Прашање за Христијанството III

Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Добро, а дали мислиш дека воскресението Христово треба да се сфати симболично, а не реално?
Да. За секој што ја доживеал Божјата природа и ја прифатил Божјата вистина тоа е сосема прифатливо, и реално. Бог што го создаде светот и се видливо и невидливо, нас луѓето кои што поседуваме цел универзум во нас, замисли ние мислиме, создаваме.... зарем воскресението на неговиот син би било нешто невозможно.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997

Да би било невозможно. Единственото Исус што создал е армија на луѓе, кои ја оправдале неговата доверба, така што создале нешто кое, според мене, ја докажува и воздигнува сложноста. Со слогата се може да се постигне. Дали тие се договориле по кои патишта ќе тргнат? Да ја шират својата вистина? Или тоа се било божја волја, или можеби случајност?!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Правиш ли разлика меѓу црква како институција(сопственик на имоти, сретсва...)и цркава како духовен храм?
Правам разлика, за духовните аспекти сум дискутирал во други прилики, тука станува збор за друго.
Во конкретниов случај, со дијалогов помеѓу мене и Мики, мислев на профитната организација позната како МПЦ, која нема ни перде ни срам, и не и е проблем белото да го претставува како црно, а црното како бело!
Ме интересира, што имаш ти да кажеш на тврдењата на Мики дека немало ништо контрадикторно свештениците да се богатат, да живеат луксузно, да тргуваат со имот, да тарифираат обреди и ред други дволични дејства? Дали и ти ќе ме убедуваш дека тоа не е во спротивност со теологијата на христијанството?[DOUBLEPOST=1394495636][/DOUBLEPOST]
Ти текнува?...

Не е никаков проблем да си богат, ако Бога вечниот го имаш на прво место, пред сета овоесветовна минливост, поставена на второ место.
1 Јован 2:
15 Немојте да го сакате овој свет и она што тој ви го нуди, зашто ако го сакате овој свет, во вас нема љубов спрема небесниот Татко.

Матеј 6:
24 Никој не може да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или пак едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бога и на парите.

Јаков 5:
1 Слушнете ме сега вие што сте богати! Плачете и лелекајте заради многубројните неволи што ве очекуваат!

Јаков 4:
4 Тоа е прељубодејство спрема Бог! Зар не знаете дека пријателството со овој свет значи непријателство со Бог!? Секој што ќе одбере да му биде пријател на овој свет, Му станува непријател на Бог.

И што викаш, не е никаов проблем а Мики?
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И што викаш, не е никаов проблем а Мики?
Не е никаков проблем....

Еве, јас велам дека денес е 15 јули, а надвор е топло со температура од 45 степени.
Ти, што велиш?[DOUBLEPOST=1394525992][/DOUBLEPOST]
Дека ќе ја согледате вистината која е пред вас!.
Дај просветли ме и кажи ми ја вистината, која не можам да ја видам...:sneaky:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не е никаков проблем....

Еве, јас велам дека денес е 15 јули, а надвор е топло со температура од 45 степени.
Ти, што велиш?
Класично тресење глупости кога аргументите ќе те притиснат во ќоше! Значи според тебе, евангелијата и стиховите во нив се валидни колку тврдењето дека денес е јули и надвор е 45 степени?! И после не сте биле лицемери....?!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Класично тресење глупости кога аргументите ќе те притиснат во ќоше! Значи според тебе, евангелијата и стиховите во нив се валидни колку тврдењето дека денес е јули и надвор е 45 степени?! И после не сте биле лицемери....?!
Кои црни аргументи, жив Ти мајка, кога јас не негирам нити еден од посоечните библиски стихови, туку укажувам на поредокот кој е поставен во стиховите, кој не можеш и нејќеш да го видиш...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Кои црни аргументи, жив Ти мајка, кога јас не негирам нити еден од посоечните библиски стихови, туку укажувам на поредокот кој е поставен во стиховите, кој не можеш и нејќеш да го видиш...
Матеј 6:
24 Никој не може да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или пак едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бога и на парите.
Ти текнува?...

Не е никаков проблем да си богат, ако Бога вечниот го имаш на прво место, пред сета овоесветовна минливост, поставена на второ место.
Посочените библиски цитати, истите оние "што не ги негираш", не спомнуваат ни прво место, ни второ место, туку јасно велат или парите или Бог!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Парите и богатството на почетокот на христијанството беа поинаку третиани. Беше грев да имаш пари и бидешп “христијанин“, Првиите христијани живееа во заедници слични на комунистичко уредување, со пристапувањето во заедницата ги предаваа сите свои пари на водачите кои после ги распоредуваа за храна и потреби на заедницата. Секако денес е тоа неприфатливо за црквата,... мислим замисли сега во палатата на владиката да се всели секој пролетерски џган, митрополитот заедно да руча со парталосани и никакви, или сабајле да му го земат џипо за да однеси децата на школо или да му трошат од спечалените пари... така да (како и се останато) од христијанството полека го одстранија и тој принцип на заедништво и небогатење
 
Токму во тоа е лицемерието, затоа што отстрануваат од секојдневната пракса тоа што не им одговара иако истото јасно си стои како порака! И да биде лицемерието уште поголемо, се трудат да ја прикажат таа порака со сосема поинаква, т.е тотално спротивна смисла.
 
.....................[DOUBLEPOST=1394544822][/DOUBLEPOST]
Токму во тоа е лицемерието, затоа што отстрануваат од секојдневната пракса тоа што не им одговара иако истото јасно си стои како порака! И да биде лицемерието уште поголемо, се трудат да ја прикажат таа порака со сосема поинаква, т.е тотално спротивна смисла.
Сложни атеисти се согласуваат со своите мислења.
Нели?...
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Да би било невозможно. Единственото Исус што создал е армија на луѓе, кои ја оправдале неговата доверба, така што создале нешто кое, според мене, ја докажува и воздигнува сложноста. Со слогата се може да се постигне. Дали тие се договориле по кои патишта ќе тргнат? Да ја шират својата вистина? Или тоа се било божја волја, или можеби случајност?!
Ако поверуваш во Божјото постоење ќе ти биде сосема прифатливо и возможно воскресението на неговиот син. Вака без вера во Бога нема како да поверуваш дури и на нај убавите и нај објаснителните збориви.
Исус не создал армија луѓе кои кои ја оправдале довербата,туку го исполни пророштвото, ја врати надежта, ги поттикна луѓето на сострадание...
Случајност нема има Божја промисла.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Но зошто со вера,зошто не се оди на друг начин?Шансата да е тоа точно така е секогаш фифти-фифти,бидејќи не постои некој непосреден доказ.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Правам разлика, за духовните аспекти сум дискутирал во други прилики, тука станува збор за друго.
Во конкретниов случај, со дијалогов помеѓу мене и Мики, мислев на профитната организација позната како МПЦ, која нема ни перде ни срам, и не и е проблем белото да го претставува како црно, а црното како бело!
Ме интересира, што имаш ти да кажеш на тврдењата на Мики дека немало ништо контрадикторно свештениците да се богатат, да живеат луксузно, да тргуваат со имот, да тарифираат обреди и ред други дволични дејства? Дали и ти ќе ме убедуваш дека тоа не е во спротивност со теологијата на христијанството?
Добро е штом правиш разлика, потенцирај ја многу е важно, затоа што разликата е голема.
Секој што се богати нечесно(попови, лекари, директори, политичари..)ќе одговара за тие дела. Свештениците и тие треба да живеат од нешто и тие имаат потреби како сите останати. Има една разлика само а тоа е дека свештениците треба да служат за пример, не дека кога би служеле за пример верата во Бога кај тој што не верува би дошла. Еве ти на пример би поверувал во патот што го покажува Христијанството ако поповите се за пример?[DOUBLEPOST=1394562417][/DOUBLEPOST]
Но зошто со вера,зошто не се оди на друг начин?Шансата да е тоа точно така е секогаш фифти-фифти,бидејќи не постои некој непосреден доказ.
Кога ќе поверуваш шансата ќе биде 100-0(y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom