Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ќе продолжам во вашата религија да барам дупки. :sneaky:
И затоа извини ама советот нема да ти го прифатам.:)
И те молам во иднина без навреди, нема потреба од истите затоа што искрено и мене ми е полесно да навредувам отколку да ти објаснувам некој појави или настани за кои ти немаш никаков контра коментар.
Вистината секогаш навредува и ја погаѓа суетата, односно вистината не е ласкаво насочена.
Но добро, барај дупки и понатаму...:sneaky:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997

Не ме погаѓаш туку на виделина си ја ставаш твојата (не)култура.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
...и сето тоа во духот од добриот протестантизам: „...земи стих, кој ти одговара во моментот...„.
Никаков протестантизам не го пере твоето лицемерие и лицемерието на оние кои ги браниш! Да постираш цитати и да тврдиш дека оправдуваат богатење и потоа да велиш дека другите толкувале како што нив им одговара?! Јад, беда и мизерија!
Ајде пробај овој стих да го ставиш во корист на поповите и црквата која тргува со недвижнини, тарифира обреди и не се откажува од материјалниот луксуз:

Матеј 19:
24 И пак ви велам: „Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.”
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не ме погаѓаш туку на виделина си ја ставаш твојата (не)култура.
Не се замарај со мене, туку кажи дека са това дупките...[DOUBLEPOST=1394460116][/DOUBLEPOST]
Никаков протестантизам не го пере твоето лицемерие и лицемерието на оние кои ги браниш! Да постираш цитати и да тврдиш дека оправдуваат богатење и потоа да велиш дека другите толкувале како што нив им одговара?! Јад, беда и мизерија!
Ајде пробај овој стих да го ставиш во корист на поповите и црквата која тргува со недвижнини, тарифира обреди и не се откажува од материјалниот луксуз:

Матеј 19:
24 И пак ви велам: „Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.”

А Твоето лицемерие не го перат ни атеизмот, телемата и протестантизмот, све топтан, оти не го гледаш она кое е очигледно во стиховите...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
[

Зависи што сметаш за богатство. Пример, богат е човек со стан од 100 квадрати, нов ауди, мебел и плата од 1000 евра спрема оној кој има стан од 50 квадрати, матиз и 500 евра плата а тој е пак побогат од оној кој живее под кирија вози половно југо и има 300 евра плата... така да и од поповите има побогати и побогати. То им е дупка во закон кој го користат, (башка што џиповите шо ги земат се со затемнети стакла да не може Бог да види кој се вози во нив)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А Твоето лицемерие не го перат ни атеизмот, телемата и протестантизмот, све топтан, оти не го гледаш она кое е очигледно во стиховите...
Очигледното во стиховите е дека порачуваат живот кој не го вклучува материјалното! Порачува дека не треба да се стремиш кон материјално, да живееш скромно, да не наплатуваш за тоа што бесплатно ти било дадено (Религијата, верата), вие го правите токму спротивното! А имате јасни и недвосмислени пораки кој ги посочив кој ви го забрануваат тоа! Ете тоа е очигледно во стиховите! А не дека црквата треба да тргува со хотели, поповите да возат џипови, да наплаќаат и да тарифираат обреди и слично!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Очигледното во стиховите е дека порачуваат живот кој не го вклучува материјалното!
А бе ај...:sneaky:

Да видиме за што се работи, со евангелски цитати.

„...Па затоа, не грижете се и не говорете: „што да јадеме, или што да пиеме или , во што да се облечеме?...„
„....Зашто сето тоа го бараат незнабожците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето тоа имате потреба (!!!)...„
„...Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се‘ ова (!!!) ќе ви се придодаде (!!!)...„

МАтеј, 6,31-6,33.

Ајде сега кажи ми, каде Бог го забранува материјалното, жив Ти Алистер Кроули?[DOUBLEPOST=1394462498][/DOUBLEPOST]
[
Зависи што сметаш за богатство.
Земи го богатството од праведниот Јов.
Зарем Бог го скрши Јова од ќотек, оти Јов беше богат?...:sneaky:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А бе ај...:sneaky:

Да видиме за што се работи, со евангелски цитати.

„...Па затоа, не грижете се и не говорете: „што да јадеме, или што да пиеме или , во што да се облечеме?...„
„....Зашто сето тоа го бараат незнабожците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето тоа имате потреба (!!!)...„
„...Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се‘ ова (!!!) ќе ви се придодаде (!!!)...„

МАтеј, 6,31-6,33.

Ајде сега кажи ми, каде Бог го забранува материјалното, жив Ти Алистер Кроули?
Матеј 19:
24 И пак ви велам: „Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.
1 Јованово
16 зашто сè што е во светот: - похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот, не е од Таткото, туку од светот.

Лука 12:
15 И им рече: „Внимавајте и чувајте се од секое користољубие, зашто животот на човекот не се состои во изобилството на неговиот имот!

Матеј 6:
19Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат;
И уште безброј вакви примери, каде јасно се нагласува дека не треба да се стремите кон материјално!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Земи го богатството од праведниот Јов.
Зарем Бог го скрши Јова од ќотек, оти Јов беше богат?...:sneaky:
Бог казнува и нагадува по своја воља, на некој ќе му овозможи да добие седумка на лото друг ќе се разбуди со рак на плуќата, на некој же му намести најјака женска, друг ќе умре во авионска несреќа, на еден народ ќе му донесе победа во светско финале на друг - суша и глад... нема ништо што се случува без божје одобрение.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Бог казнува и нагадува по своја воља, на некој ќе му овозможи да добие седумка на лото друг ќе се разбуди со рак на плуќата, на некој же му намести најјака женска, друг ќе умре во авионска несреќа, на еден народ ќе му донесе победа во светско финале на друг - суша и глад... нема ништо што се случува без божје одобрение.
Немогуќе...:icon_lol:[DOUBLEPOST=1394463182][/DOUBLEPOST]
И уште безброј вакви примери, каде јасно се нагласува дека не треба да се стремите кон материјално!
Ipsi,

она кое нејќеш да го видиш, а кое е повеќе од очигледно во сите, ама сите наведени стихови, е следно: се работи за ПРАВИЛНО поставен систем од вредности, каде небесната ВЕЧНОСТ има предимство пред овосветвоната МИНЛИВОСТ.

Ти текнува?...

Не е никаков проблем да си богат, ако Бога вечниот го имаш на прво место, пред сета овоесветовна минливост, поставена на второ место.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не е никаков проблем да си богат, ако Бога вечниот го имаш на прво место, пред сета овоесветовна минливост, поставена на второ место.
24 Но тешко вам, богати, зашто веќе ја имате својата утеха
Лука 6

1 Слушајте сега, вие богати, плачете и лелекајте поради маките што доаѓаат врз вас
2 Вашето богатство изгни и молци ви ја изгризаа облеката.
3 Вашето злато и сребро ’рѓосаа и нивната ’рѓа ќе биде сведоштво против вас и ќе ви ги изеде телата. Како оган е тоа што сте го насобрале во последните денови.
Јаков 5
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Шпекулации!? А како ќе ја докажете таа “шпекулација“ на егзорцистите кои веруваат дека постојат демонски сили и се борат истите да ги уништат или истераат? Постојат ли книги кои се надвор од рамките на Библијата, а имаат допирни точки и исти интереси како и црковните лица т.е. свештениците? Има ли книги каде се дадени имињата на сите демони? Како се дознаени нивните имиња? И ако постојат демони, каде се Божјите слуги т.е. ангелите да ги штитат оние луѓе кои веруваат од злото?
Реков има многу дупки вашата религија!
Мојот пост беше ’’Божјата природа неможе да биде објаснета со шпекулативни форумџиски постови. Божјата природа и вистина единствено може да биде доживеана.’’
За што ме репицираш, за што ме прашуваш, каква врска има твојот пост со мојот, што зборуваш човеку???[DOUBLEPOST=1394466569][/DOUBLEPOST]
Никаков протестантизам не го пере твоето лицемерие и лицемерието на оние кои ги браниш! Да постираш цитати и да тврдиш дека оправдуваат богатење и потоа да велиш дека другите толкувале како што нив им одговара?! Јад, беда и мизерија!
Ајде пробај овој стих да го ставиш во корист на поповите и црквата која тргува со недвижнини, тарифира обреди и не се откажува од материјалниот луксуз:

