преку невладините организации пто се занимаваат со правата на ЛГБТ-лицата успеала да дојде до информации за операција за промена на полот. Kај нас законите не дозволуваат промена на пол, затоа операцијата ја направила во Белград.

- Но, патот до славата е послан со трње, поминав мачен период по психијатри, социјални работници, каде што стоти пат докажував дека јас сум жена заробена во машко тело. Kога човек ќе се реши за промена на полот, мора да е многу сигурен во тоа. Јас не се двоумам за ништо на светот. Сега сум пресреќна што ми се исполни сонот за кој мечтаев уште како дете. Многу сакам спорт, обожавам кошарка и ракомет, дури во еден период од животот и тренирав ракомет. Не бев ни свесен дека мојата љубов кон овие два спорта, ќе бидат пресудни за одлуката на психијатрите дека јас навистина носам жена во мене. Имено, лицата што за себе мислат дека се транссродни, а обожаваат фудбал и некои од нив се супериграчи не можат да го сменат полот. Психијатрите за нив се сто отсто сигурни дека тие не се жени, а јас фудбал не поднесувам - објаснува таа.

Пари за операција немала, но еден пријател на семејството, кога видел колку голем товар носи таа, решил да им помогне и ~ подарил околу 6 илјади евра за да ја направи операцијата. Сега тој човек го сметаат за член на семејството, а Kлаудија вели дека му ја должи својата среќа.

- Операцијата траеше околу 6 часа. Беше напорно, но закрепнав и се чувствувам многу добро. Пред операцијата не излегував со месеци од дома, бев во карантин, но јас така сакав. Пред некој ден, првпат се прошетав меѓу луѓе, низ Градскиот трговски центар, првпат како жена, имав впечаток на позитивни реакции од луѓето. Секако, не е можно да не ме забележат кога поминувам оти јас сум висока, атрактивна и секси жена. Но, не копнеам по туѓо внимание, и нема да бркам момчиња, чекам тие сами да ми приоѓаат - вели самоуверено Kлаудија, која одвај чека администрацијата да ~ дозволи да извади лична карта со ново име и пол.

НАЈМАЛКУ 24 ЛИЦА СЕ РЕШЕНИ ДА СИ ГО СМЕНАТ ПОЛОТ

Во Македонија најмалку 24 лица се решени да си го сменат полот, од мажи да станат жени и обратно. Засега тие лица за себе велат дека се транссексуалци или на половина пат меѓу маж и жена. Во земјава ваков тип зафати не се регулирани со закон, па затоа и не се прават, но приватните клиники нудат услуги од странски лекари, кои може да ги советуваат овие лица.

Од Kлиничката болница „Аџибадем Систина“, каде што овие лица барале помош, велат дека за последните две години дури 24 лица побарале совет за ваков вид интервенции. Од болницата велат дека досега не се извршила ниту една таква интервенција оти кај нас с` уште нема закон со кој би се регулирале зафатите за промена на полот.

Но, додаваат дека во болницата како стручен соработник е ангажиран врвен светски уролог-хирург од Србија, кој при своите посети ги советува овие лица на кој начин се прават ваквите многу сериозни зафати, кои понекогаш траат и со децении.

ИМАМ ВАГИНА КАКО СИТЕ ЖЕНИ

- Со операцијата не се отстранува само машкиот полов орган, туку се оформува и женски. Имам среќа што како маж немав проблеми со пенисот, па не морав да сечам кожа, затоа што при оваа операција тоа послужи како материјал. Сега изгледам како права жена, и кога ќе имам секс, имам 11 сантиметри канал. Слушнав дека во Јапонија каналите ги правеле и по 15 сантиметри, но тоа е мошне опасно, бидејќи каналот се прави многу близу до простата. Сега и физички и сексуално можам да функционирам како жена - вели таа.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Замисли сеа ја фатиш за девојка па после секс да ти каже порано бев машко!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Замисли сеа ја фатиш за девојка па после секс да ти каже порано бев машко!
Тоа е исто како тебе да те фати некој и по некое време да му речиш јас сум Fringe на Кајгана форум .
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Мислам дека Андреа Јакимовска од Тетово, поранешен полицаец беше првата Македонка која јавно прозбори на оваа тема уште пред 2-3 години.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.737
Доволно е да го прочиташ само уводот "Дарко Kрстев, триесет и тригодишен студент на Машински факултет во Скопје" за да знаеш за што човек се работи :facepalm:
 

Lil Lamb

Сакам да се родам одново.
Член од
7 април 2014
Мислења
258
Поени од реакции
282
Не демек. :) Ако се гледа тоа дали јас воопшто сум влегла на темата или некако сум ја видела, нека кажат админиве ли шо има овде. :) На играчница си играв после ми текна, ај си реков ќе си отворам тема за Македонецот, ја отворив па оваа ја видов.:place: И немој да ме нервираш, ти секогаш у секоја моја реченица, тема ми се спротивставуваш. :unsure:
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Не демек. :) Ако се гледа тоа дали јас воопшто сум влегла на темата или некако сум ја видела, нека кажат админиве ли шо има овде. :) На играчница си играв после ми текна, ај си реков ќе си отворам тема за Македонецот, ја отворив па оваа ја видов.:place: И немој да ме нервираш, ти секогаш у секоја моја реченица, тема ми се спротивставуваш. :unsure:
Јок, мислев дека си дупли акаунт, со оглед на тоа што насловот на твојата тема беше идентичен со оној на кокошкар.

oн: Незнам што ќе му смени тоа што го сменил полот. И одвратен е, нималку не изгледа дека нешто има "женско" во него.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Со сигурноат е потврдено дека Лет 3, е првиот што ќе и го свирне на Клаудија,тој дупи жени што личат на четници.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Ако има таков третман, давање на хормони за да биде повеќе женско, дали има можност за да и се даде машки хормони на пример....
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Ако има таков третман, давање на хормони за да биде повеќе женско, дали има можност за да и се даде машки хормони на пример....
Штета што нема третмани тебе мозок да ти дадат.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Тоа е исто како тебе да те фати некој и по некое време да му речиш јас сум Fringe на Кајгана форум .
Aaa извини секаде сум истиот.
И кој ќе ме фати?Не сум педер.

А слкика од човекот што се сменил во жена има некаде да се види како изгледа?
Да знам да не бидам и јас во тие што ќе им направи изненадување
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom