Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
163
Поени од реакции
55
Здраво. Дали може некој да ми каже нешто за антихристот ? Од каде ќе биде и каде прв пат ќе се појави ?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Здраво. Дали може некој да ми каже нешто за антихристот ? Од каде ќе биде и каде прв пат ќе се појави ?
Анти - Христот ќе го имитира Исус Христос, заведувајќи ги народите нарекувајќи се Христос (месија). Исус беше Евреин, што значи дека и Анти - Христот мора да има Еврејско потекло, бидејќи народите нама да му поверуваат.
Исус беше роден, живееше и својата служба (мисија) ја започна во Израел. Значи истото ќе го имитира и Анти - Христот. Дури во еден момент ќе го запоседне Храмот кој што ќе им го изгради на Евреите, ќе ја постави својата слика и ќе им заповеда да му се клањаат, идентификувајќи се и наречувајќи се Бог. Евреите ќе го одбијат тоа и тогаш ќе започне најголемата Голгота во историјата на Еврејскиот народ. Тоа што Хитлер го направи, ќе биде мачкина кашлица, во споредба со она што ќе им го направи Анти - Христот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики1, остана уште ти, како претставник на МПЦ; Кои се правилата на Македонската Православна црква за постот? Како треба да пости правосалвниот верник?
Начелно, постите се следни:

- Божикен пост, каде од понеделник, сред аи петок се пости строго, на водна; вторник и четврток се пости со хрна со масло, а сабота и деле се јаде и раиба;
- Великденски пост: од понедленик до петок се пости „на вода„, сабота и недела се пости „на масло„, а на„Благовештение„ и „Цветници„, се јаде и риба;
-Петровденски пости: исто како и Божикните;
-Богородични пости: од понеделник до петок се пости „на вода„; сабота и недела се пости „на масло„, а на „Преображение Христово„, може и риба да се јаде.

Во деновите каде е јаде храна со масло и риба, се допушта и пиење вино, или некој друг алкохолен пијалак, умерено. Во деновите во постите, кои имаат празник, се допушта и храна со масло и пиење вино.

Преку годината, се пости строго, „на вода„ секоја среда и петок и во деновите одредени за стог пост: „Отсекување на главата на Св. Јован Крстителот„ и на „Крстов ден„, денот кога е најден крстот на кој Христос беше распнат.

--- надополнето ---

Здраво. Дали може некој да ми каже нешто за антихристот ? Од каде ќе биде и каде прв пат ќе се појави ?
- антихристот ќе биде јудеец, роден од блудница. Специфично за него е тоа што никаде не е кажано кој ќе му биде татко, така да можностите за татковство се отворени;
- на негова рана пубертетска возраст, ќе биде опседнат од демонот и ќе стане демонски слуга:
- ќе биде востоличен во возобновениот Соломонов храм во Ерусалим, како владетел на Светот, на целата Земја;
- ќе биде најавен за месија (лажен), од пророк (лажен), во името од некаков бог (лажен);
- во почетокот ќе владее привидно коректно, додека не створи свои поданици, а потоа на сите ќе им ги расплаче мајките;
- ќе биде јавно критикуван од Енох и Илија, кои Бог ќе ги прати јавно да го „раскринкаат„ антихристот;
- јудеите во почетокот од владеењето на антихристот, ќе го прифатат широкоградо, се до моментот кога самите јудеи ќе увидат дека тоа е лажен месија, па затоа, во тие псоледни времиња, јудеите ќе се покрстат и ќе примат рисјанаска вера
- антихристот ќе биде фатен во лага јавно, оти не ќе може да им помогне на тогашните луѓе, кои ќе живеат во општество зафатено од силна економска криза, поточно, не ќе може да створи чудо со кое ќе заврне дожд, потребен за земјоделието, а на ќе може ни да воскресне мртовци, кои ќе лежат по улиците...
- антихристот ќе војува и против Христа Богочовекот и Неговата Црква, која нема го прифати деомонскиот знак на челото и на десната рака од верните;
- антихристот ќе владее жестоко, во последните 3,5 г. од постоењето од овој Свет, непосредно пред второто Христово пришествие;
- антристот ќе има канџи наместо нокти, и ќе ги крие за цело време од неговото владеење;

И така натаму...

--- надополнето ---

1.Затоа што Библијата е единсвената Божја објава до луѓето, но не за само - оправдување, бидејќи ( за разлика од Православците) вистинските Христијани не се само – оправдуваат, туку се оправдани преку жртвата Христова направена на Голгота.!


„... но сега, во Христа Исуса, вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку крвта Христова.“ (Ефесјаните 2:13)
.
Воа кажи му го на некој друг...Оти, пред да биде вооблиечн Новиот Завет, раната Црква имаше и Предание, дадено од Апостолите.

--- надополнето ---

2. Па Писмото никаде не вели дека е влез за во рајот, но напротив го покажува патот и вратата за влез во рајот, кој што е Исус Христос. Значи без тој патоказ луѓето не можат да го пронајдат ниту патот, ниту вратата за влез во рајот. (ниедно житие или традиција нема да ги донесе до Исус, кој што е вратата за во рајот).


„Но ти остани во тоа, што си го научил, бидејќи како мал уште ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. Целото Писмо е од Бога двахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен за секое добро дело. “
(2 Тимотеј 3 глава)
Причам ти причу...

Св. Ап. Павле под „..Светие Писанија...„ мисли на деловите од Стариот Завет....Дур Павле беше жив, Новиот Завет не беше ни оддалеку оформен!

Нажалост, опет криво...

--- надополнето ---

3.Од каде толку сигурен дека историјата не покажува таква пракса? Според тебе произлегува дека Библијата започнува да секористи од Реформацијата па наваму.
Во сите периоди на Христијанството постоеле верни луѓе на кои што Библијата им бил единствениот авторитет и ништо повеќе (но за жал биле ретки и малку – бројни, за разлика од тие на кои не им била воопшто потребна, вообразувајќи си дека на сон ќе им се сони патот за во рајот).
Ај не збори...

Целата Црковна историја никаде не забележала пракса на читање саде на Писмото, туку и на житијата од Светиите.

--- надополнето ---

4. Исус Христос и апостолите. Тие беа кои што секогаш кога зборуваа, како доказ на она што го тврдеа и поучуваа, цитираа :„ ПИШАНО Е“ !!!


„Сето тоа е пишано од Господа, велеше Давид...“ (1 Летописи 28:19)
Нажалост, опет криво....Под поимот „..напишано е...„, Христос се повикува на Стариот Завет и на преданијата јудејски, а не на Новиот Завет и на Преданието Апотолско.

Но еве, чисто информативно, можам да Ти кажам дека прв кој го примени принципот „сола скриптура„ е извесен професор Џон Вајклиф од Оксфорд, од 11-от век, кој веројатно бил римокатолик, а Вие, онака широкоградо, го позајмивте тој туѓ принцип, ѓоамаити е Ваш, нели?

--- надополнето ---

5. Затоа што на сите кои поверуваа во крвта Христова пролеана на Голгота, им се загарантира оправдание и спасение, единствено преку таа крв, пролеана за нив, но и за сите луѓе кои што ќе ја прифатат таа жртва.

Бидејќи овие стихови кои што вие како православци не сакате да ги читате, ни даваат сигурност во нашето спасение, да веруваме дека сме спасени и дека сме чеда Божји:

„И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исуса Христа и живеат не по телото, а по Духот, бидејќи Законот на Духот, кој дава живот во Христа Исуса, ме ослободи од законот на гревот и на смртта..... Самиот Дух му сведочи на нашиот дух, дека ние сме чеда Божји. А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме.
(Римјаните 8 глава)



„Но што вели Писмото: “Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце”, односно словото на верата, што го проповедаме,оти, ако со устата Го исповедаш Господа Исуса и со срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш; бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.
Пак и Писмото вели: “Секој, кој верува во Него, нема да се посрами”.

(Римјаните 10:8-11)




Тоа ние и го правиме. Тоа е и гаранцијата за нашето верување и за нашето спасение!!!
Воа е школски пример за живеење според своето високо мнениие. т.е. пример за живеење во прелест...

--- надополнето ---

6.Светото Писмо е дадено за секој да може да го разбере без ничија помош, од Пастир до Научник. .
Не си прај бајрам со умо...

На секој почетиник му е совршено јасно дека читањето на Писмото без помош, е читање на Писмото со нејаснотии и недоумици

Ајде кажи ми, што знаеле садукеите од Стариот Завет? Секако, очекувам на прашањево да ми одговориш со поддршка со новозаветен стих!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
- антристот ќе има канџи наместо нокти, и ќе ги крие за цело време од неговото владеење;
Ова да не го ископа од „ стриповите “ на Марти Мистерија? И тие се дел од вашите т.н. преданија?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ајде кажи ми, што знаеле садукеите од Стариот Завет? Секако, очекувам на прашањево да ми одговориш со поддршка со новозаветен стих!
Читни го прашајнево троа погоре и дај одговор, ако знајш. Ако не, не ми го арчи денот...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Читни го прашајнево троа погоре и дај одговор, ако знајш. Ако не, не ми го арчи денот...
А што Ти „ даскал“ се замислуваш? Јас купови прашања ти поставив и не добив одговор! А бараш да ти биде одговорено? Траги-комично......хахаха

Оди „ шетај “, убав е денот за прошетка...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А што Ти „ даскал“ се замислуваш? Јас купови прашања ти поставив и не добив одговор! А бараш да ти биде одговорено? Траги-комично......хахаха
Посочи кои се тие „купови„ прашања, жив Ти све...Патем, темава е насловена како „прашања до христијанството„ така да сметам дека поставувам прашања на вистинското место на форумов.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Последното беше ова:

Ова да не го ископа од „ стриповите “ на Марти Мистерија? И тие се дел од вашите т.н. преданија?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Здраво. Дали може некој да ми каже нешто за антихристот ? Од каде ќе биде и каде прв пат ќе се појави ?
Иако веќе ти одговорија на прашањето погоре, сепак би додал уште едно нешто.
- Антихристот ќе направи своја икона и ќе ги тера луѓето да се поклонуваат на неа. На таа икона нема да биде насликан некој црн ѓавол со рокчиња, опашка и гребло во раката, туку тоа ќе биде некој убав и на око привлечен светец, ангел на светлината - како што го нарекува Светото Писмо.
Затоа понастрана од иконите, затоа што иконопоклонците ќе бидат први на мета на оваа голема заблуда на Антихристот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Затоа понастрана од иконите, затоа што иконопоклонците ќе бидат први на мета на оваа голема заблуда на Антихристот.
DavidGueta, читано меѓу редови, тоа би значело „...подалеку од православните...„ (ха-ха-ха!)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
До христијаните, не знам под чија надлежност па не знам ни до кои точно христијани (освен православните пошто сигурно знам дека не е под нивна)

Зашто до пред некоја година (за сега не знам, не сум патувал 4-5 години) низ цела западна Европа, во секоја хотелска соба во фиока стоеше по еден Нов Завет (на англиски, но мислам и на француски или германски). Во чие име односно кој ги има оставено таму, со чие знаење (освен хотелските службеници, дали со амин на централна влада и црква, локални власти или е тет а тет помеѓу хотелските менаџери и некоја црква) и под чија јурисдикција е истото?
 
Член од
1 мај 2010
Мислења
128
Поени од реакции
4
Прашања до православните христијани:
Зошто правите икони и се молите на нив кога Исус никаде не спомнал такво нешто да правите ?
Зошто се молите на Марија и ја третирате како божица ако според вас само Исус е Богот ?
И зошто секој ден славите светци а не го славите само Бога ?
Поздрав и фала
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. Правиме икони, оти иконите се „..прозорец кон духовниот свет...„. Седмито вселенски Собор расчисити со вистината дека иконите не се идолопоклонички предмети. Исус навистина никаде не споменал дека треба да цртаме икони, но првата икона која е изработена, тоа е отисокот со ликот Христов, кој (лик) е лично Исусово дело.

2. Мајката Божја, Богородица, не е божица, туку мајка на нашиот Богочовек и Богородица, заедно со сите Светии, е наш застапник пред нејзиниот Син, преку нејзините молитви, упатени до Христа, за спас на сите верни.

3. Црквата речиси за секој ден има празник посветен на некој од Светиите, точно, но има и денови кои се посветени и на нашиот Господ Исус Христос. Тие денови т.е. празници, служат за наше сеќавање и наше молитвено обраќање кон ликовите, на кои денот им е посветен.

Молам.

--- надополнето ---

До христијаните, не знам под чија надлежност па не знам ни до кои точно христијани (освен православните пошто сигурно знам дека не е под нивна)

Зашто до пред некоја година (за сега не знам, не сум патувал 4-5 години) низ цела западна Европа, во секоја хотелска соба во фиока стоеше по еден Нов Завет (на англиски, но мислам и на француски или германски). Во чие име односно кој ги има оставено таму, со чие знаење (освен хотелските службеници, дали со амин на централна влада и црква, локални власти или е тет а тет помеѓу хотелските менаџери и некоја црква) и под чија јурисдикција е истото?
Да, има таква пракса на оставање по еден примерок не само од Новиот Завет, туку од целото Свето Писмо по хотелите. Тоа е, колку знам, повеќе пракса во земјите кои имаат изразена простестантска вероисповест. Кај римоктаолиците, тоа не ќе е масовна пракса.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom