Е ајде де, еве неколку, немој после да ми кажеш дека не сум прашал:
1. Зашто протестантите го земаат принципот „сола скриптура„ како средство за (само)оправдување?
2. Зашто го користат принципот „сола скриптура„ кога Писмото никаде не вели дека е доволно за влез во Рајот?
3. Зашто го користат принципот „сола скриптура„, кога историјата никаде не покажува таква пракса (се до германскиот протестантизам)?
4. Кој прв го воведе прицнипот „сола скриптура„?
5. Зашто протестантите себе си се сметаат за „спасени„ и за „свети„ кога самите сеуште се смтрни?
6. Зашто и од каде се протестаните сигурни во нивното толкување на Писмото, кога и на почетник, кој прв пат го чита Писмото, му е совршен јасно дека во Писмото, речиси се е непознаница, и останува непознаница, без помош „од страна„?
Ај, ќе продолжам подоцна...
Е ајде де,..... Еве го одговорот, така да немој да велиш дека не сум ти одговорил:
1.Затоа што Библијата е единсвената Божја објава до луѓето, но не за само - оправдување, бидејќи ( за разлика од Православците) вистинските Христијани не се само – оправдуваат, туку се оправдани преку жртвата Христова направена на Голгота.!
„... но сега, во Христа Исуса, вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку крвта Христова.“ (Ефесјаните 2:13)
2. Па Писмото никаде не вели дека е влез за во рајот, но напротив го покажува патот и вратата за влез во рајот, кој што е Исус Христос. Значи без тој патоказ луѓето не можат да го пронајдат ниту патот, ниту вратата за влез во рајот. (ниедно житие или традиција нема да ги донесе до Исус, кој што е вратата за во рајот).
„Но ти остани во тоа, што си го научил, бидејќи како мал уште ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. Целото Писмо е од Бога двахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен за секое добро дело. “
(2 Тимотеј 3 глава)
3.Од каде толку сигурен дека историјата не покажува таква пракса? Според тебе произлегува дека Библијата започнува да секористи од Реформацијата па наваму.
Во сите периоди на Христијанството постоеле верни луѓе на кои што Библијата им бил единствениот авторитет и ништо повеќе (но за жал биле ретки и малку – бројни, за разлика од тие на кои не им била воопшто потребна, вообразувајќи си дека на сон ќе им се сони патот за во рајот).
4. Исус Христос и апостолите. Тие беа кои што секогаш кога зборуваа, како доказ на она што го тврдеа и поучуваа, цитираа :„ ПИШАНО Е“ !!!
„Сето тоа е пишано од Господа, велеше Давид...“ (1 Летописи 28:19)
5. Затоа што на сите кои поверуваа во крвта Христова пролеана на Голгота, им се загарантира оправдание и спасение, единствено преку таа крв, пролеана за нив, но и за сите луѓе кои што ќе ја прифатат таа жртва.
Бидејќи овие стихови кои што вие како православци не сакате да ги читате, ни даваат сигурност во нашето спасение, да веруваме дека сме спасени и дека сме чеда Божји:
„И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исуса Христа и живеат не по телото, а по Духот, бидејќи Законот на Духот, кој дава живот во Христа Исуса, ме ослободи од законот на гревот и на смртта.....
Самиот Дух му сведочи на нашиот дух, дека ние сме чеда Божји. А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме.
(Римјаните 8 глава)
„Но што вели Писмото: “Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце”, односно словото на верата, што го проповедаме,оти,
ако со устата Го исповедаш Господа Исуса и со срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш; бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.
Пак и Писмото вели:
“Секој, кој верува во Него, нема да се посрами”.
(Римјаните 10:8-11)
Тоа ние и го правиме. Тоа е и гаранцијата за нашето верување и за нашето спасение!!!
6.Светото Писмо е дадено за секој да може да го разбере без ничија помош, од Пастир до Научник. А тоа што на некого Бог им ги затворил очите да не гледаат и ушите да не слушаат? ...тое е проречено и во самото Свето Писмо, поточно во книгата на пророкот (Исаија 6:9)
Помошта од страна за вистинските Христијани не е исповедникот, туку Светиот Дух, кој им ја открива Вистината, на тие кои ја бараат и кои се жедни за Вистината. Додека на тие кои што не ја бараат вистината, умот им го замајува да веруваат во Бајки и Приказни за мали деца.
Зашто јас не се срамувам од Евангелието на Христа, бидејќи тоа е сила Божја за спасението на секој што верува, прво на Јудеец, а потоа на Елин. Бидејќи во него се открива правдата Божја од вера во вера, како што е напишано: "Праведникот преку верата ќе живее".
(Римјаните 1 глава)
„Но ти остани во тоа, што си го научил, бидејќи како мал уште ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. Целото Писмо е од Бога двахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен за секое добро дело.“
(2 Тимотеј 3 глава)
Значи целото Свето Писмо е бого-вдахновено и доволно за Божјиот човек да биде совршен за секое добро дело, без помош од страна на друг човек (духовник).
Ако Бог ти отворил ќе ти биде отворено, но ако Бог ти затворил ќе ти биде затворено, како што и на вас ви е затворено , бидејќи ниту вашите духовници сакаат да влезат, па ниту на вас ви даваат да влезете. Ве држат замајани во суеверие, страв, и лага.
„Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затварате царсвото небесно пред луѓето; оти, нити влегувате вие, ниту ги пуштате да влезат оние, што сакаат да влезат.“
(Матеј 23:13)
Зарем ова не е за вас и за вашите попови проречено????
Со почит, Госпел.