Прашање. Зошто кога се споменува името на Исус, во повеќе наврати сум сретнал дека го именуваат како Единствениот Господ Бог Исус Христот, кога јасно стои секаде дека е Синот Господов Исус Христос? Може ли некој да ми даде одговор на ова прашање? Се надевам дека бев јасен и ве молам не користете сарказам затоа што чисто ме интересира дали овој случај настанува, да речеме, кај индивидуи кои на некој начин се погрешно информирани или пак јас нешто не сфаќам?
Благодарам!
Христос навистина Е Синот Божји Единороден, како што исповеда Симболот на верата. Христос Е вториот лик од Света Троица, односно од Троичиноста Божја (Отец и Син и Свет Дух). Трите лика Божји се нераздвојни, иако истовремено ги запазуваат и своите лични атрибути па токму заради нивната неразделност, Бога Го прифаќање како Еден, односно како заедница од три ликови а не од три одвоени и самостојни ликови.
Оттаму, кога велиме дека Христос е единствениот Бог, едновремено мислиме и на Отецот и на Дихот Свет, Кои се нераздвојни од Хриса Бога.
Бог делува како нераздвојна заедница, односно делува и битисува како „еден„, не како „тројца„.