Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Jona mnogu saka da prasuva a kolku saka da odgovara....? Ke pocnam i jas da prasuvam,belkim ke doznae sto e dilema i za sto treba da postavuva prasanja. Uste edno;
Bilo koj Hristijanin ako prasas ke ti kaze deka Isus bil seznaen te. deka Isus bil Bog a Bog e se'znaen.
Mi padna napamet edna slucka vo Marko 11:12-1....
Naime,Isus (a.s) bil gladen (gladen bog?) od daleku zdoglednuva edno drvo (smokvi) i od srekja (srekniot bog(?)) pocnal da trca kon drvoto,kako bi kasnal nekoja smokva,no koga stignal,se iznenadil (iznenadeniot bog (?)) oti na drvoto nemalo smokvi te. nebilo sezona za smokvi,vo toa godisno vreme smokvi ne rastele.... (seznaen bog?).

Marko 11:12-13
12 Утредента, кога излегуваа од Бетанија, Исус огладне.
13 Од далечина забележа една разлистена смоква крај патот и се упати кон неа да види дали има плодови. Кога дојде, не најде плодови, туку само лисје, зашто сe уште не беше време за смокви.
 
Член од
12 февруари 2011
Мислења
33
Поени од реакции
23
Кога телото ќе умре, веруваш ли дека и душата умира?
Не знам ни дали имаме душа. Од кај знаеш ти дека имаме душа? Претходно пишав дека верувам за само да видам што ќе ме прашаш.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Наслов на филмот:
Good The Bad And The Ugly

Режија:
Sergio Leone

Главни улоги:
Clint Eastwood - The Good
Lee van Cleev - The Ugly and
Aldo Giuffre - The Bad
Благодарим, што би рекол Жика во неговата династија. :)

А сега малце сериозност и повторно да се навратиме на моето прашање:
- Кого следат христијаните, Исус или Павле?

Мало надоврзување:

Божјиот закон во небесната светиња е возвишен оригинал чијшто верен препис биле заповедите напишани на камените плочи и запишани во Мојсеевото Петокнижие. Оние што ја сфатиле оваа важна точка, исто така ја согледале и светоста и непроменливоста на Божјиот закон. Како никогаш дотогаш, ја запознале и силата на зборовите на Спасителот:

“Додека постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè” (Исус во: Матеј 5:18).

Бидејќи Божјиот закон претставува откровение на Неговата волја и израз на Неговиот карактер, мора засекогаш да остане “како верен сведок на небото.” Ниедна заповед никогаш не е укината. Не е изменета ниту една негова буква, ниту една цртичка. Псалмистот вели:

“О, Господи, Твојот Збор останува довека, постојан како небесата.” “ Сите Негови заповеди се постојани, утврдени за сите времиња, довека” (Псалм 119:89; 111:7, 8) .

Павле(оној Лошиот од филмот на Серџо Леоне) не само што го уништил учењето на Исус, туку и направил напор да ја уништи книгата на Законот (10-те Божји заповеди). Тој напишал целосна изменета интерпретација на Стариот Завет. Тој обвинил дека книгата на Законот била непријателска за луѓето, како клетва против нив, со што ги терал да грешат:

„А сите оние што се од делата на Законот, под клетва се. Оти е напишано: ‚Проклет да е секој, кој не исполнува постојано сè што е напишано во книгата на Законот!‘“
(Павле до Галатјаните, 3: 10 )

„Но Писмото сите ги зтвори во грев.“
(Павле до Галатјаните, 3: 22 )

„А со учењето Свое – Законот на заповедите го обессили.“
(Павле до Ефесјаните, 2: 15)

Да се потсетиме што рекол Исус:

„Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги дополнам. Зашто, вистина ви велам, дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè. И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно. Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжинците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно.“
(Матеј, 5: 17 - 20)

И уште еднаш прашувам:
- Кого следат христијаните, Исус или Павле?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Христијаните - меѓу кои спаѓа и Павле - го следат Исус. Чудно како упатените христијани не гледаат никаква противречност меѓу Исус и Павле, а само муслиманите го гледаат тоа - со елементарно непознавање на цитатите кои ги цитираат од Библијата.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775

Католичката Црква има своја теологија со која научно ја тврди вистината за верата во Троединиот Бог. Прифаќањето на оваа теолгија и верувањето на она што го проповеда Католичката црква те прави верник - христијанин член на општеството Христово преку Католичката Црква. Толкувањето на верските вистини е единствено можно само од Црквата. Секое толкување на вистината надвор од Црквата доведува до хереза, односно до искривено претставување на верата во Исус Христос и на се што проповедува Католичката Црква.
Своеволното толкување на посланијата на свети Павле и искривувањето на неговата порака, исто е хереза, - она што го правиш ти. За да го разбереш посланието на свети Павле прво треба да поверуваш во Троединиот Бог, Отец и Син и Светиот Дух, а потоа Светиот Дух ќе ти даде разум и ќе ти ги отвори очите и срцето за правилно да го видиш она што свети Павле го работи.
Животот на свети Павле е променет откако имал средба, се сретнал со воскреснатиот Христос Бог, Исус Единородниот Син Божји, и од тој момент, Духот на воскреснатиот Христос живее во свети Павле. Павле повеќе не живее, туку Христос живее во Павле.

За повеќе информации ти испраќам линк од Катехизмот на Католичката Црква, каде можеш да го научиш вистинското послание што го имал свети Павле добиено од Господ Исус Христос, Синот Божји, и како свети Павле, со силата на Светиот Дух, го врши.

Катехизам на Католичката црква: http://www.hbk.hr/katekizam/

Се што е спротивно на учењето на Католичката Црква претставува хереза, тоа е случај и со твојот пост, кој нема врска со вистинската наука за Исус Христос, туку напротив во тој пост имаме искривено и невистинито претставување на фактите поради субјективниот однос на постирачот, посебно кога тоа го прави од провокативни намери, а не добронамерно за да се запознае со науката на Христовата Црква.

Прочитај го Катехизисот и за секоја нејасна работа може да дискутираме. Вака со провокации нема да стигнеш никаде, ќе останеш таму каде си.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Ова ми е муабетот: Зошто бараш одговор на научни прашања тука? Имаш форум Наука. Таму е вистинското место.

Тука, друже Лурц, ќе добиеш одговори на конкретната тема: атеизам. Прашањата би требало да ти се движат околу божества и богови. Тоа е. Нема зошто да ги прашуваш атеистите за нуклеарна физика, филологија, биологија или мајчин јазик, а уште помалку креационизам и неговите тврдења, пошто тој муабет ќе не' тргне пак по истиот пат како во Креационизам наспроти Еволуција.
Мммм, зашто...затоа што на голем број прашања за верите, одговорите ги споредувате со научни сознанија, теории и наводни докази (од постанок=биг бенг, создавање на човекот према научните теории за абиогенеза, фосили и слични споредби). Секој одговор од учените во верата ги споредувате со оние сознанија досега од егзактните науки. Ради тоа, сами ги споменувате овие науки во спорење во темава па претпоставувам дека имате повеќе сознанија за истите :)

Koga gi stvori Bog Adam i Eva dali bea bebinja ili se stvoreni na druga vozrast.
I dali se stvoreni kako so magicno stapce.
Ako ne kako se stvoreni i zosto rebroto mu trebalo na Bog ?
Едно време гледав многу нелогичности на многу есенцијални нешта од Библијата, но како иде време...ако направиме споредба со досегашните експерименти, сознанија, теории вон теологијата може ли да најдеме некои сличности
На пример создавање на светот од ништо=биг бенг, макроеволуција (светлина, материја, создавање на други хем. елементи, развој на вселената по стадиуми) =делови од Генезисот (генерално) одделување на светлина, небо воздух..., создавање на живиот свет=абиогенезата и еволуција, зачетокот на Ева од ребро=генетика...? Можда звучи налудничаво, но како оди време се повеќе сознанија потврдуваат делови од Библијата, барем имам такво претчуство. Не до збор и не до кој што и кому рекол, него во глобала. Мислам ме сфаќаш на што мислам....науката не е во борба со религиите.

Aleksandar1987 напиша:
Прави разлика на следново :
Православни и Католици се исто, Римокатолици се оние на кој Папата му е главен, а Протестанти се оние кој се одделиле од Римокатолиците.
Уште еднаш прави Разлика помегу припадниците на верите, зошто јас сум Православен и Православниот е Католик, додека Православен - Католик се разликува од Римокатолик, издвојувајќи ја Верата од Католик башка од Православен ме навредуваш мене што се чуствувам Православен.
Овде ќе цитирам пошто другата тема не е за муабети.
Александар -православните народи не се католици или римокатолици. Православните руси, украинци, бугари, срби, грци, ...да не ги редам, се православни.
Постоеле во минатото обиди и примери за унијатство (православни верници под раководство на Ватикан и католиците), но тоа се исклучоци заради одредени потешкотии, а не правила. Барем колку што ми е познато.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако бог е добар, зошто им го забранил на луѓето сознанието за добро и зло?
1. Да, „...само Еден Е добар...„
2. Бог им забрани на Адама и Ева да јадат од дотичното дрво, преку кои тие би стекнале способност да разликуваат добро од зло, затоа што Адам и Ева се создадени (неродени) со телесна возраст од наши 20-ти години, со Божја промисла да не стареат, но духовно гледано Адам и Ева допрва требало да растат, постепено, онака како Бог постепено би им предавал дел од Неговите знаења на првите луѓе. така, во тој духовен раст, кога Адам и Ева би достигнале одреден степен на духовна дораснатост, во тој степен, Бог промислил да им го открие и знаењето за разликување на доброто од злото.

Евината грешка е во тоа, што наместо да покаже трпение во својот духовен раст, Ева сака да знае „пред време„, т.е. пред да биде духовно способна да го прими предвиденото Божјо знаење и дури тогаш да стекне способност за распознавање на доброто од злото.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Овде ќе цитирам пошто другата тема не е за муабети.
Александар -православните народи не се католици или римокатолици. Православните руси, украинци, бугари, срби, грци, ...да не ги редам, се православни.
Постоеле во минатото обиди и примери за унијатство (православни верници под раководство на Ватикан и католиците), но тоа се исклучоци заради одредени потешкотии, а не правила. Барем колку што ми е познато.
Ќе се надоврзам на оваа дискусија. Имено, правосалвието, католицизмот и протестантизмот НЕ СЕ ВЕРИ. Сите овие до одреден период во историјата на Христовата Црква биле една Црква, некаде до средината на 11 век. Така корените и верувањето на сите потекнува од апостолите. По шизмата од средината на 11 век, христијаните од запад се под водство на епискотпот на Рим, а христијаните од исток имаат нешто како екуменат со вселенскиот патријарх од Константинопол. Протестантизмот се појавува во 16 век во Германија под водство на свештеникот Мартин Лутер. Католичката и Православната Црква имаат истоверување и исти догми. Разликата е во организацијата на црковните општини и правата и одговорностите што ги имаат презвитерите и епископите. Инаку зборот „католик“ е доста објаснуван, така да и Православната Црква општо може да се каже дека е католичка - универзална - космичка.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Католичката Црква има своја теологија со која научно ја тврди вистината за верата во Троединиот Бог.
?????

Како ќе докажеш „научно„ дека Бог Е Троедин?
Во која лабораторија?
Каква врска имаат верата и науката?
Како науката може да ја докаже верата?
Како верата може да ја докаже науката?
И тн....
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Ke saka li nekoj mene da mi odgovori ? Po tret pat go postavuvam prasanjeto,mozno li e da e nevidlivo ?
Jas imam edno prosto prasanje.
Me interesira kako se gledase na "trojstvoto" koga Isus bese fetus vo majcinata utroba ? S.Dvojstvo i bog fetus ?
Ili,primer,koga bese mrtov na tri dena ? S.Dvojstvo i mrtov bog ? (neuzubillah).
Ili koga bese bebe ? S. Dvojstvo i bog bebe ?
 
Мислиш ли дека само математиката, физиката, астрономијата се науки? Филозофијата не е наука?
Ќе ти го проширам знаењето: Теологијата е наука.
Повеќе за тоа на овој линк:
Катехизам на Католичката црква: http://www.hbk.hr/katekizam/
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ke saka li nekoj mene da mi odgovori ? Po tret pat go postavuvam prasanjeto,mozno li e da e nevidlivo ?
Jas imam edno prosto prasanje.
Me interesira kako se gledase na "trojstvoto" koga Isus bese fetus vo majcinata utroba ? S.Dvojstvo i bog fetus ?
Ili,primer,koga bese mrtov na tri dena ? S.Dvojstvo i mrtov bog ? (neuzubillah).
Ili koga bese bebe ? S. Dvojstvo i bog bebe ?
На оваа тема, друже, никој нема да ти го одговори ова прашање, пошто е многу зае*ано за одговарање. Тоа ти е исто како некој да те праша „Знаат ли твоите дека си педер“.

Што ќе му кажеш? :)

Се зезам, ја по трет пат ти го читам прашањево (+ си го запишав, за секој случај) и мислам дека е ептен, ептен интересно. А стварно е волшебно како успеваат да изманеврираат околу него... сигурно им боде очи, ама не држи г'з да му се пријде никако...

Ако не ти, ја ќе го поставам по 4-ти пат, кај и да е...

--- надополнето ---

Христијаните - меѓу кои спаѓа и Павле - го следат Исус. Чудно како упатените христијани не гледаат никаква противречност меѓу Исус и Павле, а само муслиманите го гледаат тоа - со елементарно непознавање на цитатите кои ги цитираат од Библијата.
Све салто до салто...

Ако е Библијата буквално писмо од бога, и се' во неа е вистинито и конечно, како е можно да и треба толкување, па уште повеќе, како е можно да постои човек што може да толкува од-бога-дадено четиво?!?!

Книгата е напишана, нели, да ја чита секој човек... или не е? Да не треба некој дозвола да добие за да ја толкува?

Од кого? Од Бога?

Јас веќе пар години го посетувам овој под-форум и сум запрепастен од тоа колку некои „верници“ абер немаат од тоа што пишува во Книгата, ниту од христијанското учење. Запрепастен сум и од тоа колку различни толкувања има меѓу Чорбаџи, Мики, Јоан, оној Аце кој е ептен хит у последно време, а за Спирос, па, да не праиме муабет. Сите гласно викате дека сте христијани, а ми се чини дека ќе си искубете коси ако се начекате на улица.

Свашта!

...и све нешто „ти незнаеш“ , „не се толкува така - овака се толкува“
 
O

Orion.

Гостин
Дали Господ убива? Господ не може да убие. Бог го создаде човекот од материја и му даде животворен дух, го направи жив. По одредено време на Земјата Бог го повикува Духот кој му го дал на човекот и Духот се враќа кај својот создател. Сите, АПСОЛУТНО СИТЕ луѓе, кои живееле во историјата на човештвото, еден ден умреле, некој на ваков начин, друг на онаков, но сите умреле. Умреле затоа што Бог го зел нивниот дух кај себе. По ова излегува дека Бог убил многу повеќе луѓе, апсолутно повеќе, односно сите луѓе кои живееле на оваа планета, освен сега оние кои се живи. Но тие луѓе не се мртви, туку живи на Оној свет.

Фреската со која докажуваш дека Адам и Ева имале папок, односно биле родени преку папочна врска од жена, е неразумен доказ. Ова се фрески нацртани од Микеланџело, или пак беа од Леонардо да Винчи? Од каде тој да знаел како изгледаат Адам и Ева, па да ги нацрта? тоа е само негова ПРЕТСТАВА на првите луѓе. тУКА НЕМА НИКАКОВ ДОКАЗ дека Адам и Ева биле родени од жена.

п.с. И ѓаволот се црта со рогови и опашка, со трозабец во раката и козји нозе. Но дали во стварноста е таков?
Болдираната реченица ти е контрадикторна со самоубиството
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Сите гласно викате дека сте христијани, а ми се чини дека ќе си искубете коси ако се начекате на улица.
Eve eden test kako ke odgovorat:
1.Jakov bil Isusov roden brat koj go rodila devica Marija. (Ako si protestant ova e vasiot izbor)

2.Jakov e eden od Josipovite deca,od poranesniot brak.
(Ako si pravoslaven,ova e praviot izbor)

3.Jakov bil Isusov Bratuced.
(Ako si katolik,etejti go tvojot izbor)

4.Jakov bil radikalen vodic na Evrejskata sekta,kako sto bile Eseni i Nazareni,civa biografija e pokradena i raskomadena vo naj malku dve personi - "svetiot" kompanjon na "bogocovekot" i Erusalimskiot "biskup"

(Ako si racionalna osoba,koja raz,misluva so svojata glava,mozda ke se slozite so ova)

--- надополнето ---

Na istava tema postaviv i edno drugo prasanje vo vrska so pavle.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?52848-Прашања-за-Христијанството-II/page56

Imam jas mnogu prasanja.... jas mozebi ne sum zadovolil na nikogo so odgovorite,koga prasuvate za "terorizmot" (edinstveno sto znaete okolu Islamot da prasate),,,, no vo sekoj slucaj,ne sum ostavil nitu eden post da ne se potrudam da odgovoram,nitu jas nitu pak ostanatite bratcinja tuka.
Kako mozete da gi prefrlite prasanjata,svesni deka nemate odgovor... voopsto ne ve maci toa ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom