Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
goslep, едно прашање и од мене: наведи ми еден преставник од твојата маалска зедница, кој живеел (било каде на Земјава) од 14-от век, разбираш...

Зборуваме за Библиските вистини и за аномалиите кои се навлезениу во Православието, а не за маалските заедници.

И би те прашал: Зарем Христијанството во првите 4 векови не беше организирано во Маалски заедници (катакомби), или во катедрали се собираа????

Христос и апостолите во Горната соба (одаја) се собираа или во Соборниот Православен Храм во Скопје????????
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

gospel, кога некој ќе Ти постави прашање-одговори му. Ако не знаеш, не е срам да не знаеш. Многу нешта ни самиот не ги знам.

Еве ги одговорите:

- раната Црква беше огранизирана во локални заедници, онака како што Апостолите го образуваа.
- самиот знаеш дека раната Цркав беше гонета, така да раните рисјнани спасуваа жива глава и немаа можност да се занимаваат со облеките од свештентвото, а уште помлаку градеа храмови со иконопис и фрескопис
- Христос и Апостолите ги чиена средбите онака како налагаа тогашните а не денешните просторни можности и услови.

Према томе, не поставувај лукави прашања за тоа дали во Новиот Завет имало свештеници со мантии, со кандила и со свеќи, оти тоа навистина го нема, но откако Св. Цар Константин ја призна и прифати верата, раната Црква почна послободно да дише и да го оформува своето внатрешно устројство.
 
Па ти поставуваш прашања кои што ни едно мало дете нема да ги постави.

Јас рачунам дека со возрасна личност дебатирам, а не со некој „ пубертетлија“.

Значи...ако ти се дебатира за Вера, Библија, Христијанство, да дебатираме...........а ако бараш кулинарски рецепти, тогаш си ја згрешил темата или под-форумот, и немој да давиш.

Кога не сум ти поставил тебе прашање, немој да ме давиш и малтретираш со кулинарски рецепти и глупости. Постави прашање што дрши вода да биде Библиски поставено и одговорено.

Те рачунам дека си личност со барем над 18 години, а не„ забаваче “.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

Го учиш Мики каков е, а? :)

Тек ќе му се чудиш, друже...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Абе Ти си бил изгорен само да поставуваш прашања, а не да одговараш! Јас поставив еден куп прашања, но на жалост на ниту едно не ми е одговорено, а одговор дадов скоро на секое ваше поставено.
Јас примам и разменувам информации, низ прашување до тебе до Дбацк, до Мики, Чорбаџи и другите...не е муабетот само инает и опонирање :)
А ако сакам да размислам и да дискутирам за вакви "нелогичности во православието", зашто се вика свештеникот свештеник, редно е да знам зашто проповедникот се вика проповедник и каква облека носи.

А за ова прашање зашто се вика поп не знам, затоа и не давам одговори.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Јоан, пошто спомена дека од минатата недела сте на пост, ме интересира каков е постот кај католиците, дали трае колку кај православните и што е содржината (духовен, физички, исхрана и слично). Благодарам
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па ти поставуваш прашања кои што ни едно мало дете нема да ги постави.
Ајде де! Па нели Писмото ги има сите одговори на сите прашања?

--- надополнето ---

Јас рачунам дека со возрасна личност дебатирам, а не со некој „ пубертетлија“.
Не „рачунај„ туку „сметај„, а пубертетлија не сум.

--- надополнето ---

Значи...ако ти се дебатира за Вера, Библија, Христијанство, да дебатираме...........
Е ајде де!

--- надополнето ---

.......а ако бараш кулинарски рецепти, тогаш си ја згрешил темата или под-форумот, и немој да давиш.
Ц, не давам, чесен титов пионерски збор!

--- надополнето ---

Кога не сум ти поставил тебе прашање, немој да ме давиш и малтретираш со кулинарски рецепти и глупости. .
Па темава е насловена како „прашања до христијанството„ а ако сакаш специјални прашања токму до Тебе, напрај нова тема, на пример „прашања до gospel„, можит?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Pravoslavieto ne daa bash prifatlivi odgovori bar za mene najblisku mi se ovja kalvinistite sho vervale u predodredenost i deka se e od Gospo ali ipak site religii nosat ist pechat imeno nie sme pravite site drugi falc!
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Јоан, пошто спомена дека од минатата недела сте на пост, ме интересира каков е постот кај католиците, дали трае колку кај православните и што е содржината (духовен, физички, исхрана и слично). Благодарам
Во Македонија има Егзархат за католиците кои имаат источен обред и Бискупија за католиците кои имаат западен обред.
Источниот обред се слави по Златоустовата литургија, и се применува Јулијанскиот календар.
Западниот обред има Римски обред на литургијата и го применува Грегоријанскиот календар.
Бидејки содржината на постот е како да се изразам „одлука“ на црквата, Католичката Црква го има следниот начин:
Првата и последната недела на Великиот пост се СТРОГ ПОСТ. Тоа подразбира неконзумирање на месо, месни производи, млеко и млечни производи. Препорачливо е да се конзумира храна еднаш дневно. Во останатите денови на Великиот пост забранаето е конзумирање на месо и месни производи и млеко и млечни производи во среда и петок. На секој верник, по слободен избор му се препорачува и остава на негова совест да одреди како ќе пости во вој период.
Исто така секој пост кој се однесува на неконзумирање на храна, значи телесен пост, треба ИСТОВРЕМЕНО да биде надополнет и со дела. Самиот пост, воздржување од конзумирање храна, не е целосен ако не биде попратен со дело. Не дека не важи, но не е целосен. Во деновите на постот се препорачува на верните, оние средства кои се потребни за нормална прехрана, а сега поради постот не се трошат за храна, да се поклонат на оние кои немаат ништо, кои немаат средства за преживување, и не само тие средства, туку по можност и повеќе.
Постот е задолжителен за сите полнолетни лица, од 18 до 65 години, освен за болните, трудниците или за оние кои имаат тешка физичка работа. Од пост се ослободени сите лица под 18 години и над 65 години. Но и ним им се препорачува спрема своите можности пост. Имаше еден пример како може дете од 8 години да пости. Многу интересно. Се разбира ова се однесува за семејства каде сите се верници. Детето за време на постот сите парични средства кои ќе ги добие ги собира во касичка. На Велики петок ги поклонува на Исус, односно на друго дете кое нема ништо. Исто и со играчки итн. Секој може да се најде во пост кој може да го врши. Само потребно е желба и накана.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Па темава е насловена како „прашања до христијанството„ а ако сакаш специјални прашања токму до Тебе, напрај нова тема, на пример „прашања до gospel„, можит?
Па точно тоа Јас ти го велам, поставувај прашања за Христијанство, а не за КУЛИНАРСТВО!!!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па точно тоа Јас ти го велам, поставувај прашања за Христијанство, а не за КУЛИНАРСТВО!!!

Е ајде де, еве неколку, немој после да ми кажеш дека не сум прашал:

1. Зашто протестантите го земаат принципот „сола скриптура„ како средство за (само)оправдување?
2. Зашто го користат принципот „сола скриптура„ кога Писмото никаде не вели дека е доволно за влез во Рајот?
3. Зашто го користат принципот „сола скриптура„, кога историјата никаде не покажува таква пракса (се до германскиот протестантизам)?
4. Кој прв го воведе прицнипот „сола скриптура„?
5. Зашто протестантите себе си се сметаат за „спасени„ и за „свети„ кога самите сеуште се смтрни?
6. Зашто и од каде се протестаните сигурни во нивното толкување на Писмото, кога и на почетник, кој прв пат го чита Писмото, му е совршен јасно дека во Писмото, речиси се е непознаница, и останува непознаница, без помош „од страна„?

Ај, ќе продолжам подоцна...
 
Е ајде де,..... Еве го одговорот, така да немој да велиш дека не сум ти одговорил:

1.Затоа што Библијата е единсвената Божја објава до луѓето, но не за само - оправдување, бидејќи ( за разлика од Православците) вистинските Христијани не се само – оправдуваат, туку се оправдани преку жртвата Христова направена на Голгота.!

„... но сега, во Христа Исуса, вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку крвта Христова.“ (Ефесјаните 2:13)

2. Па Писмото никаде не вели дека е влез за во рајот, но напротив го покажува патот и вратата за влез во рајот, кој што е Исус Христос. Значи без тој патоказ луѓето не можат да го пронајдат ниту патот, ниту вратата за влез во рајот. (ниедно житие или традиција нема да ги донесе до Исус, кој што е вратата за во рајот).

„Но ти остани во тоа, што си го научил, бидејќи како мал уште ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. Целото Писмо е од Бога двахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен за секое добро дело. “
(2 Тимотеј 3 глава)

3.Од каде толку сигурен дека историјата не покажува таква пракса? Според тебе произлегува дека Библијата започнува да секористи од Реформацијата па наваму.
Во сите периоди на Христијанството постоеле верни луѓе на кои што Библијата им бил единствениот авторитет и ништо повеќе (но за жал биле ретки и малку – бројни, за разлика од тие на кои не им била воопшто потребна, вообразувајќи си дека на сон ќе им се сони патот за во рајот).

4. Исус Христос и апостолите. Тие беа кои што секогаш кога зборуваа, како доказ на она што го тврдеа и поучуваа, цитираа :„ ПИШАНО Е“ !!!

„Сето тоа е пишано од Господа, велеше Давид...“ (1 Летописи 28:19)

5. Затоа што на сите кои поверуваа во крвта Христова пролеана на Голгота, им се загарантира оправдание и спасение, единствено преку таа крв, пролеана за нив, но и за сите луѓе кои што ќе ја прифатат таа жртва.

Бидејќи овие стихови кои што вие како православци не сакате да ги читате, ни даваат сигурност во нашето спасение, да веруваме дека сме спасени и дека сме чеда Божји:

„И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исуса Христа и живеат не по телото, а по Духот, бидејќи Законот на Духот, кој дава живот во Христа Исуса, ме ослободи од законот на гревот и на смртта..... Самиот Дух му сведочи на нашиот дух, дека ние сме чеда Божји. А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме.
(Римјаните 8 глава)

„Но што вели Писмото: “Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце”, односно словото на верата, што го проповедаме,оти, ако со устата Го исповедаш Господа Исуса и со срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш; бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.
Пак и Писмото вели: “Секој, кој верува во Него, нема да се посрами”.

(Римјаните 10:8-11)

Тоа ние и го правиме. Тоа е и гаранцијата за нашето верување и за нашето спасение!!!

6.Светото Писмо е дадено за секој да може да го разбере без ничија помош, од Пастир до Научник. А тоа што на некого Бог им ги затворил очите да не гледаат и ушите да не слушаат? ...тое е проречено и во самото Свето Писмо, поточно во книгата на пророкот (Исаија 6:9)
Помошта од страна за вистинските Христијани не е исповедникот, туку Светиот Дух, кој им ја открива Вистината, на тие кои ја бараат и кои се жедни за Вистината. Додека на тие кои што не ја бараат вистината, умот им го замајува да веруваат во Бајки и Приказни за мали деца.

Зашто јас не се срамувам од Евангелието на Христа, бидејќи тоа е сила Божја за спасението на секој што верува, прво на Јудеец, а потоа на Елин. Бидејќи во него се открива правдата Божја од вера во вера, како што е напишано: "Праведникот преку верата ќе живее".
(Римјаните 1 глава)

„Но ти остани во тоа, што си го научил, бидејќи како мал уште ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. Целото Писмо е од Бога двахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен за секое добро дело.“
(2 Тимотеј 3 глава)

Значи целото Свето Писмо е бого-вдахновено и доволно за Божјиот човек да биде совршен за секое добро дело, без помош од страна на друг човек (духовник).

Ако Бог ти отворил ќе ти биде отворено, но ако Бог ти затворил ќе ти биде затворено, како што и на вас ви е затворено , бидејќи ниту вашите духовници сакаат да влезат, па ниту на вас ви даваат да влезете. Ве држат замајани во суеверие, страв, и лага.

„Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затварате царсвото небесно пред луѓето; оти, нити влегувате вие, ниту ги пуштате да влезат оние, што сакаат да влезат.“
(Матеј 23:13)

Зарем ова не е за вас и за вашите попови проречено????

Со почит, Госпел.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Во Македонија има Егзархат за католиците кои имаат источен обред и Бискупија за католиците кои имаат западен обред.
Источниот обред се слави по Златоустовата литургија, и се применува Јулијанскиот календар.
Западниот обред има Римски обред на литургијата и го применува Грегоријанскиот календар.
Бидејки содржината на постот е како да се изразам „одлука“ на црквата, Католичката Црква го има следниот начин:
Првата и последната недела на Великиот пост се СТРОГ ПОСТ. Тоа подразбира неконзумирање на месо, месни производи, млеко и млечни производи. Препорачливо е да се конзумира храна еднаш дневно. Во останатите денови на Великиот пост забранаето е конзумирање на месо и месни производи и млеко и млечни производи во среда и петок. На секој верник, по слободен избор му се препорачува и остава на негова совест да одреди како ќе пости во вој период.
Исто така секој пост кој се однесува на неконзумирање на храна, значи телесен пост, треба ИСТОВРЕМЕНО да биде надополнет и со дела. Самиот пост, воздржување од конзумирање храна, не е целосен ако не биде попратен со дело. Не дека не важи, но не е целосен. Во деновите на постот се препорачува на верните, оние средства кои се потребни за нормална прехрана, а сега поради постот не се трошат за храна, да се поклонат на оние кои немаат ништо, кои немаат средства за преживување, и не само тие средства, туку по можност и повеќе.
Постот е задолжителен за сите полнолетни лица, од 18 до 65 години, освен за болните, трудниците или за оние кои имаат тешка физичка работа. Од пост се ослободени сите лица под 18 години и над 65 години. Но и ним им се препорачува спрема своите можности пост. Имаше еден пример како може дете од 8 години да пости. Многу интересно. Се разбира ова се однесува за семејства каде сите се верници. Детето за време на постот сите парични средства кои ќе ги добие ги собира во касичка. На Велики петок ги поклонува на Исус, односно на друго дете кое нема ништо. Исто и со играчки итн. Секој може да се најде во пост кој може да го врши. Само потребно е желба и накана.
Па вие Римокатолиците го поткупувате Исус со пари. Чудна и многу чудна еретичка работа била оваа Римокатоличкава Секташка Црква.
Гнасни еретици.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Бидејќи сакав да ти поставам некои прашања, фер е да ти се обратам на овој начин.
Ме интересират некои работи, како ги имате решено во евангелската црква, (тоа беше твојата црква нели?)

Да почнам:

1,- Дали во вашата црква има пост? Ако имате пост, кои се правилата за пост?
2,- Дали имате причест на литургијата? Дали имате претворба? За да се причестиш, ако имате причест, каква е подготовката?

Прашањата се озбилни и немам намера да коментирам по нив. Тоа се ваши работи и ако сметате дека се исправни правете ги и понатаму. Мисалм дека ќе добијам и озбилен одговор.

--- надополнето ---

Мики1, остана уште ти, како претставник на МПЦ; Кои се правилата на Македонската Православна црква за постот? Како треба да пости правосалвниот верник?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
1,- Дали во вашата црква има пост? Ако имате пост, кои се правилата за пост?
2,- Дали имате причест на литургијата? Дали имате претворба? За да се причестиш, ако имате причест, каква е подготовката?
1.Да. Има пост затоа што постот е Библиски и е потреба за секој верник.
Се пости без леб и вода, или во краен случај за луѓе кои што не можат да го издржат тој начин на постење, практикуваат леб и вода. Но во двата случаи задолжително додека се пости, верникот мора да биде на молитва.

Не постои задолжително наметнат пост од црквата, туку секој пости тогаш кога има потреба од пост. Постојат моменти кога има потреба од постење на група верници (кога треба да бидат услишени некои молитви од Бога), но постот не смее да биде наметнат, туку доброволен.

2.Немаме „причест“, но имаме ГОСПОДНА ВЕЧЕРА, онаа Господна вечера која е опишана во самото Свето Писмо. (зборот „ причест “ има сосема друго значење од „ Господната вечера“). Исто така немаме Литургија (бидејќи тој термин не е Ново Заветен термин), но затоа имаме Богослужба.

Господната вечера ја правиме во спомен на Христовата жртва на Голгота, и се состои од леб (нафора) и вино (алкохолно, не шира).
Правилото за да се учествува на Господната вечера е следното:
Верникот сам одлучува дали ќе земе или не , во зависност од тоа дали неговата совест е чиста или не. Треба да биде помирен со сите луѓе (да не биди во омраза, кавга, да не биде скаран и да има простено на секого). Ако неговата совест му дозволи да пристапи на Господовата вечера и да јаде, тогаш слободно може да пристапи, но....осудата за нечиста совест самиот ја сноси.

Формулата за правилно практикување на Господната вечера се наоѓа во (1 Коринтјаните 11 глава), тоа што е запишано таму, тоа и го практикуваме:

23 А јас го примив од Господ она, што ви го предадов; а тоа е дека Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб,
24 и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас, правете го ова за спомен Мој!
25 По вечерата, исто така, зеде и чаша, па рече: „Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!”
26 Зашто, секогаш, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господ, додека Тој не дојде.
27 Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господ.
28 Но, секој човек да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.
29 Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово.
30 Па затоа меѓу вас има многу немоќни и нејаки, а мнозина и умираат.
31 Зашто, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.

Се надевам дека си задоволен од одговорот.

Со почит, Госпел.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom