Прашање за Христијанството III

Член од
9 јануари 2021
Мислења
949
Поени од реакции
967
Ич не му требаше оваа заповед со прељубата...ама тоа е, што е!
Сите сме грешни.
А дали гледање туѓи голи задници на форум или на слики од списанија е грев?
;)
Господ нека проштева, сега грешни сме, гревовите си ги носиме со нас. За да не бидеме грешни до толку, треба да се појди на исповед и после исповедањето да се очистиме и да внимаваме понатаму уште повеќе како се однесуваме.
Прељубата ја имаат сите скоро направено, ете се случило, но убиството во денешно време особено абортусот е страшен грев! Една година цела треба мајката за да се малку очисти, многу читање на покаен канон, постење секоја недела - понеделник, среда и петок и сите пости, не смее да се причести и ред други работи.
Прељубата во брак е страшно, особено да се прежени/премажи, па уште со деца, тие веќе не се луѓе.
Времето се продолжува, но и се скратува, се побрзо и побрзо врви времето, запишете си сите - последните времиња се пред вас, се остварува прореченото според писмото и после сите предвидувања и откривенија ќе дојде силниот во сила Господ со слава да им суди на народите и целата земја ќе ја запали и нов Рај ќе направи.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.109
Поени од реакции
10.138
особено да се прежени/премажи, па уште со деца, тие веќе не се луѓе.
Ама душичко, ти нешто си грешка.
Самата црква три пати може да те венча со различна жена и обратно.
Имам другар кој по трет пат се венчава во црква и ниту еднаш попот не му рече дека прави грев, напротив, им даде благослов.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
949
Поени од реакции
967
Ама душичко, ти нешто си грешка.
Самата црква три пати може да те венча со различна жена и обратно.
Имам другар кој по трет пат се венчава во црква и ниту еднаш попот не му рече дека прави грев, напротив, им даде благослов.
Еден човек може само еднаш да се венча и еден брачен другар да има.
Не можете никој да ме излажете, Господ Исус Христос рекол во 10 божја заповед: Не пожелувај ништо што е туѓо. Освен една сопруга, не смее мажот да погледне друга и да се преженува.
Како сте кроеле, така ќе најдите, тешко на оние што не поверувале во Христа, се ќе се оствари до збор што е напишано во Библијата. Едно запамти, за секој еден збор што сме го кажале, а му е нелагоден на Бога, ќе одговараме на страшниот суд.
Со нас е Бог, разберете народи и покорете се, зашто со нас е Бог.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.005
Ама душичко, ти нешто си грешка.
Самата црква три пати може да те венча со различна жена и обратно.
Имам другар кој по трет пат се венчава во црква и ниту еднаш попот не му рече дека прави грев, напротив, им даде благослов.
Допуштањето повеќе од едно венчавање не е баш толку „праволиниско„...

На пример, владиката Николај Велимировиќ допушта дури и 4-то венчавање, ама го нарекува „скотска работа„.

Првото венчавање може да биде и нечија грешка и слабост и да се „помине„ преку тоа, но сите наредни венчавања, иако се допуштени, се вршат со намален благослов во однос на првото.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.005
Намален благослов:pos::pos::pos:
зарем има и зголемен:facepalm:
Толку од мене, ме разочара ептем.
Да, намален благослов...

Ако Бог сметаше дека на Адама му треба повеќе од една жена, сам Бог ќе му створеше на Адама цел харем со жени...
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
439
Ако изедам некое растение што е отровно дали ке оди во пеколот дека ме убило?
И каде би отишле сиве овие животни од лавови до зајаци и птици што секој ден за јадење убиваат животни и инсекти и имаат многу партнери во текот на животот????

И зошто мечка напаѓа само кога е нападната дали тогаш и влагаат демоните и ја тераат да те изеде?


Или тоа од кога дошол ѓаволот на земјава е така дека порано диносаурусите живееле од љубов.


И зошто никаде не се демонизираат луѓе како Гоце Делчев, Александар Македонски и други што убивале за Македонија?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom