(следи компилација од Библиски текстови, поради големината ги поделив на неколку страни. Претходно имав направено неколку страни [спремни за објава]кои ги покриваа поголемиот дел од доленаведените работи, но пронајдов еден текст кој е “постегнат” истиот и го модифицирав во одредени делови. Се обидов овој текст да даде одговор на сите прашања претходно поставени, а поврзани со тоа каде бил Исус Христос по смртта на крстот)
Доктрината дека Исус го поминал викендот во пеколот има неколку делови, и за да ја разбереме треба да ги погледнеме сите посебно:
· Каде се верниците од Стариот завет?
1) Пред да се појави идејата за “викенд во пеколот” е идејата дека верниците од Стариот завет се задржани во пеколот, и дека не можат да бидат ослободени се додека Исус не дојде и ги земе со себе. Да размислиме за следново:
а) Духовите на верниците од Стариот завет одеа кај Бога:
Проповедник 12:6-7...и се врати правот во земјата како што дојде од неа; а духот се врати при Бога, Кој го даде.
б) Енох и Илија беа телесно земени на Небото, и преку појавувањето на Мојсеја заедно со него значи и духот на Мојсеја исто така беше на небото.
Битие 5:24Енох одеше со Бога, потоа исчезна; Бог го зеде.
2 Цареви 2:11И додека така одеа и разговараа, ете огнена когла и огнени коњи се јавија; ги раздвоија двајцата и го однесе Илија во виор на небо.
Лука 9:29-32 И додека се молеше Неговото лице се измени, а облеката му стана бела и сјајна. И ете, два човека разговараа со Него; тоа беа Мојсеј и Илија, кои се јавија во слава и говореа за Неговиот излез што требаше да го заврши во Ерусалим. А сонот ги совлада Петра и неговите другари. А кога се разбудија ја видоа Неговата слава и двајцата мажи.
2) Вториод дел од доктрината “викенд во пеколот” е дека Сатаната ги има во своја власт клучевите на смртта, пеколот, и гробот, и дека Исус мора да оди таму за да му ги земе.
а) АПСОЛУТНО НЕМА ВАКОВ БИБЛИСКИ ТЕКСТ кој би сугерирал дека Сатаната има клучеви од било што.
б) Бог отвара и затвора, и никој не може да Го сопре да го направи едното или другото:
Исаија 22:22“Ќе му го ставам на плеќи клучот на Давидовиот Дом: Кога ќе отвори, никој не ќе затвори, кога ќе затвори, никој не ќе отвори.”
Исаија 45:1“Господ зборува вака за Кир, за Својот помазаник: Го примив за десница, за да ги покорам пред него народите и да им го распашам бедрото на царевите, за да ги отворам вратите пред него, па ниедна врата да не му биде затворена.”
Откровение 3:7“И на ангелот на црквата во Филаделфија напиши му: Ова го зборува Светиот, Вистинитиот, Кој го има Давидовиот клуч; Кој отвора, и никој не затвора! Кој затвора и никој не отвора.”
в) Постојат само два текста во Библијата каде овие клучеви се споменуваат. Ѓаволот никогаш ги немал.
Матеј 16:19 И ќе ти ги дадам клучевите на царството небесно, и што и да сврзеш на земјата, ќе се појави веќе веќе сврзано во небото; и што и да разврзеш на земјата, ќе биде веќе разврзано во небото.
Откровение 1:18 и Живиот, и умрев, и ете, Жив сум во сите векови. Амин! И ги имам клучевите на Подземјето и смртта.
Сега да размислиме малку, дали Ѓаволот НЕКОГАШ имал власт над животот и смртта? Дали Сатаната НЕКОГАШ имал власт да некого прати во пеколот? Одговорот е “не”. Само Бог ја има таа власт и моќ тоа да го направи (Впрочем Бог го создал и пеколот).
--- надополнето: 13 април 2013 во 02:15 ---
· Постојат само два пасоси кои можеме “да ги конструираме” за да помислиме дека Библијата учи за “викенд во пеколот”: 1 Петар 3:18-20 и Ефесјаните 4:8-10, да ги погледнеме:
1 Петар 3:18-20
“Зашто и Христос умре еднаш за гревовите, Праведен за неправедните, за да не приведе при Бога; навистина, Тој кој беше убиен во тело, оживе Духом; во Него, Тој отиде тогаш, и објави на духовите во Подземјето; кои беа непокорни некогаш, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време, додека се градеше ковчегот, во кој само малку од нив, односно осум души, се спасија преку водата.”
Да поставиме неколку прашања врска овој пасос за подобро да го разбереме:
а) Кои се “духовите во Подземјето”? Одговорот е очигледен од контекстот- тие кои беа непокорни во времето на Ное. Дали има уште некого вклучено во овој пасос? Не. Единствените луѓе спомнати овдека се оние кои беа непокорни во Ноевото време. Ако Христос имал “викенд во пеколот”, единствените луѓе со кои зборувал се овие.
б) Како Христос им објавил на овие “духови во Подземјето”? Дали ни кажува дека Тој лично патувал за да зборува со нив? Повторно одговорот е очигледен од контекстот: тоа беше направено преку Духот, т.е. преку Светиот Дух (1 Петар 3:18).
в) Доколку и ја прифатиме теоријата за “викенд во пеколот”, што Христос требало да им каже на овие луѓе? Дали им понудил втора шанса за спасение? Или пак да им се сити? Не. Во Библијата е јасно кажано дека спасението е само во овој свет. Ова за ситењето или покажување на победата над смртта во подземјето, нема смисла бидејќи се прави само пред точно одредена група на непокорни луѓе од времето на Ное. Немало ли непокорни и послем Ное?
г) Kога и во каква форма беше испратена пораката на “духовите во Подземјето”? “кои беа непокорни некогаш, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време”. На што беа тие непокорни? Да го прочитаме следниот текст:
2 Петар 2:5 и ако не го поштеди стариот свет, туку го запази само Ное, проповедникот на правдата, со уште седум души, кога наведе потоп врз безбожничкиот свет.
Значи, “духовите во Подземјето” биле непокорни на пораката пратена до нив преку проповедањето на Ное, и дека Христос, во времето на Ное, им објавувал преку Духот Свети (2 Петар 1:19-20). Христос зборувал на овие луѓе преку проповедта на Ное, која тогашниот свет ја игнорирал.
Овој пасос не зборува за “викенд во пеколот” , туку е споредба на времето на Ное со времето на Петар, како што зборуваат и следните пасоси:
1Петар 3:20-21“кои беа непокорни некогаш, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време, додека се градеше ковчегот, во кој само малку од нив, односно осум души, се спасија преку водата. Одговарајќи на оваа слика, крштавањето, -кое не е отстранување на телесната нечистота- туку е одговор на добра совест кон Бога, сега и вас ве спасува, преку воскресението на Исуса Христа,”
Што се однесува до стариот свет, Христос го прати својот Дух; ги предупреди преку Ное. Но трпението Божјо кое е долго, најпосле ќе заврши. И духовите на непокорните грешници, во моментот кога излегуваат од телото, доаѓаат во затвор/пекол, каде оние кои ја презираа опомената од Ное, сега се во место од каде неможат да се покајат.
Ноевото спасение во бродот, со кој пловеше над поплавата, го прикажува спасението на вистинските верници. Ова привремено спасение овозможено со бродот, е вечно спасение на верниците преку крштевање во Духот.
Ефесјаните 4:8-10
“Затоа се вели:“Издигајќи се на височина, поведе робје; им даде дарови на луѓето.” А “се издигна” –што значи друго, туку дека слегол во долните места на земјата? Тој кој слезе, тоа е Оној истиот, Кој се издигна над сите небеса, за да исполни се.”
Вообичаената интерпретација на овој пасос, од страна на оние што ја подржуваат теоријата за “викенд во пеколот” е:
а) “поведе робје” – тоа е , Тој ги ослободи сите тие кутри верници од Стариот завет кои се во пеколот.
б) “А “се издигна” –што значи друго, туку дека слегол во долните места на земјата” -ова значи дека Христос заминал во пеколот (долните места на земјата).
Прво да го објасниме вториот дел, кога Христос се издигнал, каде Тој се издигна?
Дали Христос се издигна од пеколот? Не, туку надвор од Ерусалим (Дела 1:9-11). Што се случи кога Тој се издигна? “Издигајќи се на височина, поведе робје; им даде дарови на луѓето”. Десет дена после неговото издигнување надвор од Ерусалим, Тој на црквата го даде дарот на Светиот Дух, и преку Него, и даровите на Духот. Овдека се зборува за единственото издигање на Христос во Библијата, кое е запишано во Дела 1:9-11. Сега некој можеби ќе рече:“Но на што се однесува делот од пасосот кој вели: долните места на земјата ?” Некој автоматски ќе претпостави дека долните места на земјата се однесува на пеколот. Да погледнеме:
Псалм 139:15“Моите коски не Ти беа скриени додека се создавав во тајност, ткаени во длабочината на земјата.”
Псалм 63:9“Оние што ја туркаат мојата душа кон пропаст, нека слезат во длабочините на земјата.”
Исаија 44:23“Воскликнувајте небеса, зашто Господ го направи тоа! Запејте земни длабочини! Одекнувајте со радост, планини, и вие гори, со сите свои дрва! Зашто Господа го откупи Јакова, се прослави во Израел!”
Езекија 32:24“Таму е и Елам и сето негово мноштво околу неговиот гроб –сите истепани, покосени од меќ, необрезани слегоа во подземниот крај на мртвите: некогаш ужас во земјата на живите, сега го поднесуваат својот срам со оние што слегоа во јамата.”
Зборот за долните места на земјата употребен во Ефесјаните, е употребен за претставување на земјата како спротивност на небото, како во Исаија 44:23; најверојатно за опис на гробот е Псалм 63:10; како поетично претставување на стомакот на мајката Псалм 139:15; и за подземјето или невидливиот свет, Езекија 32:24.
За кој од овие случаи зборува апостолат Павле во Ефесјаните?На реакцијата дека се однесува на пеколот, прво би можеле да одовориме дека тоа не е случај во Псалмот од каде апостол Павле го зима цитатот (Псалм 68:18). Да видиме во контекст на Новиот завет што значи “издигајќи се на височина”:Јован 3:13И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син Кој е во небото.;Јован 6:38Зашто не слегов од небото;Јован 8:14знам од каде дојдов и даде одам”;Јован 16:28Излегов од Таткото и дојдов во светот; сега пак го оставам светот и одам при Таткото. Значи, заклучокот е дека апостол Павле мислел на “долните делови, т.е. на земјата”. Дополнителна поткрепа за контрастот на Небесата со Земјата можеме да видиме во Дела 2:19 и Јован 8:23.
Псалмот 63:9можеби се однесува на пеколот, неможеме да бидеме сигурни. Останатите две референци се метафора за стомакот/матката на мајката и ниски делови како опозит на планините. Од тука имаме малку докази за да зборот “долните места на земјата” значи Христос се симнал во пеколот. Можеби значењето на овие зборови се однесува на целосното страдање на Христос, по што следи Неговиот триумф. На пример доколку го споредиме Ефесјаните 4:8-10со Филипјаните 2:5-11, врската е очигледна. Христос дојде на земјата во понизност но се издигна на небото во победа.
в) ”Тој кој слезе, тоа е Оној истиот, Кој се издигна над сите небеса, за да исполни се”. Што се мисли под зборот “слезе”? Тој “слезе долу” кога дојде на земјата за да се роди преку утробата на девица Марија.
Дали Ефесјаните 4 зборуваат за слегувањето на Христа во пеколот? Заклучокот од сето горе наведено е едно големо НЕ.