Матеј 19:
24 И пак ви велам: „Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.”
Правиш ли разлика меѓу црква како институција(сопственик на имоти, сретсва...)и цркава како духовен храм?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не се замарај со мене, туку кажи дека са това дупките...[DOUBLEPOST=1394460116][/DOUBLEPOST]

А Твоето лицемерие не го перат ни атеизмот, телемата и протестантизмот, све топтан, оти не го гледаш она кое е очигледно во стиховите...
Да има уште, се плашам дека вие верниците еден ден ќе пропаднете во некоја. Дека ќе ја согледате вистината која е пред вас![DOUBLEPOST=1394479621][/DOUBLEPOST]
Мојот пост беше ’’Божјата природа неможе да биде објаснета со шпекулативни форумџиски постови. Божјата природа и вистина единствено може да биде доживеана.’’
За што ме репицираш, за што ме прашуваш, каква врска има твојот пост со мојот, што зборуваш човеку???[DOUBLEPOST=1394466569][/DOUBLEPOST]
Правиш ли разлика меѓу црква како институција(сопственик на имоти, сретсва...)и цркава како духовен храм?
Погледни го мојот коментар (пред тој да ти го цитирам) па ќе ја согледаш реалната слика.
Влеговме со Мики1 во кратка дискусија околу една шпекулација.
Се работеше за една невозможна равенка околу настанокот на човекот.
Инаку те прашав за каква е врската со религијата и демонологијата? Ако веруваат тие во Сатаната, тогаш длабоко во себе мораат да веруваат и во господ затоа што токму од религијата потекнуваат и тие глупави верувања во некои енергии, демони инт.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Да има уште, се плашам дека вие верниците еден ден ќе пропаднете во некоја. Дека ќе ја согледате вистината која е пред вас![DOUBLEPOST=1394479621][/DOUBLEPOST]
Погледни го мојот коментар (пред тој да ти го цитирам) па ќе ја согледаш реалната слика.
Влеговме со Мики1 во кратка дискусија околу една шпекулација.
Се работеше за една невозможна равенка околу настанокот на човекот.
Инаку те прашав за каква е врската со религијата и демонологијата? Ако веруваат тие во Сатаната, тогаш длабоко во себе мораат да веруваат и во господ затоа што токму од религијата потекнуваат и тие глупави верувања во некои енергии, демони инт.
Во ред го прочитав. Јас немав предвид за твојот пост(незнам зошто си помислил така) туку за сите постови, за начинот на објаснување. За човек да ја разбере Божјата природа и да добие вера во неговото постоење, треба- прво да посака, второ да го ускроти егото, трето сам да дојде до разбирањето за Божјата природа, а некаде помеѓу овие точки молитва чиста и од срце и благодарност кон Бога, тогаш ќе биде доживеана и разбрана Божјата природа, во спротивно суета и его.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Во ред го прочитав. Јас немав предвид за твојот пост(незнам зошто си помислил така) туку за сите постови, за начинот на објаснување. За човек да ја разбере Божјата природа и да добие вера во неговото постоење, треба- прво да посака, второ да го ускроти егото, трето сам да дојде до разбирањето за Божјата природа, а некаде помеѓу овие точки молитва чиста и од срце и благодарност кон Бога, тогаш ќе биде доживеана и разбрана Божјата природа, во спротивно суета и его.
Добро, а дали мислиш дека воскресението Христово треба да се сфати симболично, а не реално?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom